Статистика објави дека, минатиот месец инфлацијата изнесувала 11, 3 отсто и е незначително пониска од онаа во април. Најголемо поскапување во однос на мај лани е регистрирано кај храната безалкохолните пијалоци, кај домувањето, водата, мебелот, покуќнината. Во однос на претходниот месец пак трошоците на живот се зголемени за 0, 4 отсто. Народната банка пак изминатиот период во неколку наврати ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи како механизам за ублажување на притисоците од растот на инфлацијата. И од таму потенцираа дека ако има потреба ќе се воведат и други мерки и дека состојбата се следи. Пред извесно време и од Владата соопштија дека за јуни очекуваат податоците да покажат едноцифрена инфлација односно се надеваат дека таа ќе биде под 10 проценти.












