Тенис Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/tenis/ Sat, 04 May 2024 13:32:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Тенис Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/tenis/ 32 32 Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда https://telma.com.mk/2024/05/04/siner-se-povleche-od-mastersot-vo-rim-poradi-povreda/ Sat, 04 May 2024 13:32:03 +0000 https://telma.com.mk/?p=195065

Јаник Синер нема да настапи на претстојниот мастерс тениски турнир во Рим поради повреда на колкот. Италијанецот се надева дека ќе биде фит за Ролан Гарос. Синер денеска преку социјалните мрежи објави дека нема да настапи во Рим поради тоа што и натаму е повреден. Тој се повлече пред четвртфиналето...

The post Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда appeared first on telma.com.mk.

]]>

Јаник Синер нема да настапи на претстојниот мастерс тениски турнир во Рим поради повреда на колкот. Италијанецот се надева дека ќе биде фит за Ролан Гарос.

Синер денеска преку социјалните мрежи објави дека нема да настапи во Рим поради тоа што и натаму е повреден. Тој се повлече пред четвртфиналето на мастерсот во Мадрид и не го одигра дуелот со Феликс Оже Алиасим поради проблеми со колкот.

Вториот светски тенисер вели дека сега неговата цел е да биде целосно фит за настап на вториот сезонски грен слем турнир Ролан Гарос. Оваа 2024 година Синер игра во фантастична форма и има скор од 25 победи и два порази  и три освоени титули, Австралија Опен, Ротердам и Мајами.

На мастерсот во Рим нема да настапи ниту Карлос Алкараз, кој вчера објави дека се повлекува поради повреда на раката. Засега Новак Ѓоковиќ се очекува да игра на овој турнир во италијанскиот главен град.

The post Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда appeared first on telma.com.mk.

]]>
Циципас и Руд се пласираа во четвртфиналето во Барселона https://telma.com.mk/2024/04/18/cziczipas-i-rud-se-plasiraa-vo-chetvrtfinaleto-vo-barselona/ Thu, 18 Apr 2024 18:18:30 +0000 https://telma.com.mk/?p=191672

По денешните осминафинални пресметки на тенискиот турнир во Барселона, главните фаворити за трофејот Стефанос Циципас и Каспер Руд се пласираа меѓу најдобрите осум, но испадна Алекс де Минор. Третиот носител на турнирот од серијата 500, Руд со 6-1 и 6-4 го победи Џордан Томсон. Норвежанецот во четвртфиналето ќе игра против...

The post Циципас и Руд се пласираа во четвртфиналето во Барселона appeared first on telma.com.mk.

]]>

По денешните осминафинални пресметки на тенискиот турнир во Барселона, главните фаворити за трофејот Стефанос Циципас и Каспер Руд се пласираа меѓу најдобрите осум, но испадна Алекс де Минор.

Третиот носител на турнирот од серијата 500, Руд со 6-1 и 6-4 го победи Џордан Томсон. Норвежанецот во четвртфиналето ќе игра против Матео Арналди. Циципас пак го совлада Роберто Карбалјес-Баена со 7-5 и 6-3. Грчкиот тенисер, кој е петти фаворит за следен ривал го доби Факундо Дијаз-Акоста од Аргентина, кој во три сета го изненади Фабијан Марожан.

Најголемото изненадување денеска го приреди Артур Фис, кој го победи четвртиот фаворит Алекс де Минор со 7-5 и 6-2. Французинот во четвртфиналето ќе игра против Душан Лајовиќ, кој го елиминираше Алехандро Давидович-Фокина. Последната четвртфинална двојка е Камерон Нори против Томас Мартин Ечевери.

The post Циципас и Руд се пласираа во четвртфиналето во Барселона appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ѓорческа испадна во 2.коло во Копер, но ќе игра полуфинале во двојки https://telma.com.mk/2024/04/18/gorcheska-ispadna-vo-2-kolo-vo-koper-no-ke-igra-polufinale-vo-dvojki/ Thu, 18 Apr 2024 18:05:48 +0000 https://telma.com.mk/?p=191670

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрс турнирот во Копер уште во рамки на 2.коло откако денеска загуби од Дебора Киеза. Италијанката славеше во два сета со по 6-4 за 1 час и 46 минути игра. За пласманот во втората рунда нашата тенисерка ќе освои само девет...

The post Ѓорческа испадна во 2.коло во Копер, но ќе игра полуфинале во двојки appeared first on telma.com.mk.

]]>

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрс турнирот во Копер уште во рамки на 2.коло откако денеска загуби од Дебора Киеза.

Италијанката славеше во два сета со по 6-4 за 1 час и 46 минути игра. За пласманот во втората рунда нашата тенисерка ќе освои само девет бодови на ВТА ранг-листата.

