Свет Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/svet/ Fri, 26 Apr 2024 13:18:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Свет Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/svet/ 32 32 Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност https://telma.com.mk/2024/04/26/entoni-blinken-do-si-dhiping-poddrshkata-za-ruskata-odbrana-ja-zagrozuva-evropskata-bezbednost/ Fri, 26 Apr 2024 13:18:43 +0000 https://telma.com.mk/?p=193438

Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност, ова е главната порака на американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Пекинг се сретна со кинескиот претседател. Си Џипинг на највисокиот американски дипломат му возврати дека Кина и САД треба да бидат „партнери, а не ривали“ и да избегнуваат да се...

The post Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност appeared first on telma.com.mk.

]]>

Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност, ова е главната порака на американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Пекинг се сретна со кинескиот претседател. Си Џипинг на највисокиот американски дипломат му возврати дека Кина и САД треба да бидат „партнери, а не ривали“ и да избегнуваат да се вклучат во „злобен натпревар“.

  • Поддршката на руската одбранбена индустриска база не само што ја загрозува украинската, туку и ја загрозува европската безбедност. Пекинг не може да постигне подобри односи со Европа додека ја поддржува најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна, рече Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
  • Кина е подготвена да види самоуверени и отворени САД со просперитет и развој. Се надеваме дека и САД можат позитивно да гледаат на развојот на Кина. Само кога ќе се реши ова фундаментално прашање и кога ќе се закопча „првото копче“, Кина-САД односите навистина да се стабилизираат, да се подобрат и да се движат напред, рече Си Џипинг, претседател на Кина.

Претходно, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го предупреди Блинкен да не ги гази „црвените линии“ на Кина, на што Блинкен ги повика кинеските власти на одговорност за луѓето шитум светот.

  • Ние секогаш повикуваме на почитување на основните интереси на едни со други и ги повикуваме САД да не се мешаат во внатрешните работи на Кина, да не го лочат развојот на Кина и да не газат на црвените линии на Кина за суверенитетот, безбедноста и развојот на Кина, рече Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина.
  • Но, исто така, да се осигураме дека сме што е можно појасни за областите каде што имаме разлики, во најмала рака да избегнеме недоразбирања, да избегнеме погрешни пресметки кои навистина се заедничка одговорност што ја имаме, не само за нашиот народ, туку и за луѓе ширум светот со оглед на влијанието што односите меѓу нашите земји го имаат низ целиот свет, рече Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Неговото патување доаѓа неколку дена откако САД усвоија закон кој ќе го принуди TikTok, кој е во кинеска сопственост да ја продаде апликацијата или ќе биде забранет во Америка. На што домаќините остро се спротивставуваат. Кина и САД се главните играчи во Индо-Пацификот. Минатата недела Вашингтон го одобри својот најнов пакет помош, кој вклучуваше воена помош и за Тајван. Официјален Пекинг ја осуди американската помош за Тајван нарекувајќи ја „опасна провокација“.

 Билјана Ставрова

The post Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност appeared first on telma.com.mk.

]]>
Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп https://telma.com.mk/2024/04/26/pokazhaa-razbirane-za-baraneto-za-imunitet-vrhovnite-sudii-nakloneti-kon-konzervativczite-vo-sluchajot-so-tramp/ Fri, 26 Apr 2024 11:50:50 +0000 https://telma.com.mk/?p=193422

Историскиот случај, кој може да ја реши правната и политичка судбина на американскиот поранешен претседател Доналд Трамп, како и да ја дефинира моќта на шефовите на Белата куќа. Врховниот суд во земјата одлучува по жалбата на Трамп, откако пониските судови го одбија неговото барање да биде заштитен од четири кривични...

The post Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп appeared first on telma.com.mk.

]]>

Историскиот случај, кој може да ја реши правната и политичка судбина на американскиот поранешен претседател Доналд Трамп, како и да ја дефинира моќта на шефовите на Белата куќа. Врховниот суд во земјата одлучува по жалбата на Трамп, откако пониските судови го одбија неговото барање да биде заштитен од четири кривични пријави поврзани со изборите во 2020 година.

За време на седницата, судиите на американскиот Врховен суд изразија скептицизам кон неговите тврдења, врз основа на кои побара од судот да прогласи имунитет од кривично гонење. Според дел од медиумите кои го пренесуваат случајот, судиите на Врховниот суд, наклонети кон конзервативците, покажале разбирање за аргументот дека претседателите треба да уживаат одреден имунитет од можни кривични пријави за одредени дејствија што ги презеле додека биле на функција.

