Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера попладнето околу 16 и 30 часот го лишиле од слобода В.А.(36) од Република Албанија.
Кај него била пронајдена патна исправа на друг македонски државјанин.
Лицето било задржано во Полициската станица Кисела Вода.
Во моментов се работи на целосно документирање на случајот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.













