Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови цени на горивата

/

Економија

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69%.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло  за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Стари цениНови цени 
 Од 10.02.2026Од 17.02.2026 
    
Дериватден/литден/лит 
    
ЕУРОСУПЕР БС  – 9572,0073,00 
ЕУРОСУПЕР БС  – 9874,0075,00 
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V)68,0068,00 
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1)67,0067,00 
БИОДИЗЕЛ Б6 БС69,0069,00 
    
МЕТАН60,50 ден/кг60,50 ден/кг 
АВТОПЛИН48,00 ден/кг48,00 ден/кг 
МАЗУТ33,650 ден/кг33,883 ден/кг