Во американскиот Врховен суд моментно доминира конзервативно мнозинство од шест наспрема три, составено од тројца судии назначени уште за време на мандатот на Трамп. Случајот е прво кривично судење на поранешен претседател на САД и прво од четирите предмети на Трамп што стигна до поротата.

The post Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп appeared first on telma.com.mk.

]]>
Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина https://telma.com.mk/2024/04/26/zgolemeni-razliki-zachesteni-razgovori-blinken-na-sredba-so-dhinping-vo-kina/ Fri, 26 Apr 2024 11:45:18 +0000 https://telma.com.mk/?p=193419

Соединетите Американски Држави и Кина се спротивставија на голем број на билатерални, на регионални и на глобални прашања, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петокот се сретна со високи кинески претставници, вклучително и претседателот Кси Џинпинг. Разговорите меѓу двете страни се интензивираа во последните месеци, иако разликите се зголемија....

The post Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина appeared first on telma.com.mk.

]]>

Соединетите Американски Држави и Кина се спротивставија на голем број на билатерални, на регионални и на глобални прашања, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петокот се сретна со високи кинески претставници, вклучително и претседателот Кси Џинпинг.

Разговорите меѓу двете страни се интензивираа во последните месеци, иако разликите се зголемија. Блинкен пристигна во Кина во средата, во посета на Шангај, непосредно пред Бајден да го потпише пакетот странска помош од 95 милијарди долари, кој има неколку елементи кои веројатно ќе го налутат Пекинг, вклучително и осум милијарди долари за да се спротивстави на растечката агресивност на Кина кон Тајван и во Јужното Кинеско Море.

Исто така, се обидува да ја принуди матичната компанија на „ТикТок“ со седиште во Кина да ја продаде платформата за социјални медиуми. Кина и САД се главните играчи во индо-пацификот. Вашингтон станува сè поалармиран од зголемената агресивност на Пекинг во последниве години кон Тајван и неговите помали соседи од Југоисточна Азија со кои има значителни територијални и поморски спорови во Јужното Кинеско Море.

Кина ја осуди американската помош за Тајван, нарекувајќи ја опасна провокација. Исто така, остро се спротивставува на напорите за принудна продажба на „ТикТок“.

The post Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина appeared first on telma.com.mk.

]]>
Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил https://telma.com.mk/2024/04/26/iljadniczi-pochinati-milioni-izlozheni-na-radijaczija-svetot-odbelezhuva-38-godini-od-nuklearnata-katastrofa-vo-chernobil/ Fri, 26 Apr 2024 11:22:11 +0000 https://telma.com.mk/?p=193410

Денеска се одбележуваат 38 години од една од најголемите светски катастрофи – експлозијата во четвртиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил која ослободи големи количества на радијација на која беа изложени над седум милиони луѓе. Радиоактивниот прав се вивна високо во небото, стигна до северот и западот на Европа, а...

The post Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил appeared first on telma.com.mk.

]]>

Денеска се одбележуваат 38 години од една од најголемите светски катастрофи – експлозијата во четвртиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил која ослободи големи количества на радијација на која беа изложени над седум милиони луѓе.

Радиоактивниот прав се вивна високо во небото, стигна до северот и западот на Европа, а наводно и до источниот брег на САД. Градот Припјат, кој се наоѓа во непосредна близина на централата, беше целосно евакуиран веќе наредниот ден.

Од разорните последици во последните три децении починаа илјадници луѓе од различни видови на карциноми. Според проценките на Светската здравствена организација, 30.000 човечки животи се директно поврзани со катастрофата.

Работата на електраната беше отежната по несреќата. Изградбата на петтиот и шестиот реактор е запрена. Над четвртиот реактор е изграден сакрофаг, а меѓу него и зградите беше подигната бетонска бариера со дебелина од 200 метри.

Десет години подоцна престана со работа реакторот 1, во рамки на договорот меѓу украинската влада и меѓународните организации. Реактор 2 го зафати пожар во 1991 година за да биде утврдено дека негова поправка е невозможна. Реактор 3 на 15 декември во 2000 година, лично го исклучи тогашниот украински претседател, Леонид Кучма, со што централата и официјално престана да произведува електрична енергија.

Несреќата во Чернобил е една од двете нуклеарни катастрофи кои се оценето со највисока оценка – седум на Меѓународната скала на нуклеарни случувања. Втора е нуклеарната несреќа во Фукушима, Јапонија, во 2011 година.

The post Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил appeared first on telma.com.mk.