Ѓорческа сепак ќе продолжи да игра на турнирот во Копер, но во двојки. Таа во тандем со Романката Андреа Миту славеа против Ивана Себестова и Анастасија Соболева со 6-4 и 6-1 и обезбедија пласман во полуфиналето. Утре ќе се соочат со првите носителки Вероника Ерјавец и Доминика Салкова.

The post Ѓорческа испадна во 2.коло во Копер, но ќе игра полуфинале во двојки appeared first on telma.com.mk.

]]>
Алкараз неспремен за Мастерсот во Мадрид https://telma.com.mk/2024/04/16/alkaraz-nespremen-za-mastersot-vo-madrid/ Tue, 16 Apr 2024 16:18:23 +0000 https://telma.com.mk/?p=191279

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја извести спортската јавност за неговата повредата, но и можноста да не настапи на турнирот во Барселона. Шпанецот објасни дека има проблеми со десната подлактица, па затоа најверојатно нема да може да ја одбрани титулата на идниот натпревар. ,,Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука,...

The post Алкараз неспремен за Мастерсот во Мадрид appeared first on telma.com.mk.

]]>

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја извести спортската јавност за неговата повредата, но и можноста да не настапи на турнирот во Барселона.

Шпанецот објасни дека има проблеми со десната подлактица, па затоа најверојатно нема да може да ја одбрани титулата на идниот натпревар.

,,Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука, бидејќи овој турнир е важен за мене. Сакам да се вратам во Мадрид, но не сум 100 процентно, сигурен за тоа. Ќе се обидеме да дадеме се од себе. Дојдов од Монте Карло да поминам неколку дена дома и да видам дали можам да тренирам. Да закрепнам и во Барселона ќе се потрудам да бидам во најдобрата можна форма. Направив магнетна резонанца во саботата наутро, а сликите покажаа позитивни резултати. Но, во неделата работите, не одеа како што сакав, секој пат кога го зголемував интензитетот на моите форхендови, непријатноста се зголемуваше”, изјави Надал.

Мастерсот во Мадрид, каде што Алкараз треба и да ја одбрани титулата ќе се одржи во периодот од 24 април до 5 мај.

The post Алкараз неспремен за Мастерсот во Мадрид appeared first on telma.com.mk.

]]>
Димитров против Синер во финалето во Мајами (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/03/30/dimitrov-protiv-siner-vo-finaleto-vo-majami-video/ Sat, 30 Mar 2024 12:45:04 +0000 https://telma.com.mk/?p=188267

Григор Димитров е ѕвезда на мастерсот во Мајами, па откако го елиминираше Карлос Алкараз, го победи и Александер Зверев за да закаже финале против Јаник Синер. Димитров се пласираше во своето трето мастерс финале во кариерата, а прво во Мајами откако го победи Зверев со 6-4, 6-7 и 6-4. Овој...

The post Димитров против Синер во финалето во Мајами (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

Григор Димитров е ѕвезда на мастерсот во Мајами, па откако го елиминираше Карлос Алкараз, го победи и Александер Зверев за да закаже финале против Јаник Синер.

Димитров се пласираше во своето трето мастерс финале во кариерата, а прво во Мајами откако го победи Зверев со 6-4, 6-7 и 6-4. Овој успех на Бугаринот го враќа во ТОП 10 на АТП-листата од понеделник. Последен пат беше меѓу најдобрите десет светски тенисери во ноември 2018 година.

Ривал на Димитров во финалето во недела ќе биде Јаник Синер. Италијанецот ја продолжи фантастичната форма и го прегази Данил Медведев со 6-1 и 6-2. Синер ако го освои турнирот тогаш од понеделник ќе се искачи на 2.место на АТП-ранкингот.

Женското финале во Мајами е закажано за вечерва со почеток од 20 часот помеѓу Даниел Колинс и Елена Рибакина.

The post Димитров против Синер во финалето во Мајами (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>
Алкараз и Синер во 3.коло во Мајами, мастерсот заврши за Сабаленка (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/03/24/alkaraz-i-siner-vo-3-kolo-vo-majami-mastersot-zavrshi-za-sabalenka-video/ Sun, 24 Mar 2024 12:18:31 +0000 https://telma.com.mk/?p=187148

На мастерс тенискиот турнир во Мајами двајцата топ фаворити Карлос Алкараз и Јаник Синер лесно стигнаа до 3.коло, но кај тенисерките загуби втората носителка Арина Сабаленка. Алкараз загуби вкупно три гема против сонародникот Роберто Карбалјес Баена и победи со 6-2 и 6-1. Во 3.коло Шпанецот, кој е прв фаворит на...

The post Алкараз и Синер во 3.коло во Мајами, мастерсот заврши за Сабаленка (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

На мастерс тенискиот турнир во Мајами двајцата топ фаворити Карлос Алкараз и Јаник Синер лесно стигнаа до 3.коло, но кај тенисерките загуби втората носителка Арина Сабаленка.

