Дејан Дејан, Author at telma.com.mk https://telma.com.mk/author/telma2/ Sat, 04 May 2024 21:13:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Дејан Дејан, Author at telma.com.mk https://telma.com.mk/author/telma2/ 32 32 Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ https://telma.com.mk/2024/05/04/laga-ili-vistina-patot-gradsko-prilep-trasa-za-obvinuvana-megu-sdsm-i-vmro-dpmne/ Sat, 04 May 2024 19:11:47 +0000 https://telma.com.mk/?p=195269

Носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата д-р Венко Филипче и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, а видеото од нивното возење е објавено на нивните ФБ страни. Бочварски објаснува дека првата...

The post Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ appeared first on telma.com.mk.

]]>

Носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата д-р Венко Филипче и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, а видеото од нивното возење е објавено на нивните ФБ страни.

Бочварски објаснува дека првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот автопат на коридор 10 се уште е во градба, меѓутоа, асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт.

Бочварски вели дека на првата делница се завршени 91%, а на втора делница над 80%.

Кратко по оваа објава на Фејсбук претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, објави видео од Дреновската клисура и тврди дека работите на патот се на самиот почеток и дека не е видлив ниту крајот.

„На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат“, рече Проданоски.

The post Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ appeared first on telma.com.mk.

]]>
ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата https://telma.com.mk/2024/05/04/foto-galerija-shkendija-slaveshe-na-chair-eden-rival-pomalku-vo-trkata-za-titulata/ Sat, 04 May 2024 18:49:56 +0000 https://telma.com.mk/?p=195226

Во дербито кое директно решаваше кој од двата ривали ќе остане во трката за шампионскиот трофеј, Шкендија како гостин го совлада Шкупи со 2:0. Со оваа победа Тетовци се задржаа на челната позиција на табелата и во последните две кола заедно со бранителот на тронот Струга ќе се борат за...

The post ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата appeared first on telma.com.mk.

]]>

Во дербито кое директно решаваше кој од двата ривали ќе остане во трката за шампионскиот трофеј, Шкендија како гостин го совлада Шкупи со 2:0.

Со оваа победа Тетовци се задржаа на челната позиција на табелата и во последните две кола заедно со бранителот на тронот Струга ќе се борат за титулата.

Стрелци на головите за Шкендија беа Клисман Цаке во 18. и Фитон Адеми во 59. минута.

ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата appeared first on telma.com.mk.

]]>
Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим https://telma.com.mk/2024/05/04/zapochna-czeremonija-na-svetiot-ogan-vo-czrkvata-na-svetiot-grob-vo-erusalim/ Sat, 04 May 2024 18:44:51 +0000 https://telma.com.mk/?p=195227

Верниците од источните православни цркви се собраа во црквата на Светиот гроб во Ерусалим во саботата за да учествуваат на годишната церемонија на Светиот оган. Овогодинешната церемонија доаѓа со засилени безбедносни и високи тензии додека израелската војна со Хамас се приближува до седмиот месец. На годишната церемонија која се одржува...

The post Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим appeared first on telma.com.mk.

]]>

Верниците од источните православни цркви се собраа во црквата на Светиот гроб во Ерусалим во саботата за да учествуваат на годишната церемонија на Светиот оган.

Овогодинешната церемонија доаѓа со засилени безбедносни и високи тензии додека израелската војна со Хамас се приближува до седмиот месец.

На годишната церемонија која се одржува повеќе од еден милениум, пламенот земен од гробот на Исус се користи за палење на свеќите на жестоките верници во православните заедници блиски и далечни.

Малку по малку, затемнетата црква е озрачена од ситни дамки светлина, кои на крајот ја осветлуваат целата зграда додека се прогласува воскресението на Исус.

  • „Оваа година е многу тажна, но посакувам со светлината на светиот оган од Ерусалим да даде мир низ целиот свет“, рече верникот Иса Асасиех.

Церемонијата се одржува во сабота пред православниот Велигден, кој годинава се слави на 5 мај.

Изворот на Светиот оган е строго чувана тајна со векови, а скептиците од средниот век го презираа како карневалски трик за масите.

The post Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим appeared first on telma.com.mk.

]]>
Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница https://telma.com.mk/2024/05/04/chetvoricza-drzhavjani-na-makedonija-se-uapseni-na-kosovo-trojcza-poradi-pukane-a-eden-bil-baran-so-potenicza/ Sat, 04 May 2024 18:00:18 +0000 https://telma.com.mk/?p=195220

Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени тројца државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница. Телма дознава дека станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи, кои се сега во притвор. На сајтот на македонското МВР до фотографијата на Красниќи...

