Култура Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/kultura/ Sun, 28 Apr 2024 15:05:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Култура Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/kultura/ 32 32 Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста https://telma.com.mk/2024/04/28/bojadhievska-dubravka-ugreshik-ne-mozheshe-da-ja-podnese-brutalnata-komerczijalizaczija-na-umetnosta/ Sun, 28 Apr 2024 14:24:24 +0000 https://telma.com.mk/?p=193800

Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната...

The post Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста appeared first on telma.com.mk.

]]>

Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната култура според неа не се содржи во канонизирањето, во монументалноста, туку дека вистинското места на културата, на литературата е во илегала, во андерграундот. И особено е ова важно, сега кога повеќе ја нема Дубравка Угрешиќ, забележа Петар Милат.

„Главниот аспект на изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ како што кажува и самата таа е една археологија на нашето минато. Е сега тоа не е носталгична археологија, тоа не е едно подобро минато, туку археологија која се обидува да го еманципира минатото. Зошто е тоа така? – За повторно да ја создадеме иднината, да ја креираме иднината. Дубравка Угрешиќ која е родена во 1949 во Кутина, во Хрватска, во поранешна Југославија, која растеше во 50-те години во социјализмот и тоа е во еден дел и наслов на оваа изложба „Црвеното училиште“, училиште на социјалистичкото растење Дубравка вели „Кога јас растев, мојата генерација, сè уште верувавме дека постои иднина, а денес повеќе никој не верува во тоа“, изјави Петар Милат од Мултимедијален институт Загреб.

Потфатот на Дубравка Угрешиќ е прустовски и ако Пруст успеа загубеното време да го дофати преку шолјата чај и целиот универзум и таа успеа да го свитка времето од неговата ужасна линеарност. Низ изложбата ќе видиме како девојчето стана уметница и го оствари својот просветителски сон, забележа професор Бојаџиевска.

„Не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација во уметноста, не можеше да поднесе никаков конформизам, а најмалку овој кој го сведочиме, современиот во кој визуелните уметници и книжевната уметност котираат на пазарот како познати личности и прибегнуваат кон самобеатификација, самодивинизација како што вели таа во еден од стотиците брилијантни есеи“, изјава проф. д-р Маја Бојаџиевска.

За Угрешиќ беше важно во рамките на оваа изложба КСП Центар – Јадро во Скопје да бидат интегрален дел и македонските изданија на нејзините четири книги: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Каталог од изложбата Црвеното училиште, фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која на некој начин е нејзин своевиден тестамент „Нарилник за вештерки“ кои воедно ќе бидат промовирани на 9 мај, а чии преведувачи се Владимр Јанковски и Алек Кузмановски.

Нина Стефанова

The post Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста appeared first on telma.com.mk.

]]>
Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало https://telma.com.mk/2024/04/27/izvadoczi-od-negovi-drami-muzika-na-leb-i-sol-razlichni-generaczii-na-rodendenot-na-goran-stefanovski-vo-debar-maalo/ Sat, 27 Apr 2024 14:30:28 +0000 https://telma.com.mk/?p=193561

Различни генерации на едно место во неговото Дебар маало, пред муралот„Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје!“, низ извадоци од неговите драми, музиката на „Леб и сол“. Голем број граѓани се собраа да го прослават роденденот на великанот на македонската драмска уметност Горан Стефановски. „Јас верувам...

The post Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало appeared first on telma.com.mk.

]]>

Различни генерации на едно место во неговото Дебар маало, пред муралот„Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје!“, низ извадоци од неговите драми, музиката на „Леб и сол“. Голем број граѓани се собраа да го прослават роденденот на великанот на македонската драмска уметност Горан Стефановски.

„Јас верувам дека како што велеше татко ми приказната на еден народ е културата. На тој начин ние ја кажуваме нашата приказна и доколку нема нови генерации на нови млади уметници, писатели ние ќе ја изгубиме нашата приказна. Тоа не смее да се случи“, вели Игор Стефановски, син на Горан Стефановски.

Речиси секој драмски текст на Горан  Стефановски совршено ја отсликува во различни периоди реалноста која ја живееме.

