Фудбал Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/fudbal/ Sat, 27 Apr 2024 11:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Фудбал Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/fudbal/ 32 32 Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер https://telma.com.mk/2024/04/27/193529/ Sat, 27 Apr 2024 10:24:33 +0000 https://telma.com.mk/?p=193529

Холанѓанецот Арне Слот ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул следната сезона. Премиерлигашот успеа да се договори со Феенорд за откуп на неговиот договор. „Црвените“ ќе платат 9 милиони евра обештетување за Слот и дополнителни два милиони во бонуси. Клубот сега ќе се обиде да ги договори...

The post Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер appeared first on telma.com.mk.

]]>

Холанѓанецот Арне Слот ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул следната сезона. Премиерлигашот успеа да се договори со Феенорд за откуп на неговиот договор.

„Црвените“ ќе платат 9 милиони евра обештетување за Слот и дополнителни два милиони во бонуси. Клубот сега ќе се обиде да ги договори личните услови со холандскиот стратег, кој од 1 јули треба да почне со работа на „Енфилд Роуд“. Челниците на Ливерпул се одлучија за Слот поради неговата офанзивна филозофија во пристапот кон фудбалот, но и поради фактот што е тренер кој знае како да развива играчи да го достигнат својот најголем потенцијал.

Тој лани ја освои шампионската титула во холандското првенство со Феенорд, а оваа сезона најверојатно ќе заврши на 2.место, но го освои Купот.

За потсетување, Јирген Клоп уште во јануари објави дека по завршувањето на оваа сезона го напушта Ливерпул по 8,5 години на клупата.

The post Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер appeared first on telma.com.mk.

]]>
Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото https://telma.com.mk/2024/04/23/pioli-sigurno-dobiva-otkaz-milan-naznachuva-poraneshen-igrach-na-kormiloto/ Tue, 23 Apr 2024 18:36:48 +0000 https://telma.com.mk/?p=192635

Стефано Пиоли е завршена приказна во Милан и тренерот по завршувањето на актуелната сезона ќе заработи отказ една година пред истекот на неговиот актуелен договор. Италијанецот беше назначен на клупата во октомври 2019 година и го одведе тимот до шампионската титула во Серија А во сезоната 2021/2022. Сепак, сезонава Милан...

The post Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото appeared first on telma.com.mk.

]]>

Стефано Пиоли е завршена приказна во Милан и тренерот по завршувањето на актуелната сезона ќе заработи отказ една година пред истекот на неговиот актуелен договор.

Италијанецот беше назначен на клупата во октомври 2019 година и го одведе тимот до шампионската титула во Серија А во сезоната 2021/2022. Сепак, сезонава Милан не беше на потребното ниво, особено не последните неколку важни натпревари како против Рома и Интер.

Низ италијанските медиуми веќе се шпекулира со неколку имиња, а последниот е Марк ван Бомел. Холанѓанецот моментално работи во Антверпен, а претходно беше тренер и на ПСВ  Ајндховен и Волфсбург. Тој е поранешен играч на Милан и е силно подржан од Златан Ибрахимовиќ.

На листата на потенцијални нови тренери на Милан се и Тијаго Мота од Болоња, Роберто де Зерби од Брајтон и Пауло Фонсека од Лил.

The post Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото appeared first on telma.com.mk.

]]>
Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул https://telma.com.mk/2024/04/23/holanganecz-ke-go-nasledi-jirgen-klop-na-klupata-na-liverpul/ Tue, 23 Apr 2024 18:23:46 +0000 https://telma.com.mk/?p=192631

Холанѓанецот Арне Слот е најголем фаворит да биде нов менаџер на Ливерпул и да го наследи Јирген Клоп, кој заминува по завршувањето на оваа сезона. Актуелниот тренер на Феенорд, наводно веќе имал состаноци со челниците на „црвените“ и е многу близу да ја добие работата. Минатата сезона го водеше Феенорд...

The post Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул appeared first on telma.com.mk.

]]>

Холанѓанецот Арне Слот е најголем фаворит да биде нов менаџер на Ливерпул и да го наследи Јирген Клоп, кој заминува по завршувањето на оваа сезона. Актуелниот тренер на Феенорд, наводно веќе имал состаноци со челниците на „црвените“ и е многу близу да ја добие работата.

Минатата сезона го водеше Феенорд до шампионската титула во холандското првенство, а оваа го освои холандскиот куп. Слот со тимот од Ротердам играше и во финалето на Конференциската лига на УЕФА во 2022 година. Тој лани беше кандидат и за да седне на клупата на Тотенхем, но реши да ја одбие понудата за да остане во Феенорд.

Ливерпул претходно беше поврзуван со Рубен Аморим од Спортинг Лисабон, но и со неколку други тренерски имиња.

The post Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул appeared first on telma.com.mk.