The post Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница appeared first on telma.com.mk.

]]>

Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени тројца државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница.

Телма дознава дека станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи, кои се сега во притвор.

На сајтот на македонското МВР до фотографијата на Красниќи пишува и дека тој зад решетки треба да помине уште три години и три месеци.

Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница.

Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.

  • „На 17.10.2023 година околу 00:30 часот, во Подрачната полиција на Урошевац било пријавено дека има истрели од огнено оружје во кафеана во центарот „The Village Shopping & Fun“.
    Полициски патроли веднаш излегле на местото на настанот, кои дознале дека по тепачка, едно лице со огнено оружје (пиштол) пукало во друго лице, додека тие биле вклучени во тепачка и тројцата пријавени заминале во непознат правец. Инспекторите и регионалните форензичари по овластување на државниот обвинител по увид на местото на настанот започнаа увид и трага по осомничени. На 03.05.2024 година околу 23,43 часот, полициски екипи на Единицата за брз одговор (ЕРСУ) и Единицата за наркотици на улица „Астрит Битиќи“ во Урошевац сопреле автомобил „ауди“ со регистарски ознаки на Северна Македонија. При легитимирање на лицата и претрес на автомобилот пронајдени се три огнени оружја (пиштоли) и количина муниција. Додека четири лица се спроведени во полициска станица, поточно во Регионалниот сектор за истраги поради сомнение дека се барани лица, инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година:
    – А.К., маж, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 45 години, осомничен за „убиство во обид и учество во тепање.
    – С.Р., маж, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 40 години, осомничен дека учествувал во тепањето.
    – Ф.Т., маж, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 40 години, осомничен дека учествувал во тепањето.
    Во меѓувреме, лицето Б.К., машко, државјанин на Северна Македонија, на возраст од 42 години, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Северна Македонија.
    Осомничените, по извршениот разговор од подрачните истражители, по решение на државниот обвинител, добија 48 часа притвор за други истражни постапки и други постапки за екстрадиција на лицето кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението на косовската полиција.

Полициски единици вчера околу полноќ запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац, при што при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и одредена количина муниција, објави Контактплус.

Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.

По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението.

The post Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница appeared first on telma.com.mk.

]]>
Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024 https://telma.com.mk/2024/05/04/parlamentarni-izbori-2024-izborna-hronika-04-05-2024/ Sat, 04 May 2024 17:43:30 +0000 https://telma.com.mk/?p=195213

Еве дел од пораките на политичките партии како дел од кампањата за Парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај 2024. Конфискација на украденото, бара партијата Демократи. Предупредуваат дека државата не може да напредува доколку не му се спротивстави на политичкиот и на стопанскиот криминал. Земјоделците треба да добијат...

The post Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>

Еве дел од пораките на политичките партии како дел од кампањата за Парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај 2024.

Конфискација на украденото, бара партијата Демократи. Предупредуваат дека државата не може да напредува доколку не му се спротивстави на политичкиот и на стопанскиот криминал.

Земјоделците треба да добијат сигурен пласман на нивните производи. За тоа ќе се ангажира Коалицијата Храбро за Македонија.

Категорично НЕ за промена на уставот, порачаа  преку видео порака од Нова Алтернатива. Неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името е велат од паријата.

Категорично НЕ за промена на Уставот, порачаа  преку видео порака од Нова Алтернатива. Неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името е велат од паријата.

„Премиер за сите“! Овој дел од изборната програма на ДУИ го претстави Талат Џафери, како кандидат за пратеник во идниот парламентарен состав. Смета дека доследно и професионално ја извршувал улогата на прв премиер Албанец, со што станал пример за одговорност, зрелост и взаемна почит.

The post Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами https://telma.com.mk/2024/05/04/ferstapen-isto-kako-i-vo-kina-najbrz-na-sprintot-vo-majami/ Sat, 04 May 2024 17:34:01 +0000 https://telma.com.mk/?p=195204

Макс Ферстапен ја претвори пол-позицијата во победа на спринт трката во Мајами во рамки на Формула 1 шампионатот. Возачот на Ред Бул до втората спринт победа на исто толку трки сезонава дојде пред Шарл Леклер од Ферари и тимскиот колега Серхио Перез. Поени освоија и Даниел Рикардо, кој беше четврти,...

The post Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами appeared first on telma.com.mk.