Алкараз загуби вкупно три гема против сонародникот Роберто Карбалјес Баена и победи со 6-2 и 6-1. Во 3.коло Шпанецот, кој е прв фаворит на турнирот ќе се соочи со Гаел Монфилс, кој пак го победи Џордан Томсон.

Јаник Синер со 6-3 и 6-4 го победи Андреа Вавасори, а Данил Медведев исто така во два сета со 6-4 и 6-2 го елиминираше Мартон Фучович. Од топ фаворитите во третата рунда се квалификуваа и Каспер Руд, Александер Зверев и Хуберт Хуркач, но Денис Шаповалов го изненади 10-тиот носител Стефанос Циципас. Испаднаа и американските фаворити Томи Пол и Тејлор Фриц, но интересно во 3.коло се пласираше Енди Мареј.

На женскиот дел од турнирот, првата фаворитка Ига Швојнтек со 6-1 и 6-1 ја елиминираше Камилоа Џорџи за место во 3.коло. Анхелина Калинина од Украина ја изненади втората носителка Арина Сабаленка во три сета во меч од третата рунда. Од топ фаворитките загубија и Јелена Остапенко и Онс Жабер. Наоми Осака ја победи Елина Свитолина за место во 3.коло, а Марија Сакари, Медисон Кијс и Викторија Азаренка се пласираа во осминафиналето.

The post Алкараз и Синер во 3.коло во Мајами, мастерсот заврши за Сабаленка (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>
Сабаленка почна со победа во Мајами, Рубљов не ја мина втората рунда (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/03/23/sabalenka-pochna-so-pobeda-vo-majami-rublov-ne-ja-mina-vtorata-runda-video/ Sat, 23 Mar 2024 11:09:47 +0000 https://telma.com.mk/?p=186860

На мастерс тенискиот турнир во Мајами многу од синоќешните дуели не се доиграа поради врнежите од дожд. Најголемото изненадување е поразот на петтиот фаворит Андреј Рубљов, додека Арина Сабаленка по тешките неколку денови по смртта на нејзиното поранешно момче успеа да ја мине втората рунда. На мaшкиот дел од турнирот...

The post Сабаленка почна со победа во Мајами, Рубљов не ја мина втората рунда (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

На мастерс тенискиот турнир во Мајами многу од синоќешните дуели не се доиграа поради врнежите од дожд. Најголемото изненадување е поразот на петтиот фаворит Андреј Рубљов, додека Арина Сабаленка по тешките неколку денови по смртта на нејзиното поранешно момче успеа да ја мине втората рунда.

На мaшкиот дел од турнирот се комплетираа само два меча синоќа. Томас Махач го шокираше петтиот фаворит Андреј Рубљов и тоа во два сета со по 6-4 за да се пласира во 3.коло. Чехот за следен ривал ќе го има победникот од дуелот помеѓу Енди Мареј и Томас Ечевери.. Иго Умбер со 6-4 и 6-3 беше подобар од Ботик ван де Зандшулп. Останатите натпревари од синоќешната програма беа прекинати поради дождот и ќе продолжат денеска.

Втората светска тенисерка Арина Сабаленка во 2.коло ја совлада нејзината блиска пријателка Паула Бадоса со 6-4 и 6-3. Белорусинката имаше крајно емотивна недела поради смртта на нејзиното поранешно момче Константин Колцов. Во рамки на третата рунда Сабаленка ќе игра против Анхелина Калинина. Пласман во 3.коло обезбеди и третата фаворитка Коко Гоф, која со 6-1 и 6-2 ја победи Надиа Подорска, Екатерина Александрова ја победи Дона Векиќ во два сета, а победи остварија и Ема Наваро, Анастасија Пављученкова и Осеан Додан.

The post Сабаленка почна со победа во Мајами, Рубљов не ја мина втората рунда (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>
Алкараз против Синер во полуфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/03/15/alkaraz-protiv-siner-vo-polufinaleto-vo-indijan-vels-video/ Fri, 15 Mar 2024 11:33:19 +0000 https://telma.com.mk/?p=185147

На мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс познати се полуфиналните двојки. Синоќешните четвртфинални пресметки ги одбележе еден интересен феномен. На самиот старт на пресметката помеѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев рој пчели го нападнаа теренот и стадионот. Имаше принуден прекин од еден час додека организаторот не го реши проблемот со...

The post Алкараз против Синер во полуфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

На мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс познати се полуфиналните двојки.

Синоќешните четвртфинални пресметки ги одбележе еден интересен феномен. На самиот старт на пресметката помеѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев рој пчели го нападнаа теренот и стадионот. Имаше принуден прекин од еден час додека организаторот не го реши проблемот со непоканетите гости.

