Синдикатот на УПОЗ денеска на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Средбата доаѓа откако премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.
Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.
Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.
За покачувањето на минималната плата пак и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, Мицкоски рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.
-Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата, изјави премиерот.

Сè поизвесно е дека функционерите и годинава ќе добијат повисоки плати. На прашање на Телма дали и сега ќе се направи надолна корекција на коефициентите за да нема скок, од Владата стигна одговор дека годинава усогласувањето на нивните примања ќе биде согласно законите одредби и стандардот. „По минатогодишната одлука за стопирање на растот на платите,… Продолжи со читање












