Васко Стефанов ќе биде нов директор на АД ЕСМ по повлекувањето на Васко Ковачевски, дознава Телма.
Стефанов стана директор на „Македонска Пошта“ по разрешување на Јани Макрадули, а бил директор и на Водостопанство.
Досегашниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, уште пред една година ја депонираше својата оставка до премиерот, но истата дури сега му е прифатена.
Ковачевски пред 15 дена за Телма на првите информации за негова смена ни испрати одговор со порака дека нема никаква смена во ЕСМ.
За неговите резултати во ЕСМ, но и активности на компанијата во енергетската криза повеќе детали во наредниот текст.

Повеќе извори на Телма тврдат дека деновиве ќе се реализира смена на генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски кого на највисоката позиција во Државните електрани би го сменил Васко Стефанов, директор во Пошти и поранешен директор на АД Водостопанство. Изворите на Телма од ЕСМ, смена ќе има и на директорската позиција за производство на електрична… Продолжи со читање