]]>
ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона https://telma.com.mk/2024/04/23/pszh-e-podgotven-da-plati-200-milioni-evra-za-tinejdher-na-barselona/ Tue, 23 Apr 2024 18:15:32 +0000 https://telma.com.mk/?p=192628

ПСЖ веќе ги планира засилувањата за следната сезона, а ќе има тешка задача да го замени Килијан Мбапе, кој најави дека заминува како слободен агент. Според францускиот весник „Ле Паризиен“, приоритет на парижаните ќе биде младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал. Крилниот напаѓач иако има само 16 години, сезонава се...

The post ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона appeared first on telma.com.mk.

]]>

ПСЖ веќе ги планира засилувањата за следната сезона, а ќе има тешка задача да го замени Килијан Мбапе, кој најави дека заминува како слободен агент. Според францускиот весник „Ле Паризиен“, приоритет на парижаните ќе биде младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

Крилниот напаѓач иако има само 16 години, сезонава се промовираше како еден од најдобрите играчи на Каталонците. ПСЖ смета дека Јамал за неколку сезони може да го достине нивото на Мбапе и да биде еден од најголемите светски играчи.

Францускиот гигант, наводно е подготвен да плати обештетување од 200 милиони евра за да го доведе тинејџерот на „Паркот на принцовите“ претстојното лето. Барселона мора да размислување на продавање на дел од своите играчи, поради финансиските проблеми. За потсетување, во  2017 година Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, што и натаму е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

The post ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона appeared first on telma.com.mk.

]]>
ФОТО галерија: Воска ги освои бодовите против Вардар во дербито за опстанок во ПМФЛ https://telma.com.mk/2024/04/21/foto-galerija-voska-gi-osvoi-bodovite-protiv-vardar-vo-derbito-za-opstanok-vo-pmfl/ Sun, 21 Apr 2024 18:17:23 +0000 https://telma.com.mk/?p=192291

Во дуелот на двата тима кои до крајот на сезоната ќе се обидат да ги избегнат последните две позиции на табелата Воска како гостин го совлада Вардар со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Милош Аќимовиќ во 32. минута. ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Воска ги освои бодовите против Вардар во дербито за опстанок во ПМФЛ appeared first on telma.com.mk.

]]>

Во дуелот на двата тима кои до крајот на сезоната ќе се обидат да ги избегнат последните две позиции на табелата Воска како гостин го совлада Вардар со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Милош Аќимовиќ во 32. минута.

ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Воска ги освои бодовите против Вардар во дербито за опстанок во ПМФЛ appeared first on telma.com.mk.

]]>
ФОТО галерија: Бриж по втор пат подобар од ПАОК за пласман во полуфинале https://telma.com.mk/2024/04/19/foto-galerija-brizh-po-vtor-pat-podobar-od-paok-za-plasman-vo-polufinale/ Fri, 19 Apr 2024 03:03:34 +0000 https://telma.com.mk/?p=191689

Фудбалерите на Бриж се пласираа во полуфиналето од Конференциската лига на УЕФА откако и во реваншот во Солун беа поуспешни од ПАОК. Белгискиот состав овој пат славеше со 2:0, а стрелец на двата погодоци беше поранешниот фудбалер на Барселона, Феран Јутгла кој се запиша во листата на стрелците во 33....

The post ФОТО галерија: Бриж по втор пат подобар од ПАОК за пласман во полуфинале appeared first on telma.com.mk.

]]>

Фудбалерите на Бриж се пласираа во полуфиналето од Конференциската лига на УЕФА откако и во реваншот во Солун беа поуспешни од ПАОК.

Белгискиот состав овој пат славеше со 2:0, а стрелец на двата погодоци беше поранешниот фудбалер на Барселона, Феран Јутгла кој се запиша во листата на стрелците во 33. и 45. минута.

Противник на Бриж во полуфиналето ќе му  биде Фиорентина, а во вториот дуел се соочуваат Астон Вила и Олимпијакос.

ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Бриж по втор пат подобар од ПАОК за пласман во полуфинале appeared first on telma.com.mk.

]]>
Наполи се договори со Џонатан Дејвид од Лил https://telma.com.mk/2024/04/18/napoli-se-dogovori-so-dhonatan-dejvid-od-lil/ Thu, 18 Apr 2024 15:43:20 +0000 https://telma.com.mk/?p=191642

Џонатан Дејвид ќе биде замената за Виктор Озимен во нападот на Наполи ова лето. Нигериецот е на добар пат да си замине од стадионот „Диего Армандо Марадона“ и тоа за обешетување од преку 100 милиони евра. Наполи е подготвен половина од овие пари да ги инвестира во Дејвид од тимот...

The post Наполи се договори со Џонатан Дејвид од Лил appeared first on telma.com.mk.

]]>

Џонатан Дејвид ќе биде замената за Виктор Озимен во нападот на Наполи ова лето. Нигериецот е на добар пат да си замине од стадионот „Диего Армандо Марадона“ и тоа за обешетување од преку 100 милиони евра.

Наполи е подготвен половина од овие пари да ги инвестира во Дејвид од тимот на Лил. Канаѓанецот наводно веќе ги договорил личните услови со италијанскиот тим и ќе потпише петгодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона.

Дејвид сезонава во Лига 1 на 28 натпревари има 16 голови.

