Економија Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/ekonomija/ Fri, 26 Apr 2024 15:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Економија Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/ekonomija/ 32 32 Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса https://telma.com.mk/2024/04/26/poskapuva-registraczija-na-vozila-se-zgolemuva-czenata-na-zadolzhitelnata-osiguritelna-polisa/ Fri, 26 Apr 2024 13:26:46 +0000 https://telma.com.mk/?p=193439

Поскапува регистрaцијата на возила. Граѓаните ќе мора да издвојат повеќе пари, откако осигурителните компании одлучија да ја зголемат сумата за задолжителната осигурителна полиса за 15,4 отсто. Па, ако досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, новата цена ќе биде 6.292 денара. Поскапувањето е пропорционално во...

The post Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса appeared first on telma.com.mk.

]]>

Поскапува регистрaцијата на возила. Граѓаните ќе мора да издвојат повеќе пари, откако осигурителните компании одлучија да ја зголемат сумата за задолжителната осигурителна полиса за 15,4 отсто.

Па, ако досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, новата цена ќе биде 6.292 денара. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото.

Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати.

Од Националното биро за осигурување велат дека зголемувањето е реално. Потегот го правдаат со тоа што цената  на полисата не е променета повеќе од 10 години, а трошоците за работа на компании значително пораснале. Со претхоните цени во прашање било доведнео функционирањето на осигурителните компании.

Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56%, се вели во дописот на Националното биро за осигурување

На поскапувањето реагираа од Агенцијата за супервизија на осигуреници. Тврдат зголемувањето на цената е неоправдано, а доставиле и предлог до Министерството за финансии.

Во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, пишува во соопштението на АСО

По дописот од АСО, финансии во понеделник на седница ќе ја проверува оправданоста и исправноста на донесените одлука од страна на компаниите од овој бизнис.

Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, за да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, се вели во допсиот на Министерството за финансии

 Одлуката за зголемување на цената на овие осигурителни полиси стапи на сила од вчера.

Ирена Чачкова

The post Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса appeared first on telma.com.mk.

]]>
Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе https://telma.com.mk/2024/04/25/vo-momentov-nema-indikatori-za-nov-czenove-bran-no-mora-da-proizveduvame-poveke/ Thu, 25 Apr 2024 12:36:37 +0000 https://telma.com.mk/?p=193061

За промените на цените на нафтата во светски рамки и можноста тие да повлечат евентуални нови поскапувања, Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора смета дека засега нема индикатори кои говорат во тој правец. Тој и во оваа прилика напомена дека е многу побитно тоа што земјава се помалку произведува...

The post Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе appeared first on telma.com.mk.

]]>

За промените на цените на нафтата во светски рамки и можноста тие да повлечат евентуални нови поскапувања, Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора смета дека засега нема индикатори кои говорат во тој правец. Тој и во оваа прилика напомена дека е многу побитно тоа што земјава се помалку произведува храна, а увозот се зголемува и оваа е тема на која во идина треба сериозно да се зборува.

„Во овој момент нема индикатори кои говорат во тој правец. Битно е дека за разлика од минатите бранови, државните резерви на САД се на највисоко ниво. Македонија одамна го следи ритамот на пазарите во светот, но е небитен играч, а и онака објективно храната во изминатиот период се повеќе доаѓа од надвор и тоа е поклучно прашање. Македонија има се помалку производство, а се повеќе увоз на храна. Во тој сегмент, цената на нафтата би имала значење. Ако се работи за увоз на храна, тогаш ја делиме судбуната на регионот. Обично храната, дури лани доаѓаше од Египет, не верувам дека и оваа година, а се дистрибуираше низ целиот Балкан што е апсолутно генерален принцип на снабдување во регионот и мислам дека за ова новата влада ќе треба да направи доста“, објасни Пешев.

The post Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе appeared first on telma.com.mk.

]]>
Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите https://telma.com.mk/2024/04/25/zemjava-e-pred-politichka-promena-biznisot-ochekuva-ispolnuvane-na-vetuvanata-dadeni-pred-izborite/ Thu, 25 Apr 2024 12:32:26 +0000 https://telma.com.mk/?p=193057

Се  наоѓаме пред политичка промена, ова е впечатокот на дел од бизнисмените, по вчерашниот изборен ден. Велат дека е добро што се поминало мирно, но се надеваат на поголема излезност на 8 мај. На новата Влада која ќе ја води државата и порачаа она што е договорено со стопанството пред...