]]>
Руски воз со 90 тони нафта се запали во близина на рафинеријата во Омск https://telma.com.mk/2024/04/26/ruski-voz-so-90-toni-nafta-se-zapali-vo-blizina-na-rafinerijata-vo-omsk/ Fri, 26 Apr 2024 11:02:44 +0000 https://telma.com.mk/?p=193403

Локомотива и три вагони со 90 тони нафта изгоре во близина на транссибирската железничка пруга. Огромниот пожар на железничката станица „Комбинацка“ зафатил околу 10.750 квадратни метри, додека 58 пожарникари со часови се обидувале да го изгаснат пожарот. Локални извори тврдат дека до инцидентот дошло по краток спој. Нафтените капацитети се...

The post Руски воз со 90 тони нафта се запали во близина на рафинеријата во Омск appeared first on telma.com.mk.

]]>

Локомотива и три вагони со 90 тони нафта изгоре во близина на транссибирската железничка пруга.

Огромниот пожар на железничката станица „Комбинацка“ зафатил околу 10.750 квадратни метри, додека 58 пожарникари со часови се обидувале да го изгаснат пожарот.

Локални извори тврдат дека до инцидентот дошло по краток спој. Нафтените капацитети се главна мета на украинските дронови.

Неодамна, Русија беше принудена да го ограничи извозот и да увезува нафта од Белорусија, поради нападите врз нејзините енергетски капацитети.

Пожарот во Омск се случи 48 часови по нападите на украинските напади на неколку руски складишта за нафта. На мета беше и фабриката за гориво во Смоленск, која што се наоѓа во близина на украинската граница.

The post Руски воз со 90 тони нафта се запали во близина на рафинеријата во Омск appeared first on telma.com.mk.

]]>
Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас https://telma.com.mk/2024/04/26/miczotakis-nitu-s-300-nitu-patroit-za-ukraina-tie-sistemi-ni-trebaat-na-nas/ Fri, 26 Apr 2024 07:48:00 +0000 https://telma.com.mk/?p=193386

Грција нема да испрати ниту С-300, ниту „Патриот“ во Украина, бидејќи тие се клучни системи за заштита на националниот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, со што ги демантираше медиумските написи дека Атина ќе испорача таков вид на помош за Киев. Мицотакис откри дека...

The post Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас appeared first on telma.com.mk.

]]>

Грција нема да испрати ниту С-300, ниту „Патриот“ во Украина, бидејќи тие се клучни системи за заштита на националниот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, со што ги демантираше медиумските написи дека Атина ќе испорача таков вид на помош за Киев.

Мицотакис откри дека било побарано од Грција, но објасниле зошто не можат да го сторат тоа.

„Грција ја поддржа Украина на различни начини со одбранбен материјал. Но, од првиот момент рековме дека не можеме да ги отстапиме оружените системи кои се клучни за нашата способност за одвраќање. Имавме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина и го направивме тоа и сметам дека тоа е правилно. До степен до кој можеме да најдеме таков материјал, ќе продолжиме да го правиме тоа. Сепак, системите за противвоздушна одбрана се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да и бидат доделени на Украина“, објасни Мицотакис.

The post Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас appeared first on telma.com.mk.

]]>
Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН https://telma.com.mk/2024/04/26/naczrt-dokumentot-odi-na-revizija-odlozheno-glasaneto-za-rezoluczijata-za-srebrenicza-vo-on/ Fri, 26 Apr 2024 07:07:52 +0000 https://telma.com.mk/?p=193384

Гласањето за резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2 мај, бидејќи текстот на нацрт-документот се испраќа на ревизија. Кога ќе се одржи седницата на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), на која треба да се гласа за резолуцијата, треба да се знае во вторник, вели амбасадорот на Босна...

The post Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on telma.com.mk.

]]>

Гласањето за резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2 мај, бидејќи текстот на нацрт-документот се испраќа на ревизија. Кога ќе се одржи седницата на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), на која треба да се гласа за резолуцијата, треба да се знае во вторник, вели амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

Во таквата одлука, како што истакнува тој, учествувала и мисијата на БиХ во ОН за да се даде време на оние на кои им е потребно.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк изјавил дека САД, Германија и други земји го засилиле лобирањето за резолуцијата за Сребреница, поради кампањата што Белград ја води против нејзиното усвојување.

Во седиштето на ОН во Њујорк се одржуваат неформални консултации за нацрт-резолуцијата со која 11 јули се прогласува за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

The post Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on telma.com.mk.

