Ракомет Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/rakomet/ Thu, 18 Apr 2024 17:53:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Ракомет Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/rakomet/ 32 32 Македонија ги доби ривалите на ЕП 2024, натпреварите ќе ги игра во Дебрецен https://telma.com.mk/2024/04/18/makedonija-gi-dobi-rivalite-na-ep-2024-a-natprevarite-ke-gi-igra-vo-debreczen/ Thu, 18 Apr 2024 17:50:31 +0000 https://telma.com.mk/?p=191660

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби ривалите на Европското првенство што годинава ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во три земји, Унгарија, Швајцарија и Австрија. Нашата селекција натпреварите ќе ги игра во Дебрецен. На денешната ждрепка во Виена, Македонија беше извлечена во рамки на Групата А, каде...

The post Македонија ги доби ривалите на ЕП 2024, натпреварите ќе ги игра во Дебрецен appeared first on telma.com.mk.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби ривалите на Европското првенство што годинава ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во три земји, Унгарија, Швајцарија и Австрија. Нашата селекција натпреварите ќе ги игра во Дебрецен.

На денешната ждрепка во Виена, Македонија беше извлечена во рамки на Групата А, каде за ривали доби два гиганти, Шведска и ко-домаќинот Унгарија. Третиот наш ривал е селекцијата на Турција.

Во рамки на првото коло ќе ги одмериме силите со Шведска на 28 ноември, а два дена подоцна играме со Турција. На 2.декември е закажан дуелот со ко-домаќинот Унгарија.

Само првите две репрезентации од групите продолжуваат во главната фаза на турнирот.

Група Б (Дебрецен): Црна Гора, Романија, Србија, Чешка
Група Ц (Базел): Франција, Шпанија, Полска, Португалија
Група Д (Базел): Данска, Швајцарија, Хрватска, Фарски Острови
Група Е (Инсбрук): Норвешка, Австрија, Словенија, Словачка
Група Ф (Инсбрук): Холандија, Германија, Исланд, Украина

Фото: Игор Паневски

The post Македонија ги доби ривалите на ЕП 2024, натпреварите ќе ги игра во Дебрецен appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ракометарките денеска ќе ги добијат противниците на ЕП 2024 https://telma.com.mk/2024/04/18/rakometarkite-deneska-ke-gi-dobijat-protivniczite-na-ep-2024/ Thu, 18 Apr 2024 10:56:36 +0000 https://telma.com.mk/?p=191555

Македонската женска ракометна репрезентација денеска од 18 часот ќе ги добие ривалите на Европското првенство што ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември годинава во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Ждрепката за групите ќе се одржи во Виена, а на овој турнир за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации....

The post Ракометарките денеска ќе ги добијат противниците на ЕП 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација денеска од 18 часот ќе ги добие ривалите на Европското првенство што ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември годинава во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Ждрепката за групите ќе се одржи во Виена, а на овој турнир за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации. Македонија се најде во третиот квалитативен барабан, па во група нема да може да игра со Словенија, Србија, Хрватска, Полска и Исланд.

Шест репрезентации се веќе поделени во по една група. Унгарија како еден од домаќините ќе игра во групата А во Дебрецен, Црна Гора ќе се натпреварува во групата Б исто така во Дебрецен. Во Базел се играат исто така две групи, Франција ќе биде во групата Ц, а Швајцарија во Д-конкуренцијата. Во Инсбрук ќе биде ко-домаќинот Австрија и тоа во рамки на групата Е, а во истиот град во рамки на групата Ф ќе биде Германија.

Групната фаза се игра во Дебрецен, Инсбрук и Базел, главната фаза е во Дебрецен и Виена, а финалниот викенд е само во австрискиот главен град.

Фото: Игор Паневски

The post Ракометарките денеска ќе ги добијат противниците на ЕП 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>
ФОТО галерија: Вардар триумфираше во вечното ракометно дерби https://telma.com.mk/2024/04/09/foto-galerija-vardar-triumfirashe-vo-vechnoto-rakometno-derbi/ Tue, 09 Apr 2024 20:05:11 +0000 https://telma.com.mk/?p=190048

Ракометарите на Вардар во дуелот против вечниот ривал Еурофарм Пелистер успеаа да забележат победа од 24:20 и да се вратат во трката за освојување на шампионската титула. Најефикасен во победничкиот тим со шест погодоци беше Косуке Јасухира, а по четири постигнаа Гоце Георгиевски, Стефан Петриќ и Хансер Родригез додека голманот...