„Има многу реплики, ама има една во „Одисеј“ што сега ја спомнав во едно интервју тоа е „Дома е таму каде што боли“. И тоа е нешто што јас го чувствувам бидејќи иако се вратив да живеам повторно во Македонија од Англија, па пак си заминав, секое врќање ми е и убаво и слатко-кисело, затоа што се што ќе видам, а ми пречи буквално ме боли. Дома е таму каде што ти е убаво да, ама таму каде што навистина боли да!“, порача Стефановски.

„Јас ја имав таа среќа да ја започнам кариерата со Горан Стефановски. Играв во Хај Фај. Ми беше прва претстава како вработена во Драмски театар, 1983 година беше таа претстава. Многу бев среќна што бев современик, што растев уметнички, театарски, меѓу другите великани и со Горан Стефановски“, изјави актерката Катерина Коцевска. 

Во рамки на чествувањето беше промовирана и книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф. д-р Додовски.

Во изведба на бендот „Сешн селекшн“, по текстови на Горан Стефановски. беа изведени култните песни на „Леб и сол“.

„Имаат тежина, одличен фазон и градски урбан шмек. Што мене ми е особено драго, го имаат шармот на Југославија и ја чувствувам силата и сфаќам зошто биле голем бенд“, изјави музичарот Владимир Поп Христов.

Во меѓувреме универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на предлог на Ректорската управа, донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија.

Драмски театар, на денот на роденденот на Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс. Во чест на роденденот на Горан Стефановски, вечерва во албанскиот театар ќе игра „Диво Месо“ во режија на Мартин Кочовски.

Нина Стефанова

The post Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало appeared first on telma.com.mk.

]]>
Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК https://telma.com.mk/2024/04/25/pochina-legendarniot-velibor-dharovski-dharo/ Thu, 25 Apr 2024 09:22:54 +0000 https://telma.com.mk/?p=192992

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“, на 26 април, (петок) со почеток во 19:30 часот, во КСП Центар – Јадро почнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт. На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и Петар Милат. КРИК...

The post Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК appeared first on telma.com.mk.

]]>

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“, на 26 април, (петок) со почеток во 19:30 часот, во КСП Центар – Јадро почнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт.

На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и Петар Милат.

КРИК 09, годинава се одржува во тематската рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“.

Воедно ве покануваме во сабота, (27 април), на ексклузивно водење низ изложбата во 18:30 часот со Петар Милат (Мултимедијален институт, Загреб).

Изложбата ќе биде отворена до 9 мај, кога со почеток во 19:30 часот, ве покануваме на промоцијата на четири книги од Дубравка Угрешиќ, проследена со разговор.

 За Црвеното училиште на Дубравка Угрешиќ

На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Пред писателката одненадеж искрснале два света – дамнешен, заборавен свет на учебникот – книгата за почетници, кој ветувал среќна иднина, и другиот, стварниот, кој таа иднина брутално ја оспорувал.

Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.

На прашањето со што точно се занимава во „Црвеното училиште“, Угрешиќ ќе одговори: „Искрено, не знам. Вистина, не ми се страни поимите како appropriation art, intervention art, soc-art…своевремено, бев магепсана со концептот soc-art на уметниците Илја Кабаков, Александар Меламид, на писателот Лев Рубинштајн и други. Го открив и искривоколчениот аматеризам на Хенри Даргер, го сакам југословенскиот соц-артист Душан Оташевиќ, ги обожувам филмовите на Душан Макавеев, но мислам дека одговорот не треба да го бараме во таа насока. Јас никако не сум „уметница“, и сѐ што е на изложбата е рециклажа, постапка на очудување или зачудност, кои настојувам да ги постигнам со мали интервенции. Што се однесува до интервенциите и во нив користам училишни техники: повторување на мотивите, прецртување, истакнување, задскривање и слично. Кога велам дека сѐ е рециклажа, тоа пред сѐ, се однесува на материјалот со кој се служам. Нема ниту една моја реченица, ниту еден мој цртеж (бидејќи не сум уметница). Тоа, од денешна перспектива е археолошки материјал, а со тој вид археологија малку кој се занимава.