The post Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите appeared first on telma.com.mk.

]]>

Се  наоѓаме пред политичка промена, ова е впечатокот на дел од бизнисмените, по вчерашниот изборен ден. Велат дека е добро што се поминало мирно, но се надеваат на поголема излезност на 8 мај. На новата Влада која ќе ја води државата и порачаа она што е договорено со стопанството пред изборите, да се спроведе за бизнисот да може да планира и да работи.

„Она што не би сакале да се повтори е да овде се договориме како тоа треба да се случува каде треба да биде фокусот што треба да се направи промптно, а после тоа во имплементацијата да не видиме ништо од тоа. Овој пат се надева, дека добитната комбинација која ќе излезе од парламентарните избори особено таа ни е посебно битна ќе треба да биде таква она што ќе го договориме па  макар и не било сто проценти во интерес на економијата, се спроведе доследно“, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора.

Пред изборите во Стопанската комора со подготвени програми дојдоа поголемите партии ДУИ, СДСМ и од ВМРО- ДПМНЕ. За краток период бизнисот имаше можност да слушне  што се имаат во план да направат, ако се дел од новата  влада.

„Сите политички партии дојдоа во Стопанската комора добро подготвени со економски програми некој подобри и некој по неподготвени, но факт е дека за нас е новитет најдоа за потребно да ги искомуницираат економските програми пред некој од нив да дојде на власт и тоа е пријатно сознание за нас дека сакаат да слушнат она што ние имаме да кажеме“, додава Пешев.

Од бизнисот претходно неколку пати кажаа дека, до сега ниту една влада немала доволно слух за нивните проблеми. Но, дека овој пат нема да дозволат да бидат излажани.

Генерално во програмите на политичките партии, фокусот е на економијата. Дел од економистите пак во нивните говори препознаваат политичко наддавање, но и застарен модел на собирање гласови.

Ирена Чачкова

The post Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите appeared first on telma.com.mk.

]]>
УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски https://telma.com.mk/2024/04/23/utrinska-tema-kako-do-pobezbedno-i-podoverlivo-onlajn-kupuvane-viktor-stojkoski/ Tue, 23 Apr 2024 14:01:29 +0000 https://telma.com.mk/?p=192540

Расте прометот на дигиталниот пазар во Македонија, но расте и бројот на поплаки кој најчесто се однесува на измами од неформални или нерегистрирани продавачи преку ФБ страни или преку интернет. Поплаките за регистрираните фирми пак се однесуваат на квалитетот кога купувачот смета дека не добил соодветен производ. Е-трговијата и онлајн...

The post УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски appeared first on telma.com.mk.

]]>

Расте прометот на дигиталниот пазар во Македонија, но расте и бројот на поплаки кој најчесто се однесува на измами од неформални или нерегистрирани продавачи преку ФБ страни или преку интернет. Поплаките за регистрираните фирми пак се однесуваат на квалитетот кога купувачот смета дека не добил соодветен производ.

Е-трговијата и онлајн купувањето беа Утринска Тема во Утринската на ТВ Телма, а гостин беше Виктор Стојкоски од Асоцијацијата на е-трговија.

Електронската трговија со секоја година расте, а Асоцијацијата на е-трговија на Македонија со повеќе дигитални алатки го помага развојот, се со цел да се зголеми довербата во процесот и во дигиталните трговци.

Генералниот секретар на Асоцијацијата Виктор Стојкоски вели дека Асоцијацијата има регистар на компании, а врши и дополнителна верификација, како и има оддел за поплаки од незадоволни потрошувачи.

Во регистарот се наведени пријавените онлајн продавачи- компании кои продаваат по интернет, по производи кои може да се набават од конкретна компанија, па така купувачите може да најдат прецизни податоци за фирмата и полесно да дојдат до бараниот производ.

-Имаме беџ (badge) за верификација на продавач и оддел за поплаки каде граѓаните може да се информираат која институција за што е надлежна за да може соодветно и навремено да реагираат или да поднесат поплаки доколку, хипотетички, се чувствуваат измамени од некој правен субјект или некој неформален ФБ или интернет продавач, рече Стојкоски во Утринска на Телма.