The post ФОТО галерија: Вардар триумфираше во вечното ракометно дерби appeared first on telma.com.mk.

]]>

Ракометарите на Вардар во дуелот против вечниот ривал Еурофарм Пелистер успеаа да забележат победа од 24:20 и да се вратат во трката за освојување на шампионската титула.

Најефикасен во победничкиот тим со шест погодоци беше Косуке Јасухира, а по четири постигнаа Гоце Георгиевски, Стефан Петриќ и Хансер Родригез додека голманот Мартин Томовски имаше 12 интервенции.

Кај Битолчани прв стрелец со шест гола беше Нејц Цехте, а по четири пати прецизни беа Богдан Радивојевиќ и Жарко Пешевски.

ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Вардар триумфираше во вечното ракометно дерби appeared first on telma.com.mk.

]]>
Рк Вардар потпиша договор со Кемпа https://telma.com.mk/2024/04/09/rk-vardar-potpisha-dogovor-so-kempa/ Tue, 09 Apr 2024 14:41:36 +0000 https://telma.com.mk/?p=190007

Двократниот европски шампион Вардар потпиша тригодишен договор со германската компанија за спортска опрема Кемпа. -Успеавме да споиме два бренда во една соработка која ќе биде повеќенаменска, повеќеслојна, базирана на партнерски однос и очекувам да биде долгорочна. Првично, оваа соработка има додатна вредност за нас, што значи преговарање и со други...

The post Рк Вардар потпиша договор со Кемпа appeared first on telma.com.mk.

]]>

Двократниот европски шампион Вардар потпиша тригодишен договор со германската компанија за спортска опрема Кемпа.

-Успеавме да споиме два бренда во една соработка која ќе биде повеќенаменска, повеќеслојна, базирана на партнерски однос и очекувам да биде долгорочна. Првично, оваа соработка има додатна вредност за нас, што значи преговарање и со други германски компании кои имаат интерес да вложат во Вардар, изјави Борко Ристовски на денешната прес-конференција.

Претставникот на „Кемпа“, Тим Гротхаус исто така изрази задоволство од постигнатиот договор за соработка со „црвено-црните“.

– Кемпа е препознатлив спортски бренд со искуство во ракомет. Вардар е исто така светски бренд во овој спорт. Среќни сме што ќе бидеме дел од Вардар. Се обврзавме на тригодишна соработка која ќе ги опфати сите нивоа на Вардар, од помладите категории па се до првиот тим, рече Гротхасус.

РК Вардар по крајот на сезоната ќе ја заврши соработката со компанијата „Хумел“ која го снабдуваше со спортска опрема изминатите неколку сезони.

The post Рк Вардар потпиша договор со Кемпа appeared first on telma.com.mk.

]]>
ФОТО галерија: Ракометарките триумфално го заверија местото меѓу европската елита https://telma.com.mk/2024/04/07/foto-galerija-rakometarkite-triumfalno-go-zaverija-mestoto-megu-evropskata-elita/ Sun, 07 Apr 2024 18:57:39 +0000 https://telma.com.mk/?p=189701

Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство, македонската женска ракометна репрезентација ја совлада Литванија со 34:24. Со овој триумф нашиот состав го потврди второто место во групата и обезбеди ново учество во завршницата на континенталните шампионати. Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Андреа Седлоска и Емилијана Ризоска кои шест...

The post ФОТО галерија: Ракометарките триумфално го заверија местото меѓу европската елита appeared first on telma.com.mk.

]]>

Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство, македонската женска ракометна репрезентација ја совлада Литванија со 34:24.

Со овој триумф нашиот состав го потврди второто место во групата и обезбеди ново учество во завршницата на континенталните шампионати.

Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Андреа Седлоска и Емилијана Ризоска кои шест пати се запишаа во листата на стрелците додека Ива Младеновска постигна четири погодоци.

ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Ракометарките триумфално го заверија местото меѓу европската елита appeared first on telma.com.mk.