Посетителите на оваа изложба ќе ги воочат остатоците од минијатурното црвено училиште купени одамна во некоја амстердамска старинарница, како и мојата опсесивна(зло)употреба на петокраката ѕвезда и српот и чеканот. Од денот кога Хрватска е прогласена за независна држава, а од тогаш до денес поминаа точно триесет години, хрватското ментално и визуелно поле постепено го окупираа свастики, црни како бубашваби, во сите големини. Петокраките ѕвезди расфрлани низ моите „дребулии“ спаѓаат во компулзивен гест на еден губитник. Иако „црвената ѕвезда“ не беше мојот идеолошки беџ, ниту пак во моето детство нејзината присутност не беше нападна, сепак, како би можело да се заклучи, судејќи по моите дела, таа стана присутна. Црвената ѕвезда не е ниту одбрана ниту заштита, ниту пак политичка стратегија. Таа е оној тивок, но постојан аларм. Beeper.

Црвената ѕвезда е тука за да се постави прашањето дали сите оние свастики – бубашваби навистина нѐ поплавија?“

***

Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е авторка на книгите „Поза за проза“, „Штефица Цек во челустите на животот“, „Животот е бајка“, „Форсирање на романот-река“, „Музеј на безусловното предавство“, „Забрането читање“, „Министерство на болката“, „Никого нема дома“, „Тука нема ништо!“, „Нарилник за вештерки“. Живееше и работеше во Амстердам.

***

Изложбата е во организација и пријателско партнерство помеѓу Мултимедијалниот институт (Загреб) и Контрапункт/Крик – фестивал за критичка култура.

Изложбата се реализира во рамките на проектот „Периферни погледи“ (Periferal visions), соработнички проект на European Institute for Progressive Cultural Policies (Виена), Контрапункт (Скопје), kuda.org (Нови Сад), Културтрегер (Загреб), Маска (Љубљана), Мултимедијален институт (Загреб), а кофинансирано е од средствата на Европска унија – Креативна Европа.

Проектот е поддржан и од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Канцеларијата за здруженија на граѓани на Владата на Република Хрватска и Град Загреб.

КРИК Фестивал 09 е поддржан од AICS Tirana во рамките на „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК appeared first on telma.com.mk.

]]>
Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки https://telma.com.mk/2024/04/23/shekspir-i-servantes-vo-fokusot-na-denot-na-knigata-vo-skopje-predavana-na-evroambasadorot-gir-i-shpanskiot-ambasador-garsija-na-filoloshki/ Tue, 23 Apr 2024 20:20:49 +0000 https://telma.com.mk/?p=192645

Љубителите на литературата имаа можност да го прослават Денот на книгата и на авторското право и да ги проследат предавањата на дваjца истакнати претставници – Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во земјава и на Жосе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Датумот...

The post Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки appeared first on telma.com.mk.

]]>

Љубителите на литературата имаа можност да го прослават Денот на книгата и на авторското право и да ги проследат предавањата на дваjца истакнати претставници – Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во земјава и на Жосе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Датумот 23 април или „Денот на розите“ не е случаен. Во 1923 година, сопствениците на книжарници во Шпанија се собрале да му оддадат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на 23 април. Идејата била да се поттикне размената на книги, наместо рози, како што се празнувало. А, датумот беше официјално признат како „Светски ден на книгата“ од УНЕСКО во 1995 година, поради фактот што се совпаѓа со смртта на авторот, како и на најголемиот драмски автор на сите времиња – Вилијам Шекспир.

„А сепак, оттогаш светот е луд по Шекспир. Од Гете до Верди, од Фројд до Прокофијев, од Елтон Џон до Тејлор Свифт, од Орсон Велс до Куросава, од Гус ван Сант од Итан Хок, НАС, Сол Вилијамс, Стормзи. Сите му се навраќаме на Шекспир. Тој ги доловува нашите најдлабоки мисли и дилеми. Дури и лагите што си ги кажуваме. И сите лингвистички и театарски средства по кои е познат само го прави истражувањето на нашата внатрешна личност уште помоќно“, рече евроамбасадорот Гир.

„Театарот, тоа беше голема вокација на Сервантес, иако се зачувани само насловите на седумнаесетта и текстовите на единаесетта. Беше успешен, но беше краток поради новата драматична формула на Лопе де Вега, која беше похрабра и помодерна од неговата. Другите негови комедии третираат теми на неговото заробеништво, како што се Бањите на Алжир, Третманот на Алжир, Големата султана и Галантниот Шпанец, а други се повеќе роман, како што се Куќата на љубомората и џунглите во Арденија, Лавиринтот на љубовта, Забавниот, Педро де Урдемалас и Блажениот Руфиан“, истакна Жосе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија.

