Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитар Ковачевски не знае кога ќе се објави протоколот

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека без согласност на двете страни, и на Скопје и на Софија, не може да се случи никаква промена во однос на ниту една од точките во протоколот.

Ковачевски не кажа дали имал увид во документот, ниту дали воопшто има усогласен протокол, само истакна дека се работи на база на реципроцитет.

– Ние инсистираме на тоа. Тоа значи дека обврските или задачите кои ќе си ги поставиме ние и Бугарија како две држави, билатерално, тие важат и за двете страни. Никој нема мандат да прифаќа еднострани барања ниту пак може да дејствува по нив. Реципроцитетот како принцип е основа за сѐ што се работи, рече Ковачевски.

Тој вели дека протоколот е всушност записник од состанок меѓу министерствата за надворешни работи, билатерален документ кој не ја условува преговарачката рамка.

Тој додаде дека јавноста треба да е сигурна дека во сите делови од процесот се водат од државните интереси, ја почитуваат Резолуцијата на Собранието, се грижат за нашиот идентитет и македонски јазик да се заштитени и зачувани.

Jumbo 2