]]>
ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер супериорен во дуелот против Алкалоид https://telma.com.mk/2024/04/06/foto-galerija-eurofarm-pelister-superioren-vo-duelot-protiv-alkaloid/ Sat, 06 Apr 2024 19:52:15 +0000 https://telma.com.mk/?p=189562

Во дербито на седмото коло од разигрувањето за шампионската титула, Еурофарм Пелистер го совлада Алкалоид со 35:25 и направи уште еден крупен чекор кон одбрана на трофејот во домашното првенство. Битолчани доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент на противникот не му дадоа надеж дека може...

The post ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер супериорен во дуелот против Алкалоид appeared first on telma.com.mk.

]]>

Во дербито на седмото коло од разигрувањето за шампионската титула, Еурофарм Пелистер го совлада Алкалоид со 35:25 и направи уште еден крупен чекор кон одбрана на трофејот во домашното првенство.

Битолчани доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент на противникот не му дадоа надеж дека може да направи изненадување и на крајот сосема заслужено стигнаа до убедлив триумф.

Најефикасен во победничкиот тим со 12 гола беше Нејц Цехте, шест пати прецизен беше Богдан Радивојевиќ додека во составот на Алкалоид шест погодоци беа дело на Дамјан Митев.

ФОТО: Игор Паневски

The post ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер супериорен во дуелот против Алкалоид appeared first on telma.com.mk.

]]>
Шпанија победи во Литванија: Македонија и официјално на ЕП 2024 https://telma.com.mk/2024/04/03/shpanija-pobedi-vo-litvanija-makedonija-i-oficzijalno-na-ep-2024/ Wed, 03 Apr 2024 18:52:55 +0000 https://telma.com.mk/?p=189066

Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Нашите девојки го победија Азербејџан убедливо во Баку, а Шпанија славеше со 20-34 на гостувањето кај Литванија. Токму овој резултат значеше дека Македонија има недостижна бодовна предност на второто место во...

The post Шпанија победи во Литванија: Македонија и официјално на ЕП 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Нашите девојки го победија Азербејџан убедливо во Баку, а Шпанија славеше со 20-34 на гостувањето кај Литванија. Токму овој резултат значеше дека Македонија има недостижна бодовна предност на второто место во квалификациската Група 5 и на едно коло до крајот се обезбеди пласман на континенталниот турнир.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски добро го почнаа натпреварот со 0-4. Изненадувачки Азербејџан дојде до израмнување 5-5, но тоа само ги мотивираше нашите ракометарки во продолжението. На полувремето веќе имавме опиплива предност во Баку од 12-19.

Во вториот дел од минута во минута само го зголемувавме водството до највисоки +16 голови разлика. Конечниот резултат гласеше 22-37.

Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во редовите на Македонија, Сара Ристовска имаше гол помалку, а голманките Јована Мицевска и Драгана Петковска имаа по четири интервенции.

Во последното коло од квалификациите во рамки на групата 5 на домашен терен ја пречекуваме Литванија во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 18 часот.

Влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен.

The post Шпанија победи во Литванија: Македонија и официјално на ЕП 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>
Македонија убедлива против Азербејџан: Пласманот на ЕП 2024 е речиси обезбеден https://telma.com.mk/2024/04/03/makedonija-ubedliva-protiv-azerbejdhan-plasmanot-na-ep-2024-e-rechisi-obezbeden/ Wed, 03 Apr 2024 15:09:37 +0000 https://telma.com.mk/?p=189051

Македонската женска ракометна репрезентација славеше убедлива победа на гостувањето кај Азербејџан и се најде на чекор до пласман на Европското првенство, што ќе се одржи годинава во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Македонија сега чека услуга од фаворитот Шпанија, кој ако слави на гостувањето кај Литванија, нашите ракометарки уште вечерва на...

The post Македонија убедлива против Азербејџан: Пласманот на ЕП 2024 е речиси обезбеден appeared first on telma.com.mk.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација славеше убедлива победа на гостувањето кај Азербејџан и се најде на чекор до пласман на Европското првенство, што ќе се одржи годинава во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Македонија сега чека услуга од фаворитот Шпанија, кој ако слави на гостувањето кај Литванија, нашите ракометарки уште вечерва на едно коло до крајот ќе прослават пласман на континенталниот турнир.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски добро го почнаа натпреварот со 0-4. Изненадувачки Азербејџан дојде до израмнување 5-5, но тоа само ги мотивираше нашите ракометарки во продолжението. На полувремето веќе имавме опиплива предност во Баку од 12-19.