Нина Стефанова

The post Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки appeared first on telma.com.mk.

]]>
Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот? https://telma.com.mk/2024/04/23/dali-chitaneto-na-knigi-e-s%d1%90-ushte-vo-sekojdnevnata-rutina-na-chovekot/ Tue, 23 Apr 2024 15:08:42 +0000 https://telma.com.mk/?p=192596

На 23 април, 1995 година започнува да се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. Сепак многумина од луѓето се преокупирани со секојдневните обврски кои ги спречуваат, да одвојат време и да прочитаат по некоја книга.  Легендарните писатели како Толстој, Достоевски, Шекспир, Орвел, Кафка и Вирџинија Вулф очигледно остануваат...

The post Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот? appeared first on telma.com.mk.

]]>

На 23 април, 1995 година започнува да се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. Сепак многумина од луѓето се преокупирани со секојдневните обврски кои ги спречуваат, да одвојат време и да прочитаат по некоја книга.  Легендарните писатели како Толстој, Достоевски, Шекспир, Орвел, Кафка и Вирџинија Вулф очигледно остануваат само како тематски единици на часовите по македонски јазик, но не се имплементираат во секојдневието на просечниот човек.

,,Евростат” направи истражување по повод Светскиот ден на книгата и Авторското право, кој се одбележува секоја година на 23 април.

Граѓаните на Европската Унија повеќе саќаат да читаат печатени отколку електронски книги. Уделот на граѓаните кои купуваат книги, списанија или весници преку интернет е сѐ уште значително поголем од оние кои купуваат е-книги, списанија или, пак весници покажува новото истражување.

На ниво на ЕУ, лани 13,4 отсо од оние што купувале книги на три месеци, купувале печатени изданија, додека е-книги купиле 7,2 отсто од граѓаните. Може да се забележи дека побарувачката на е-книги е зголемена, во споредба со претходните години.

Најголем процент на граѓани во Холандија, Луксембург и Ирска, кои купиле печатена книга во претходните три месеци  е над 20 отсто. Во исто време, порастот на купени  е-книги може да се забележи во Данска, а најмалку купени во Кипар, дури еден отсо од населението. Данска и Финска се единствените земји-членки во ЕУ каде што луѓето купиле повеќе е-книги отколку печатени.

The post Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот? appeared first on telma.com.mk.

]]>
Јовица Тасевски – Етернијан : Книгите ни се посебно потребни денес кога светот е блиску до уништување https://telma.com.mk/2024/04/22/jovicza-tasevski-eternijan-knigite-ni-se-posebno-potrebni-denes-koga-svetot-e-blisku-do-unishtuvane/ Mon, 22 Apr 2024 14:01:35 +0000 https://telma.com.mk/?p=192421

Светот на книгите е свет на бескрајните можности , каде што се среќаваат познатото и непознатото. Книгите ни се посебно потребни денес, кога човештвото е блиску до уништување, кажа Јовица Тасевски- Етернијан, поет и програмски директор на НУБ „ Свети Климент Охридски“, во говорот на прославата во пресрет на 23...

The post Јовица Тасевски – Етернијан : Книгите ни се посебно потребни денес кога светот е блиску до уништување appeared first on telma.com.mk.

]]>

Светот на книгите е свет на бескрајните можности , каде што се среќаваат познатото и непознатото. Книгите ни се посебно потребни денес, кога човештвото е блиску до уништување, кажа Јовица Тасевски- Етернијан, поет и програмски директор на НУБ „ Свети Климент Охридски“, во говорот на прославата во пресрет на 23 април- Светскиот ден на книгата и авторското право.

  • Книгите ни се многу потребни денес, посебно денес кога светот станува нетрпелив, брз , дефокусиран. Кога не се чита толку многу, а се пишува непотребно многу. Кога вредностите се изобличени и се губат. Кога човештвото се наоѓа толку блиску до сопственото уништување, рече програмскиот директор на НУБ, Јовица Тасевски- Етернијан.

Без читателот книгата нема вредност . Во ерата на визуелните сензации на интернет и дигиталната комуникација , само квалитетната литература ќе го задржи вниманието на читателот, смета поетот и декан на Филолошкиот факултет, Владимир Мартиновски. Според него, на Македонија и недостига Агенција за книга, која  ќе се грижи за популаризација на пишаниот збор.

