Шест години ќе ја контролира работата од внатре на агенцијата за национална безбедност. Доаѓа од редовите на вработените, на предлог на новиот директор Зарко Милошевски, а доби мнозинство и во Комисијата за надзор на работата на АНБ. Миле Костов по 20 месеци ја пополнува оваа функција во АНБ. Дипломиран правник со 28 годишно искуство во полето на антитероризмот.
Милошевски, предлогот го бранеше зад затворени врати затоа што систематизацијата на агенцијата е државна тајна. Остануваат отворени дилемите дали Миле Костов има спроведено полиграфско тестирање, што е основен услов за оваа позиција. А, уште поспорно во неговиот избор што тој има 11 месеци до пензија што пак според законот треба да биде по автоматизам префрелен на друга позиција. Но, Милошевски успеал да ги убеди пратениците откако тоа не му успеа на претходниот директор Виктор Димовски, на оваа позизција да застане Златко Николовски.
Кадрите на Милошевски ескрпесно добиваат унапредување откако тој постави двајца негови соработници од Секторот за меѓународна соработка на раководни позции, а беа опфатени со дисциплинската постапка за скандалот со „еквестријан“ јавачот од Украина Олександар Онишченко.
Телма и офцијално се обрати, но се уште нема одговор до каде е дисциплинската постапка, но и извештајот за пропустите при издавањето на државјанство на контроверзниот коњички ентизијаст.
По повеќе од 50 дена Милошевски и денеска во Собранието ги избегна медиумите, а неговите одговори за овој случај ги очекуваат и претседателот и премиерот. Дека има пропусти констатираше и собраниската комисија за надзор, но заради класифицираните информации и ограничените надлежности на комисијата, разврската остана на отчетот даден од Милошевски.
Павле Беловски