Во вториот дел од минута во минута само го зголемувавме водството до највисоки +16 голови разлика. Конечниот резултат гласеше 22-37.

Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во редовите на Македонија, Сара Ристовска имаше гол помалку, а голманките Јована Мицевска и Драгана Петковска имаа по четири интервенции.

Во последното коло од квалификациите во рамки на групата 5 на домашен терен ја пречекуваме Литванија во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 18 часот.

The post Македонија убедлива против Азербејџан: Пласманот на ЕП 2024 е речиси обезбеден appeared first on telma.com.mk.

]]>
Хансен заминува во пензија по Олимписките игри во Париз 2024 https://telma.com.mk/2024/04/03/hansen-zaminuva-vo-penzija-po-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024/ Wed, 03 Apr 2024 13:09:54 +0000 https://telma.com.mk/?p=189003

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Микел Хансен ќе се пензионира од спортот ова лето. Данецот, кој има 36 години се надева дека ќе игра на Олимписките игри во Париз и со уште еден трофеј ќе ја заврши кариерата. Хансен денеска на прес-конференција организирана од неговиот актуелен клуб Алборг...

The post Хансен заминува во пензија по Олимписките игри во Париз 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Микел Хансен ќе се пензионира од спортот ова лето. Данецот, кој има 36 години се надева дека ќе игра на Олимписките игри во Париз и со уште еден трофеј ќе ја заврши кариерата.

Хансен денеска на прес-конференција организирана од неговиот актуелен клуб Алборг ги потврди шпекулациите што се појавија вчера дека заминува во пензија. Левиот бек се надева дека ќе игра и на Олимписките игри во Париз, што ќе биде негов последен голем турнир во кариерата.

Го живееше ракометниот сон речиси 20 години. Со данската репрезентација за која има 266 настапи и 1.350 голови има освоено златни медали на сите три големи турнири, Европско првенство, Светско првенство и Олимписки игри во Рио 2016. Во клупската кариера, интересно не успеа никогаш да ја освои Лигата на шампиони иако играше за гиганти како Барселона и цели 10 сезони за ПСЖ.

Неговата последна шанса ќе биде оваа сезона со тимот на Алборг, кој веќе е пласиран во четвртфиналето.

 

The post Хансен заминува во пензија по Олимписките игри во Париз 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>
Македонските ракометарки веќе утре можат да обезбедат пласман на ЕП 2024 https://telma.com.mk/2024/04/02/makedonskite-rakometarki-veke-utre-mozhat-da-obezbedat-plasman-na-ep-2024/ Tue, 02 Apr 2024 10:07:08 +0000 https://telma.com.mk/?p=188739

Македонската женска ракометна репрезентација утре гостува кај Азербејџан во претпоследниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство оваа година што ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Нашите девојки се многу близу до пласман на континенталниот турнир, а за такво нешто прво е потребна победа во Баку. На...

The post Македонските ракометарки веќе утре можат да обезбедат пласман на ЕП 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација утре гостува кај Азербејџан во претпоследниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство оваа година што ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Нашите девојки се многу близу до пласман на континенталниот турнир, а за такво нешто прво е потребна победа во Баку.

На првата средба во квалификациите во Скопје, Македонија славеше убедлива победа од 40-17 против Азербејџан. Утре треба да го потврдиме квалитетот и со победа ќе бидеме речиси пласирани на Европското првенство. Нешто подоцна потоа ќе играат Литванија и Шпанија,  а „фуријата“ не би требало да има проблеми да слави на гостински терен, па и математички ќе обезбедиме европска виза. Последниот дуел со Литванија во Скопје ќе биде само формалност.

Во 2022 година Македонија се врати на Европските првенства по шести пат, но како ко-домаќин заедно со Црна Гора и Словенија и важно е да се напомене дека не играше квалификации.

Утре против Азербејџан играме од 15 часот во Баку, додека ја пречекуваме Литванија во Скопје во арената „Борис Трајковски“ во недела со почеток од 18 часот, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде бесплатен.

 

The post Македонските ракометарки веќе утре можат да обезбедат пласман на ЕП 2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>