  • Во контекст на македонската култура, нешто што е од подолго време констатирано: Нам ни недостига Агенција за книга , која би ги координирала овие процеси, која постојано би работела , книгата да биде во рацете на читателите, кажа деканот на Филолошкиот факултет , Мартиновски.

Овдека е важна улогата на возрасните , пред сѐ на наставниците во училиштата, но и критичарите , вклучени во рецепцијата и вреднувањето на книжевното дело, дополнува Мартиновски.

На свеченоста по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, се читаа извадоци од романот „ Дон Кихот“, од шпанскиот автор Мигел де Сервантес, како и македонската и пораката на УНЕСКО за овој ден. А, сите посетители на НУБ, која повеќе од 3 децении го чествува Светскиот ден на книгата, можеа да си земат по некоја од многуте објави што ги подарува библиотеката на овој ден, а во каталонски стил им следуваше и по една роза.

Сотир Трајков

The post Јовица Тасевски – Етернијан : Книгите ни се посебно потребни денес кога светот е блиску до уништување appeared first on telma.com.mk.

]]>
Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ https://telma.com.mk/2024/04/21/telma-intervju-so-srgan-dragojevik/ Sun, 21 Apr 2024 14:49:46 +0000 https://telma.com.mk/?p=192222

Духовита, остроумна и храбра, понекогаш сурова и апсурдна, поезија во која може да се пронајде секоја генерација, ќе забележат книжевните критичари за збирката поезија  на современиот српски режисер, сценарист и писател Срѓан Драгојевиќ, еден од најзначајните српски филмски автори од средната генерација. За збирката поезија „Чат-пат е добро да се...

The post Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ appeared first on telma.com.mk.

]]>

Духовита, остроумна и храбра, понекогаш сурова и апсурдна, поезија во која може да се пронајде секоја генерација, ќе забележат книжевните критичари за збирката поезија  на современиот српски режисер, сценарист и писател Срѓан Драгојевиќ, еден од најзначајните српски филмски автори од средната генерација.

За збирката поезија „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“ која е преведена на македонски јазик, за неговите култни филмови „Убавите села, убаво горат“, „Рани“ и „Парада“, за културата во време на економска криза со Драгојевиќ разговараше Нина Стефанова.

The post Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ appeared first on telma.com.mk.

]]>
Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга https://telma.com.mk/2024/04/19/raste-brojot-na-mladi-chitateli-koi-go-posetuvaat-saemot-na-kniga/ Fri, 19 Apr 2024 13:18:48 +0000 https://telma.com.mk/?p=191817

Различни генерации, различни интереси за одредени книжевни жанрови на годинашниот Саем на книга. Тоа што радува е големата посетеност на вториот ден од саемот, во чии рамки се и организираните посети на учениците од основните училишта кои доаѓаат од различни градови. За посетителите радува фактот што на едно место можат...

The post Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга appeared first on telma.com.mk.

]]>

Различни генерации, различни интереси за одредени книжевни жанрови на годинашниот Саем на книга. Тоа што радува е големата посетеност на вториот ден од саемот, во чии рамки се и организираните посети на учениците од основните училишта кои доаѓаат од различни градови. За посетителите радува фактот што на едно место можат да ги најдат новите дела  на своите омилени автори.

Од повеќето издавачки куќо кои дадоа изјава денеска на Саемот, можеме да забележиме исти и слични ставови, но кај некои сосема поинакви.

Имаме многу повеќе деца со овие организирани школски посети, ние сме многу задоволни и навистина е голем интересот и се надевам дека ќе продолжи така во наредните саемски денови, изјави Филип Баткоски од  книгоиздателство ,,БАТА ПРЕС”.

Во многу голем подем е македонската книжевност и ние сме многу среќни поради тоа, иако се уште има интерес и за странските автори. Новата концептуална поставеност на саемот за издавачите е особено важна, затоа што големите издавачки куќи сега се на посебно место, додека малите се во централна позиција на просторот. Тоа е можност малите издавачки куќи да се претстават и да имааат поголема видливост на овој саем.