The post Наполи се договори со Џонатан Дејвид од Лил appeared first on telma.com.mk.

]]>
Леверкузен е подготвен да ја продаде својата ѕвезда, но само за 150 милиони евра https://telma.com.mk/2024/04/18/leverkuzen-e-podgotven-da-ja-prodade-svojata-zvezda-no-samo-za-150-milioni-evra/ Thu, 18 Apr 2024 15:39:34 +0000 https://telma.com.mk/?p=191638

Флоријан Вирц е еден од клучните играчи на Баер Леверкузен во историската сезона во која тимот за прв пат стана шампион во Бундеслигата и тоа на пет кола до крајот. Иако „фармацевтите“ сакаат да го задржат во своите редови, извршниот директор Фернандо Каро вели дека сепак германскиот репрезентативец има цена....

The post Леверкузен е подготвен да ја продаде својата ѕвезда, но само за 150 милиони евра appeared first on telma.com.mk.

]]>

Флоријан Вирц е еден од клучните играчи на Баер Леверкузен во историската сезона во која тимот за прв пат стана шампион во Бундеслигата и тоа на пет кола до крајот. Иако „фармацевтите“ сакаат да го задржат во своите редови, извршниот директор Фернандо Каро вели дека сепак германскиот репрезентативец има цена.

Клубот ќе размисли да го продаде Вирц ако пристигне понуда од 150 милиони евра. Младиот 20-годишен фудбалер веќе изрази желба да остане во Леверкузен барем уште една сезона, но огромна понуда за негов трансфер може да промени многу работи.

Сезонава во Бундеслигата, Вирц има 29 натпревари и 11 голови.

The post Леверкузен е подготвен да ја продаде својата ѕвезда, но само за 150 милиони евра appeared first on telma.com.mk.

]]>
ФОТО галерија: Градското дерби за Работнички, Вардар се врати на Градски https://telma.com.mk/2024/04/14/foto-galerija-gradskoto-derbi-za-rabotnichki-vardar-se-vrati-na-gradski/ Sun, 14 Apr 2024 17:21:24 +0000 https://telma.com.mk/?p=190942

Дваесет и седмото коло во домашниот фудбалски шампионат го одбележа дуелот на градските ривали Работнички и Вардар. По двата порази во првиот дел од првенството, Работнички успеа да го совлада Вардар со 2:0 и да освои значајни бодови во трката за опстанок во елитното друштво. Головите беа дело на Димитар...

The post ФОТО галерија: Градското дерби за Работнички, Вардар се врати на Градски appeared first on telma.com.mk.

]]>

Дваесет и седмото коло во домашниот фудбалски шампионат го одбележа дуелот на градските ривали Работнички и Вардар.

По двата порази во првиот дел од првенството, Работнички успеа да го совлада Вардар со 2:0 и да освои значајни бодови во трката за опстанок во елитното друштво.

Головите беа дело на Димитар Тодоровски во 75. и Адтхе Мазари во четвртата минута од судиското надополнување.

ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Градското дерби за Работнички, Вардар се врати на Градски appeared first on telma.com.mk.

]]>
ЛШ: Барселона победнички на „Паркот на Принцовите“, Атлетико подобар од Борусија Дортмунд https://telma.com.mk/2024/04/11/lsh-barselona-pobednichki-na-parkot-na-princzovite-atletiko-podobar-od-borusija-dortmund/ Thu, 11 Apr 2024 07:27:41 +0000 https://telma.com.mk/?p=190192

Барселона забележа вредна победа од 3:2 над Пари Сен Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Паркот на принцовите“. Двата тима приредија вистински спектакл, одбележан со два пресврти. Најпрво Каталонците поведоа во 36. минута преку Бразилецот Рафиња. Сепак, во 50. минута поранешниот играч на Барселона  Усман...

The post ЛШ: Барселона победнички на „Паркот на Принцовите“, Атлетико подобар од Борусија Дортмунд appeared first on telma.com.mk.

]]>

Барселона забележа вредна победа од 3:2 над Пари Сен Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Паркот на принцовите“.

Двата тима приредија вистински спектакл, одбележан со два пресврти. Најпрво Каталонците поведоа во 36. минута преку Бразилецот Рафиња. Сепак, во 50. минута поранешниот играч на Барселона  Усман Дембеле го израмни резултатот на 1:1. По 120 секунди парижаните го свртеа натпреварот во своја полза благодарение на Витиња, кој го запиша своето име меѓу стрелците.

Тоа не се покажа доволно за победа бидејќи Рафиња и Андреас Кристенсен станаа херои за Барселона во 62. и 77. минута и донесоа голема победа среде Париз.

Атлетико Мадрид пак ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар меѓу двата тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид постигнаа ран погодок уште во 5 минута преку Родриго де Пол   а во 32. минута Самуел Лино зголеми на 2:0.

На 2:1 намали Себастиен Алер ​​во 81 минута  со што го постави конечниот резултат на натпреварот.

The post ЛШ: Барселона победнички на „Паркот на Принцовите“, Атлетико подобар од Борусија Дортмунд appeared first on telma.com.mk.

]]>