Ова што се случува со Трамп е врвот на ледениот брег. Ние го години се соочуваме со преземање на одредени дејствија кои во темел го уриваат светскиот правен поредок, рече Мерсел Бињали, универзитетски професор, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ во врска со предизвиците со кои се соочува светот по преземањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД.
„Се сеќаваме, Јужна Осетија. Таа беше окупирана практично од Русија. И сите молчеа оти гасот беше важен. Меркел тогаш ништо не кажа за тоа. И тоа се заташка. Потоа доаѓа Абхазија, како дел од Грузија. Исто се одвои и сега функционира како самостојна држава, непризната од многу држави од светската заедница. Значи, Европската Унија си молчеше поради Северен тек 1 и Северен тек 2, интерес за цената на гасот, на нафтата. И што се случи? – Се окупира Крим. Кога се окупира Крим, тогаш веќе беше некој аларм, но сепак се заташка. И сега, крајно, се случи руската инвазија, за светот да се отрезни, но веќе е многу доцна“, потсетува Билали.
Според него, светскиот поредок дефинитивно е урнат.
„Не верувам дека постои сила која ќе го обнови ваквиот светски поредок. Туку претпоставувам дека во догледно време, Трамп по четири години ќе нема право да се кандидира, светот ќе види дека не може тоа да функционира. И ќе се вратиме во 17-18 век кога се функционирало без меѓународни механизми, како Парискиот Конгрес, Виенскот Конгрес, Берлинскиот Конгрес, кога се цртале мапи и големите сили си кажувале овој дел припаѓа на оваа држава и завршува приказната“, смета Биљали.