 Она што ми е најпозитивен впечаток е уредувањето на штандовите оваа година. Секоја чест и на организаторите и на оние што го уредуваа на штандовите многу е попрегледно. Целата хала е како едно шаренило кое се прелева, значи штандовите не се како некои засебни тврдини како што било порано, рече Ненад Стевовиќ, книгоиздателство ,,ИЛИ- ИЛИ”.

Во рамките на годинашното 36- то издание на Саемот на книга, кој ќе трае до 24 април се предвидени повеќе од 30 промоции на домашните и странски автори.

Искрено задоволни сме, најмногу посетеност има од помладите од прво, па се до деветто одделение има некои што доаѓаат и од градинки, така што задоволни сме, додаде Елена Максимовска од книгоиздателство ,,АРС ЛАМИНА”.

 

Нина Стефанова

The post Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга appeared first on telma.com.mk.

]]>
Петар Андоновски: Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење https://telma.com.mk/2024/04/18/petar-andonovski-knigite-nema-da-go-promenat-svetot-no-mozhat-da-go-napravat-podobro-i-poubavo-mesto-za-zhiveene/ Thu, 18 Apr 2024 13:36:17 +0000 https://telma.com.mk/?p=191582

Нашите предизвици денес како писатели се разликуваат од предизвиците на нашите книжевни великани. Во услови на брз развој на информатичката технологија главен предизвик е како да ја доближиме книгата до читателот, во време кога читателот води брз и по многу нешта симплифициран живот во море од информации, каде што е...

The post Петар Андоновски: Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење appeared first on telma.com.mk.

]]>

Нашите предизвици денес како писатели се разликуваат од предизвиците на нашите книжевни великани. Во услови на брз развој на информатичката технологија главен предизвик е како да ја доближиме книгата до читателот, во време кога читателот води брз и по многу нешта симплифициран живот во море од информации, каде што е лесно да се изгубите во тривијалноста на површноста, забележа писателката Фросина Пармаковска на свеченото отворање на 32-то издание на Саемот на книга.

Писателскиот предизвик денес е да распостели бисери во морето кои читателот ќе ги види и ќе ги препознае како нешто драгоцено. Освен тоа предизвикот на денешниот писател во Македонија е да го најде начинот да му го покаже патот на читателот до тие богатства, па затоа освен што тој ќе пишува сложени и единствени светови преку книгите, тој ќе треба да ги следи трендовите и колку толку да се разбира од дигитален маркетинг, да е активен на социјалните мрежи, да креира настани и содржини на разни интернет платформи. Накусо да плови заедно во виртуелниот свет со читателите, рече писателката пармаковска.   

Целта е постигната кога писателот, испраќачот има од другата страна примач. Читателот кој е неопходен за оваа формула да функционира. Според Пармаковска не е нималку лесно да се биде писател на тн. „мала литература“ и да се држи чекор со сите модерни трендови. Фросина Пармаковска и Петар Андоновски се оптимиси дека добрата книга ќе го најде својот читател.

Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење, затоа очекуваме масовна посетеност и што повеќе луѓе. Она што сакам да го нагласам во ова време кога се поскапува единствено книгите се со исти цени и од пред 10 и од пред 20 години, рече писателот андоновски.

И покрај бројните предизвици низ годините Саемот на книга е еден од ретките саеми кој продолжи да се одржува, дури и во пандемиските услови.

Годинава на Саемот на книга има и нова поставеност концептуална, затоа што големите издавачки куќи сега се на посебно место, додека малите се во централна позиција на просторот. Тоа е можност малите издавачки куќи да се претстават и да имааат поголема видливост на овој саем, рече организаторката на саемот даниела глигоровска.  

Во рамките на саемот ќе се одржат повеќе од 30 промоции на домашни и странски автори  и фелоушип програма во организација на Македонската асоцијација на издавачи по примерот на сите поголеми светски саеми.

Ќе гостуваат издавачи и агенти од пет земји со што нашите издавачи ќе имаат повеќе можност да ја промовираат својата работа. Годинава фокусот ќе биде и на детската програма, во која е предвиден посебен дел со маскоти, што ќе се одржува во викенд деновите на Саемот на книга.

Нина Стефанова

 

The post Петар Андоновски: Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење appeared first on telma.com.mk.

