Четири месеци затвор за Цуфи Кока, пиштолџијата кои испука куршум и мавташе со оружје кон демонстрантите за време на протестите против францускиот предлог. За пукањето кај Скендер бег доби казна под минималната.
Неофицијално, најверојатно се работи за признавање на вината. Обвинителството најави дека ќе се жали на висината на казната, откако до него ќе стигне писмена пресуда.
Цуфи Кока беше гонет за предизвикување општа опасност, дело во кое е предвидена казна од една до пет години.