]]>

Макс Ферстапен ја претвори пол-позицијата во победа на спринт трката во Мајами во рамки на Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул до втората спринт победа на исто толку трки сезонава дојде пред Шарл Леклер од Ферари и тимскиот колега Серхио Перез. Поени освоија и Даниел Рикардо, кој беше четврти, потоа Карлос Сајнц, Оскар Пијастри, Нико Хулкенберг и Јуки Цунода.

Официјалните квалификации за утрешната трка за Големата награда на Мајами се закажани за вечерва, а главниот настан е утре од 22 часот.

 

The post Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами appeared first on telma.com.mk.

]]>
Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник https://telma.com.mk/2024/05/04/pendarovski-mladite-znaat-deka-bev-i-deka-sekogash-ke-bidam-niven-sojuznik/ Sat, 04 May 2024 17:32:58 +0000 https://telma.com.mk/?p=195208

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар. Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно место во неговата програма, ги вреднувал и наградувал талентираните поединци, притоа поттикнувајќи ги да продолжат да творат и да се надоградуваат како...

The post Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник appeared first on telma.com.mk.

]]>

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар.

Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно место во неговата програма, ги вреднувал и наградувал талентираните поединци, притоа поттикнувајќи ги да продолжат да творат и да се надоградуваат како личности и како професионалци.

  • ,,Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности” рече Пендаровски.

Тој денеска побара поддршка од младите гостиварчани и ги повика на 8 мај да го заокружат бројот 1, за како што истакна, заеднички да го продолжат патот по кој се движи Македонија во последните неколку години и на нивните врсници да им овозможат подобри услови за егзистенција.

 

The post Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник appeared first on telma.com.mk.

]]>
Давкова од Чалакли: Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез https://telma.com.mk/2024/05/04/davkova-od-chakali-ona-shto-za-nas-makedonczite-e-poznato-kako-gurgovden-turskata-zaednicza-go-prepoznava-kako-hidrelez/ Sat, 04 May 2024 17:30:23 +0000 https://telma.com.mk/?p=195205

Во рамките на активностите во кампањата за вториот избор круг од претседателските избори, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше  на фестивалот Хид Бах Шен Фест во валандовското село Чалакли. Хидрелез е празник кој го слави турското население, а го означува почетокот на пролетта. „Со задоволство ги проследив богатите церемонии, убавите танци...

The post Давкова од Чалакли: Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез appeared first on telma.com.mk.

]]>

Во рамките на активностите во кампањата за вториот избор круг од претседателските избори, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше  на фестивалот Хид Бах Шен Фест во валандовското село Чалакли.

Хидрелез е празник кој го слави турското население, а го означува почетокот на пролетта.

„Со задоволство ги проследив богатите церемонии, убавите танци и особено предизвикувачкото пеливанско борење, сето одраз на една богата културна традиција која се негува тука, во Македонија. Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез“, вели Давкова.

Според неа културната идентификација е потполно иста што претставува своевидна апотеоза на природната хармонија помеѓу македонскиот и турскиот народ на овие простори. Во знак на ваквото единство, важно е да се спомене дека на заедничка иницијатива на Република Македонија и Република Турција, празникот Хидрелез во 2017 година беше прогласен за културно наследство на човештвото и истиот е запишан на листата на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.

The post Давкова од Чалакли: Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез appeared first on telma.com.mk.

]]>
Русија распиша потерница по Володимир Зеленски https://telma.com.mk/2024/05/04/rusija-rasposha-poternicza-po-volodimir-zelensk/ Sat, 04 May 2024 16:25:08 +0000 https://telma.com.mk/?p=195151

Руското Министерство за внатрешни работи го стави на „списокот на барани лица“ украинскиот претседател Володимир Зеленски, но обвиненија против него не се објавени. Објавена е и фотографија на Зеленски направена пред војната. Тој во 2019 година беше избран за претседател на Украина. за нов мандат требаше да се натпреварува на...

The post Русија распиша потерница по Володимир Зеленски appeared first on telma.com.mk.

]]>

Руското Министерство за внатрешни работи го стави на „списокот на барани лица“ украинскиот претседател Володимир Зеленски, но обвиненија против него не се објавени.

Објавена е и фотографија на Зеленски направена пред војната. Тој во 2019 година беше избран за претседател на Украина. за нов мандат требаше да се натпреварува на претседателски избори оваа година, но тој одлучи да ги откаже од безбедносни причини.

Зеленски, кој ја водеше својата земја низ целосната руска инвазија која започна во февруари 2022 година, се приклучува на долгата листа на странски функционери под различни кривични потерници, вклучително и многу водачи од Централна и Источна Европа.

Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за депортација на украински деца во Русија, воено злосторство според меѓународното законодавство.