Алкараз издоминира против Германецот и славеше со 6-3 и 6-1 за место во полуфиналето. Таму Шпанецот ќе се соочи со Јаник Синер, кој игра во фантастична форма и во 2024 година има скор од 16-0. Синоќа Италијанецот го победи Јиржи Лехечка во два сета со по 6-3.

Во второто полуфинале ќе играат Данил Медведев и Томи Пол. Медведев со 7-5 и 6-4 го победи Холгер Руне, додека пак домашниот фаворит Пол во три сета беше подобар од Каспер Руд.

На женскиот дел од мастерс турнирот, првата фаворитка Ига Швјонтек одигра само еден цел сет против Каролин Вожњацки, што го доби со 6-4, па тенисерката од Данска се повлече поради повреда. Пољачката во полуфиналето ќе ги одмери силите со Марта Костјук, која синоќа беше подобра од Анастасија Потапова.

Второто полуфинале е помеѓу Коко Гоф и Марија Сакари. Гоф ја победи Јуе Јуан од Кина со 6-4 и 6-3, додека Сакари во три сета беше подобра од Ема Наваро.

The post Алкараз против Синер во полуфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ѓорческа против Зајцева во четвртфиналето во Ларнака https://telma.com.mk/2024/03/14/gorcheska-protiv-zajczeva-vo-chetvrtfinaleto-vo-larnaka/ Thu, 14 Mar 2024 17:09:55 +0000 https://telma.com.mk/?p=185037

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Аламинос-Ларнака, Кипар. Ѓорческа денеска во рамки на второто коло ја совлада Матилде Паолети од Италија во три сета со 6-3, 3-6 и 7-5 по 2,5 часа игра. Следна ривалка на Македонката е Русинката Ксенија Зајцева, која денеска ја...

The post Ѓорческа против Зајцева во четвртфиналето во Ларнака appeared first on telma.com.mk.

]]>

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Аламинос-Ларнака, Кипар.

Ѓорческа денеска во рамки на второто коло ја совлада Матилде Паолети од Италија во три сета со 6-3, 3-6 и 7-5 по 2,5 часа игра. Следна ривалка на Македонката е Русинката Ксенија Зајцева, која денеска ја совлада првата носителка на турнирот во Кипар, Нома Ноха Акугуе од Германија во три сета. 19-годишната Зајцева е во одлична форма и е во низа од седум победи по ред, а минатиот викенд славеше на турнирот во Ираклион во Грција.

The post Ѓорческа против Зајцева во четвртфиналето во Ларнака appeared first on telma.com.mk.

]]>
Руне спаси меч топка па го победи Фриц за место во четвртфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/03/14/rune-spasi-mech-topka-pa-go-pobedi-fricz-za-mesto-vo-chetvrtfinaleto-vo-indijan-vels-video/ Thu, 14 Mar 2024 11:10:14 +0000 https://telma.com.mk/?p=184919

Познати се сите четвртфинални двојки на мастерсот во Индијан Велс. Големо изненадување имаше на женскиот дел од турнирот. Најдраматично беше на пресметката помеѓу седмиот носител Холгер Руне и домашниот фаворит Тејлор Фриц. Данецот го загуби првиот сет со убедливи 2-6, а во вториот сет во тај-брејкот спаси меч топка. Израмни...

The post Руне спаси меч топка па го победи Фриц за место во четвртфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

Познати се сите четвртфинални двојки на мастерсот во Индијан Велс. Големо изненадување имаше на женскиот дел од турнирот.

Најдраматично беше на пресметката помеѓу седмиот носител Холгер Руне и домашниот фаворит Тејлор Фриц. Данецот го загуби првиот сет со убедливи 2-6, а во вториот сет во тај-брејкот спаси меч топка. Израмни на 1-1, а третиот сет го доби со 6-3 за да се пласира во четвртфиналето, каде ќе се соочи со четвртиот фаворит Данил Медведев.

Русинот го победи Григор Димитров во два сета со по 6-4. Каспер Руд одигра три сета во триумфот над Гаел Монфилс па во четвртфиналето ќе игра со Томи Пол, кој пак беше подобар од Лука Нарди со 6-4 и 6-3.

На женскиот дел од турнирот, втората фаворитка Арина Сабаленка загуби од Ема Наваро со 6-3, 3-6 и 6-2. За наваро ова е прво мастерс четвртфинале во кариерата, а нејзина следна противничка ќе биде деветтата фаворитка Марија Сакари, која во три сета ја победи Дајан Пари. Третата носителка Коко Гоф ја декласираше Елис Мертенс со 6-0 и 6-2 па во следната рунда, односно четвртфианалето ќе игра со Јуе Јуан од Кина која пак ја изненади Дарија Касаткина во три сета.

The post Руне спаси меч топка па го победи Фриц за место во четвртфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>