Дополнително, електронската трговија со зголемувањето на прометот преку легално регистрирани фирми ја намалува сивата економија и даночната евазија.

-Сивата економија, таа неформална економија, од една страна гради нелојална конкуренција кај бизнисите. Од друга страна е штетна за целото општество затоа што тоа што државата не може да се развива, е иницирано од сивата економија за да не се прибираат доволно средства за буџетот. Кои би се користеле за државен развој. Таа бројка изнесува околу една третина, според некои пресметки сивата економија е околу 36 проценти од вредноста на БДП, изјави Виктор Стојкоски од Асоцијацијата на е-трговија на Македонија.

The post УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски appeared first on telma.com.mk.

]]>
Лебот засега не поскапува, но цените ќе зависат од случувањата во Украина и на Блискиот Исток https://telma.com.mk/2024/04/23/lebot-za-sega-ne-poskapuva-no-czenite-zavisat-od-toa-shto-ke-se-sluchiva-vo-ukraina-i-na-bliskiot-istok/ Tue, 23 Apr 2024 13:51:42 +0000 https://telma.com.mk/?p=192586

Лебот нема да поскапи, неговата цена за сега останува иста, уверуваат производителите. Но, што ќе се случува понатаму не само со овој производи туку и со сите други ќе зависи од конфликтот во Украина и со новонастанатата состојба на Блискиот Исток. Поради случувањата таму периодов скокна цената на нафтата.  Дали...

The post Лебот засега не поскапува, но цените ќе зависат од случувањата во Украина и на Блискиот Исток appeared first on telma.com.mk.

]]>

Лебот нема да поскапи, неговата цена за сега останува иста, уверуваат производителите. Но, што ќе се случува понатаму не само со овој производи туку и со сите други ќе зависи од конфликтот во Украина и со новонастанатата состојба на Блискиот Исток. Поради случувањата таму периодов скокна цената на нафтата.  Дали пред нас е нов бран на поскапување од бизнисот велат дека се зависи од глобалните случувања. Потенцираа и дека цените не зависат само од нафтата,  туку и од други фактори меѓу кои е и цената на работната сила.

-Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е сега но не знаеме  што ќе се случува во однос на војната на  Блискиот Исток која дирекно се рефлектира на цената на нафтата, исто не знаеме со жетвата во Русија и Украина на производството  на жито повеќе параметри се и  варијабли кои влијаат на крајната, но сметам  дека во овој момент имаме стабилна и иста цена на лебот, вели Горан Ѓорѓиевски од Агро -бизнис комората при ССК

 

-Тука е цената на работна сила. Луѓето кои произведуваат леб и други прехранбени производи ќе траба да ги платите повеќе, а со тоа автоматски расте и цената на тие производи, вели Трајан Ангеловски, претседател на ССК.

Од бизнисот и со забелешка за тоа што утрешниот ден е прогласен за неработен. Велат, освен што никој не ги контактирал, со тоа што во среда нема да се работи негативно ќе ја завршат целата недела.

-Кога ќе прогласите неработен ден во среда негативно сте ја решиле целата недела и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни како и четврток и петокот. Навистина многу непријатна ситуација, додава Ангеловски.

Инаку, изминатиот период може да се забележи дека цените на одредени производи пораснаа по укинувањето на мерката за нивно замрзнување.

Ирена Чачкова

The post Лебот засега не поскапува, но цените ќе зависат од случувањата во Украина и на Блискиот Исток appeared first on telma.com.mk.

]]>
Трошоци растат, во април потребни над 1200 евра за да се истурка месецот, во сумата влегува и трошокот за изнајмување стан https://telma.com.mk/2024/04/23/troshoczi-rastat-vo-april-potrebni-nad-1200-evra-za-da-se-isturka-meseczot-vo-sumata-vleguva-i-troshokot-za-iznajmuvane-stan/ Tue, 23 Apr 2024 13:40:21 +0000 https://telma.com.mk/?p=192572

Месечните трошоци продолжуваат да растат. Во април, минималната синдикална кошница изнесува 60.212 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. По ова може да се види дека  во споредба со претходниот месец,  на едно четиричлено семејство сега му се потребни дополнителни 1.214 денари за да ги покрие основните трошоци. Ако на...