Инаку вчера на 3 мај украинскиот претседател Володимир Зеленски го одбележа 800-тиот ден од почетокот на општата руска инвазија, велејќи дека „сите Украинци“ и сојузниците на Украина мора да направат се за да ги блокираат плановите на Кремљ.

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека информацијата дека претседателот Володимир Зеленски се барал во Русија е доказ за очајот на руската држава и нејзината пропаганда.

„Информациите во кои Министерството за внатрешни работи на Русија објави дека Зеленски е ставен на таканаречената листа на трага сведочи за очајот на руската држава и нејзината пропаганда“, се наведува во соопштението.

Беше истакнато дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под сомнение за воено злосторство е реална и дека оваа одлука е применлива во 123 земји.

The post Русија распиша потерница по Володимир Зеленски appeared first on telma.com.mk.

]]>
Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот https://telma.com.mk/2024/05/04/vlasta-i-opoziczijata-so-poraki-za-prodolzhuvane-na-amanetot-na-gocze-delchev-i-za-glasane-na-parlamentarnite-izbori-na-121-godishnina-od-smrtta-na-gocze-delchev/ Sat, 04 May 2024 14:15:47 +0000 https://telma.com.mk/?p=195082

Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев, корифејот на нашата револуционерна борба за слободна и независна држава. Пред гробот на Делчев во црквата Свети Спас се поклонија и положија цвеќе претседателот на државата Пендаровски и делегации од Владата, Собранието , Армијата, Сојузот на борците, политичките партии , претставници...

The post Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот appeared first on telma.com.mk.

]]>

Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев, корифејот на нашата револуционерна борба за слободна и независна држава. Пред гробот на Делчев во црквата Свети Спас се поклонија и положија цвеќе претседателот на државата Пендаровски и делегации од Владата, Собранието , Армијата, Сојузот на борците, политичките партии , претставници од дипломатскиот кор и др.

Да го продолжиме во иднина аманетот на Гоце Делчев, зашто тој е симбол на единството и на нашата државотворност. Ова го кажа заменичката претседател на СДСМ и носител на листа во изборната единица 3 за претстојните парламентарни избори, Сања Лукаревска .

  • Истиот е симбол на единството и секако на државотворноста , кој што се борел за слободна и просперитетна држава. Она кое што е аманет од Гоце Делчев, секако дека ние сме тие што ќе треба да го продолжиме и во иднина, кажа Сања Лукаревска, заменичка претседател на СДСМ и носителка на листа во ИЕ3.

А, носителката на листата во изборната единица 6 за парламентарните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, ги повика граѓаните да гласаат за да се зачува историјата и иднината на нашите деца.

  • Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија кои што ја ценат жртвата на Гоце Делчев , на борците од НОВ, да го одберат бројот 2 во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто, кажа Дафина Стојановска, носителка на листа во изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ.

А, во Законодавниот дом, традиционално беа врачени државните награди за особено значајни остварувања во интерес на Република Македонија , во областа на науката, кои го носат името на Гоце Делчев. Одборот за доделување одлучи годинава да бидат доделени две награди. На проф. д-р Иван Додовски и на проф.д-р Роберт Хадсон, за научниот зборник „ Долгата транзиција на Македонија , од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и на д-р Ана Мартоноска и на м-р Жарко Ивановски, за монографијата „ Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963, од архивските материјали на Васил Хаџиманов“. Во говорот пред присутните, претседателот на Одборот , академик Коцарев, се осврна на негирањето на македонското културно и духовно наследство од, како што кажа , соседите, ЕУ и некои домашни политичари.

  • Материјалните злосторства , големи и мали , се прават од користољубие. Меѓутоа , големите злосторства против човештвото се прават од верба и убедување, кажа академик Љупчо Коцарев, претседател на Одборот за доделување на наградата „ Гоце Делчев“.

А, од име на лауреатите, се обрати Ана Мартиноска, која истакна дека науката не треба да биде маргинализирана.

  • Се надеваме дека наградата ќе им даде видливост на нашите научни дела , да излезат од академските средини. Гласно да не опоменат дека вистинското богатство на државата е во интелектуалните сили на нејзините граѓани. Науката подразбира вложување на сиот интелектуален капацитет, во полза на својата држава и таа не смее да биде маргинализирана, ако сакаме прогрес и иднина, кажа д-р Ана Мартиноска, добитничка на наградата „ Гоце Делчев“.

Наградата „ Гоце Делчев“ се доделува од 1949 година, а прв добитник бил Блаже Конески.

Сотир Трајков

The post Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот appeared first on telma.com.mk.

]]>