Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши: ДУИ е демократска компанија

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот Крешник Бектеши кој е член на ДУИ на новинарско прашање на Телма за тоа дали Груби ќе биде во партиските структури беше изнервиран и тврдеше дека не се знае ништо. Бектеши рече дека се ќе се знае за неколку часа на централното претседателството на ДУИ закажано за денеска.

Одговарајќи направи и гаф па ДУИ наместо партија ја нарече компанија бидејќи претходно одговараше на прашања за енергетските компании во државата.

-Дуи е демократска компанија. Во ДУИ се гласа и се дебатира. Ни јас не знам дали ќе бидам и за што ќе бидам избран, рече Бектеши.

Централното партиско претседателство се организира по бунтот на ткнр. огнена група предводена од старите кадри, а според информациите, разликите се испеглани, функциите се поделени додека за Артан Груби информациите се дека нема да биде во партиските тела.

„Огнените“ се договорија со ДУИ – Меџити предложен за потпретседател, а Џафери за претседател на надзорен одбор

По денешната консултативна средба во ДУИ на „огнените“ им се предложени партиски функции – Изет Меџити е предложен за потпретседател а Муса Џафери за претседател на надзорен одбор. Артан Груби го нема во тесното партиско раководство На вечерашната консултативна средба во партиското седиште во Мала Речица што ја свика Али Ахмети усогласено е дека  групата… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2