The post Трошоци растат, во април потребни над 1200 евра за да се истурка месецот, во сумата влегува и трошокот за изнајмување стан appeared first on telma.com.mk.

]]>

Месечните трошоци продолжуваат да растат. Во април, минималната синдикална кошница изнесува 60.212 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. По ова може да се види дека  во споредба со претходниот месец,  на едно четиричлено семејство сега му се потребни дополнителни 1.214 денари за да ги покрие основните трошоци. Ако на ова се додадат и трошоците за изнајмување стан од 60 квадратни метри, синдикалната кошница надминува  1.200 евра.

Според, пресметката на ССМ, најмногу пари во месецот или нешто над 22 илјади денари, едно четиричлено семејство троши на храна и пијалаци.

За облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари или 3 отсто, за здравје 1.059 денари или 1,8 отсто, за транспорт 5.068 денари, односно 8,4 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во април годинава му биле неопходни 3.004 денари, односно 5 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари или 7,3 отсто, за образование 6.955 денари или 11,6 отсто, за ресторани и хотели 3.890 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 950 денари, односно 1,6 отсто.

 

The post Трошоци растат, во април потребни над 1200 евра за да се истурка месецот, во сумата влегува и трошокот за изнајмување стан appeared first on telma.com.mk.

]]>
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат https://telma.com.mk/2024/04/22/dizelot-poevtinuva-benzinite-poskapuvaat/ Mon, 22 Apr 2024 11:20:35 +0000 https://telma.com.mk/?p=192381

Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени...

The post Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат appeared first on telma.com.mk.

]]>

Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денари за литар и ќе изнесуваат по 76 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, се зголемува за еден денар за литар и ќе изнесува 87,5 денари за литар, додека малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе биде 90 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,252 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,554 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,608 отсто, кај дизелот има намалување за 5,088 отсто, кај екстра лесното масло за 4,799 и кај мазутот намалувањето е за 1,138 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,618 отсто.

The post Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат appeared first on telma.com.mk.

]]>
Се трупаат долгови во компаниите на ЕСМ, на листата должници се најде СОЗР, МАНУ и речиси сите државни институции https://telma.com.mk/2024/04/19/se-trupaat-dolgovi-vo-kompaniite-na-esm-na-listata-dolzhniczi-se-najde-sozr-manu-i-rechisi-site-drzhavni-firmi/ Fri, 19 Apr 2024 13:33:38 +0000 https://telma.com.mk/?p=191839

Фирмите на ЕСМ за топлинска енергија заглавени во долгови. Трите новоформирани претпријатија повторно на листата на должници на Министерството за финансии и тоа на првата страница. Заклучно со март ЕСМ Дистрибуција има од долг од 32, 4 милиони евра и со тоа го зазеде третото место на списокот. Снабдување пак...

The post Се трупаат долгови во компаниите на ЕСМ, на листата должници се најде СОЗР, МАНУ и речиси сите државни институции appeared first on telma.com.mk.

]]>

Фирмите на ЕСМ за топлинска енергија заглавени во долгови. Трите новоформирани претпријатија повторно на листата на должници на Министерството за финансии и тоа на првата страница.

Заклучно со март ЕСМ Дистрибуција има од долг од 32, 4 милиони евра и со тоа го зазеде третото место на списокот. Снабдување пак наталожи неплатени обврски кон своите доверители од 11, 7 милиони евра, додека на  ЕСМ Производство долгот изнесува близу 10 милиони евра.

Сите три фирми во споредба со претходно имаат зголемување на долговите. Но, интересно е што ЕСМ производство првично немаше вакви проблеми, па заклучно со декември лани се најде на списокот со долг од нешто над 200 илјади евра, а сега тој се број во милиони.

Овие три фирми беа формирани за да можат да снабдуваат околу 60 илјади домаќинства со греење. Ова е втора грејна сезона како ЕСМ го менаџира парното.