]]>
СКРМ: Како министерката ветуваше повисоки плати, без договор со Финансии ? https://telma.com.mk/2024/04/18/skrm-kako-ministerkata-vetuvashe-povisoki-plati-bez-dogovor-so-finansii/ Thu, 18 Apr 2024 13:27:22 +0000 https://telma.com.mk/?p=191580

Имаат нови решенија за пресметки на мартовските плати со 12% зголемување, но веќе осми ден им доцнат. 3.000 вработени во установите од културата ќе се соочат и со недостаток на здравствено осигурување. Затоа денеска од Синдикатот за култура, подржани од ССМ, пред ресорното министерство го изразија незадоволството поради пробиените рокови...

The post СКРМ: Како министерката ветуваше повисоки плати, без договор со Финансии ? appeared first on telma.com.mk.

]]>

Имаат нови решенија за пресметки на мартовските плати со 12% зголемување, но веќе осми ден им доцнат. 3.000 вработени во установите од културата ќе се соочат и со недостаток на здравствено осигурување.

Затоа денеска од Синдикатот за култура, подржани од ССМ, пред ресорното министерство го изразија незадоволството поради пробиените рокови за добивање на мартовските плати и агонијата во која се втурнати од почетокот на април, борејќи се да ги добијат повисоките плати што им следуваат, согласно Општиот колективен договор и Колективниот договор за култура.

Реагираа и од СОНК ,  дека временото зголемување на платите што го добивале лани од септември до март годинава, било дел од стратегијата на министерството за култура, да не се исплатат платите со 12, туку само со 2, 5 % покачување.

Како министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска на 1 април ветуваше повисоки плати, без да се договори со министерот за финансии Фатмир Бесими?

Ова прашање денеска од пред министерството за култура го поставија од Синдикатот за култура, незадоволни што доцнат платите за март на вработените во установите од културата, кои согласно Општиот колективен и Колективниот договор за култура, со порастот на минималецот треба да бидат за 12% повисоки.

Незадоволството на СКРМ се темели на информацијата од министерката за култура, дека министерот за финансии не се сложил платите на културните работници да се зголемат зашто немало доволно предвидени средства за тоа.

Денеска на 18- ти април плата за месец март се уште нема . Да биде целава ситуација уште потрагична за неколку дена 3000 вработени во културата заедно со нивните семејства ќе останат и без здравствено осигурување. Како министерката за култура на 1-ви април од истото ова место ветуваше покачување на платите за март, ако претходно тоа исто покачување не го договорила со министерот за финансии, за сега кој да биде виновникот за неисплаќање на платите во културата , праша Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Атанасовска кажа дека утрово ја контактирала министерката за култура, за да одат заедно денеска на состанок кај министерот за финансии. Потоа, по установите од културата започнале повици од ресорното министерство, со сугестии да се исплатат платите без зголемувањето за 12%.

Претседателката на СКРМ праша, од каде знаат поединци од министерството што ќе се случува на состанокот во Финансии. А, евентуалното враќање на старите плати, без почитување на изготвените нови решенија, ќе значи кршење на законите и колективните договори. На истиот став се од ССМ, чија придружна членка е СКРМ.

Некој мора да одговори во општеството. Не може 3000 луѓе да не добиваат плата поради хировите на одредени политичари. Поради тоа што веројатно си ја мерат силата, кој е појак и кој е поспособен да направи нешто, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Реагираа и од СОНК. Според претседателот Неделков, за ова што се случува сега , тие стравувале уште лани, кога со септемвриските плати вработените во културата добиле ограничено зголемување со важност до март годинава.

Нашите реакции беа оправдани во однос на тоа што министерството за култура, на чело со министерката за култура имаа план, имаа стратегија, имаа цел , платите на место 12% или 12, 55% да се зголемат само за два и пол проценти, кажа Јаким Неделков, претседател на СОНК.

СОНК  тоа не го дозволува, па денеска на вонредна седница на Советот ќе одлучува за протести или генерален штрајкт. Иако министерката за култура синоќа за „Прва ТВ“ кажа дека ќе направат напори вработените во културата да ги добијат ветените плати до петок и дека нема да останат без здравствено осигурување, од СКРМ порачаа дека каков и да е исходот од денешната средба во Финансии, утре ќе протестираат пред министерството за култура.

Сотир Трајков

The post СКРМ: Како министерката ветуваше повисоки плати, без договор со Финансии ? appeared first on telma.com.mk.

]]>