И додека овие фирми се борат да ги подмират долговите кон своите доверители, се ближи периодот кога треба да се донесе и новата цена на парното. Лани се доцнеше со одлуката поради поставувањето на новиот топловод на мостот Беласица. Но со оглед на тоа што и годинава работата не е завршена се поставува прашањето дали  повторно ќе се случи истото. Мостот се уште не е целосно функционален. Град Скопје го чека ЕСМ да ги заврши работите. Од ЕСМ пак трет ден молк за тоа до каде се со  поставувањето на новите цевки.

На врвот на листата е веќе познатото претпријатие МЖ Транспорт кое никако да се тргне од првото место. Долгот на железница е над  65 милиони евра. Веднаш потоа е МЖ Инфраструктура.

Од долгиот список на финансии може да се види дека нема кој не должи. На листата се најдоа голем број Општини, факултети, добар дел до јавните претпријатија, клиники, болници, министерства, судови, спортски клубови и многу други.

Ирена Чачкова

The post Се трупаат долгови во компаниите на ЕСМ, на листата должници се најде СОЗР, МАНУ и речиси сите државни институции appeared first on telma.com.mk.

]]>
Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран https://telma.com.mk/2024/04/19/czenite-na-naftata-rastat-fjuchersite-potonaa-za-rechisi-500-poeni-poradi-izveshtaite-za-eksplozii-vo-iran/ Fri, 19 Apr 2024 07:09:17 +0000 https://telma.com.mk/?p=191723

Цените на нафтата утринава пораснаа за речиси 4%, а фјучерсите на американските акции остро паднаа поради извештаите за експлозии во Иран. Во последното тргување, цената на нафтата во САД се искачи за 3,7% до 85,80 долари за барел. Суровата нафта „брент“, светскиот репер, поскапе за 3,4 отсто на 90,13 долари...

The post Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран appeared first on telma.com.mk.

]]>

Цените на нафтата утринава пораснаа за речиси 4%, а фјучерсите на американските акции остро паднаа поради извештаите за експлозии во Иран. Во последното тргување, цената на нафтата во САД се искачи за 3,7% до 85,80 долари за барел.

Суровата нафта „брент“, светскиот репер, поскапе за 3,4 отсто на 90,13 долари за барел.

Цените на енергијата значително се зголемија бидејќи иранските новински агенции објавија дека се слушнале експлозии во близина на иранскиот аеродром во Исфахан.

Берзите во Азија пак потонаа бидејќи, според аналитичарите, опаднал стравот од ризикот.

The post Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран appeared first on telma.com.mk.

]]>
Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4% https://telma.com.mk/2024/04/18/pokacheni-ceni/ Thu, 18 Apr 2024 15:47:44 +0000 https://telma.com.mk/?p=191639

Инфлацијата на годишно ниво во март изнесувала 4 %, а храната во март оваа година била за 3,5 % поскапа во март 2023-та година гледано во однос на истиот месец лани, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика. Од храната, најмногу поскапело овошјето, за 18,4 % на годишно ниво. Ниту...

The post Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4% appeared first on telma.com.mk.

]]>

Инфлацијата на годишно ниво во март изнесувала 4 %, а храната во март оваа година била за 3,5 % поскапа во март 2023-та година гледано во однос на истиот месец лани, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика.

Од храната, најмногу поскапело овошјето, за 18,4 % на годишно ниво. Ниту зеленчукот не ја промашил двоцифрената инфлација, поскапел за 15 % во однос на ланскиот март. Или доколку јаболките лани биле 40 денари, оваа година се покачиле на 47 за килограм. Кај доматите например пак цената од 100 денари во март лани пораснала на 115 овој март, со што е крената и цената на ранопролетната шопска салата.

Натпросечно покачување на годишно ниво е забележано кај рибите и морските плодови (за 5,5%) и групата слатки работи-шекерот, џемот, медот, чоколадата, кондиторските производи односно кексови и наполитанки (за 5,1%).

Лебот и житата се покачиле за 2% во однос на ланскиот март, а месото и месните производи се покачиле за 2,1%. Во категоријата храна две групи производи бележат намалување на цени на годишно ниво.

Зејтинот и мастите поевтиниле за 14,5 % во однос на ланскиот март и големото намалување се должи на тоа што минатата година имаше голем пораст на цените пред се на сончогледовото маслото кое во втората половина на 2023-та се стабилизираше на 70 до 80 денари за литар и оттогаш не се мрднува.

Намалувањето на цената на зејтинот е најголемо во сите катергории (прехранбени, траснспортни и сите останати) регистрирано од статистика. Поевтинување минимално (0,7 %) има кај млекото, сирењето и останатите млечни производи.

Двоцифрено зголемување на цената во периодот март 2023.-март 2024. е „измерено“ и за реновирањето односно мајсторските „Услуги за одржување и поправки на живеалиштето“ сега се поскапи за 14,2%. Големо покачување е измерено и за авиоснките карти кои за една година поскапеле за 15,1 %. Автобуските карти во истиот период поскапеле за 2,9%, додека билетите за и онака ретките возови останале на исто ниво како и во март 2023.

Лековите и фармацевтските производи имаат годишна инфлација од 6,5 %, а најголем пораст на цените е регистриран во категоријата „Домашни услуги и услуги за домаќинствата“, цели 21,1% поскапо чинат услугите за чистење на станови и куќи, како и услугите на куќните помошни(чки)ци.

Во статистиката има и намалени цени на годишно ниво, па така цената на природниот гас за една година се намалила за 8 %. Медиумите за снимање (како картички, хард дискови) се поевтини за 8,8% во однос на лански март. Минимално намалување имаат и течните горива односно бензините, цврстите горива како дрво и јаглен (-4,5%), собирањето на отпадни води, социјални игри, детски играчки и спортска опрема.

Инфлацијата на годишно ниво во март изнесувала 4 %, а храната во март оваа година била за 3,5 % поскапа во март 2023-та година гледано во однос на истиот месец лани, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика.

Од храната, најмногу поскапело овошјето, за 18,4 % на годишно ниво. Ниту зеленчукот не ја промашил двоцифрената инфлација, поскапел за 15 % во однос на ланскиот март. Или доколку јаболките лани биле 40 денари, оваа година се покачиле на 47 за килограм. Кај доматите например пак цената од 100 денари во март лани пораснала на 115 овој март, со што е крената цената на ранопролетната шопска салата.

Натпросечно покачување на годишно ниво е забележано кај рибите и морските плодови (за 5,5%) и групата слатки работи-шекерот, џемот, медот, чоколадата, кондиторските производи односно кексови и наполитанки (за 5,1%).

Цената на лебот и житата се покачиле за 2% во однос на ланскиот март, а на месото и месните производи се покачиле за 2,1%. Во категоријата храна две групи производи бележат намалување на цени на годишно ниво.

Зејтинот и мастите поевтиниле за 14,5 % во однос на ланскиот март и големото намалување се должи на тоа што минатата година имаше голем пораст на цените пред се на сончогледовото маслото кое во втората половина на 2023-та се стабилизираше на 70 до 80 денари за литар и оттогаш не се мрднува.

Намалувањето на цената на зејтинот е најголемо во сите катергории (прехранбени, траснспортни и сите останати) регистрирано од статистика. Поевтинување минимално (0,7 %) има кај млекото, сирењето и останатите млечни производи.

Двоцифрено зголемување на цената во периодот март 2023.-март 2024. е „измерено“ и за реновирањето односно мајсторските „Услуги за одржување и поправки на живеалиштето“ сега се поскапи за 14,2%. Големо покачување е измерено и за авиоснките карти кои за една година поскапеле за 15,1 %. Автобуските карти во истиот период поскапеле за 2,9%, додека билетите за и онака ретките возови останале на исто ниво како и во март 2023.

Лековите и фармацевтските производи имаат годишна инфлација од 6,5 %, а најголем пораст на цените е регистриран во категоријата „Домашни услуги и услуги за домаќинствата“, цели 21,1% поскапо чинат услугите за чистење на станови и куќи, како и услугите на куќните помошни(чки)ци.

Во статистиката има и намалени цени на годишно ниво, па така цената на природниот гас за една година се намалила за 8 %. Медиумите за снимање (како картички, хард дискови) се поевтини за 8,8% во однос на лански март. Минимално намалување имаат и течните горива односно бензините, цврстите горива како дрво и јаглен (-4,5%), собирањето на отпадни води, социјални игри, детски играчки и спортска опрема.

The post Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4% appeared first on telma.com.mk.

]]>