]]>
Венецуела планира да стане членка на БРИКС во 2024 година https://telma.com.mk/2024/04/26/veneczuela-planira-da-stane-chlenka-na-briks-vo-2024-godina/ Fri, 26 Apr 2024 06:44:21 +0000 https://telma.com.mk/?p=193374

Венецуела оваа година планира да се приклучи кон БРИКС и веќе се смета за дел од таа организација, изјави денеска шефот на дипломатијата, Иван Хил Пинто. „Венецуела се чувствува како дел од БРИКС и работи на тоа наскоро да стане полноправна членка“, рече Пинто на прес-конференцијата во Каракас, која венецуелската...

The post Венецуела планира да стане членка на БРИКС во 2024 година appeared first on telma.com.mk.

]]>

Венецуела оваа година планира да се приклучи кон БРИКС и веќе се смета за дел од таа организација, изјави денеска шефот на дипломатијата, Иван Хил Пинто.

„Венецуела се чувствува како дел од БРИКС и работи на тоа наскоро да стане полноправна членка“, рече Пинто на прес-конференцијата во Каракас, која венецуелската Влада ја организираше заедно со руската Амбасада, пренесуваат руските медиуми.

Министерот додаде дека БРИКС „е немилитаристички и неагресивен и не ја наметнува својата волја на другите“.

Пинто го окарактеризира БРИКС како „праведна, взаемно комплементарна“ група и корисен сојуз, што и треба на Венецуела.

БРИКС е основан во 2006 година и оттогаш двапати е проширен, а моментално има 10 членки. Во 2011 година, Јужна Африка им се придружи на земјите основачи Бразил, Русија, Индија и Кина. Шест земји – Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати – добија покана да се приклучат на БРИКС минатата година, но Буенос Аирес подоцна објави дека нема да стане дел од групата.

The post Венецуела планира да стане членка на БРИКС во 2024 година appeared first on telma.com.mk.

]]>
Притвор за украински министер – обвинет е за корупција и нелегално купување на државно земјиште https://telma.com.mk/2024/04/26/pritvor-za-ukrainski-minister-obvinet-e-za-korupczija-i-nelegalno-kupuvane-na-drzhavno-zemjishte/ Fri, 26 Apr 2024 06:37:04 +0000 https://telma.com.mk/?p=193371

Украинскиот суд одреди притвор за министерот за земјоделство, Миколи Солски, кој е обвинет за вмешаност во нелегално купување на државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари. Кауцијата за него е 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс. Солски ги негира обвинувањата кои се однесуваат на купување во 2017 година и...

The post Притвор за украински министер – обвинет е за корупција и нелегално купување на државно земјиште appeared first on telma.com.mk.

]]>

Украинскиот суд одреди притвор за министерот за земјоделство, Миколи Солски, кој е обвинет за вмешаност во нелегално купување на државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари. Кауцијата за него е 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира обвинувањата кои се однесуваат на купување во 2017 година и во 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март во 2022 година. Тој во четвртокот поднесе оставка, но технички останува на функцијата, се додека парламентот не го разгледа неговото барање за повлекување од ресорот.

Тој е првиот украински министер кој е обвинет за корупција од кога на власт е претседателот Володимир Зеленски и се соочува со затворска казна до 12 години.

The post Притвор за украински министер – обвинет е за корупција и нелегално купување на државно земјиште appeared first on telma.com.mk.

]]>
На моќниот филмски продуцент Вајнстин, судот во Њујорк му поништи една од пресудите за силување https://telma.com.mk/2024/04/25/sudot-vo-nujork-ponishti-edna-od-presudite-za-siluvane/ Thu, 25 Apr 2024 15:51:46 +0000 https://telma.com.mk/?p=193128

Њујоршкиот апелационен суд му ја поништи пресудата на поранешниот холивудски могул Харви Вајнстин, оценувајќи дека не добил праведно судење во 2020 година кога му беше изречена пресудата од 23 години затвор за сексуален напад врз две жени. Апелациониот суд пресуди повторување на процесот затоа што Вајнстин, еден од највлијателните холивудски...

The post На моќниот филмски продуцент Вајнстин, судот во Њујорк му поништи една од пресудите за силување appeared first on telma.com.mk.

]]>

Њујоршкиот апелационен суд му ја поништи пресудата на поранешниот холивудски могул Харви Вајнстин, оценувајќи дека не добил праведно судење во 2020 година кога му беше изречена пресудата од 23 години затвор за сексуален напад врз две жени.

Апелациониот суд пресуди повторување на процесот затоа што Вајнстин, еден од највлијателните холивудски продуценти, бил неправедно суден за минато однесување покрај кривичните дела за кои бил обвинет.

Вајнстин сепак ќе остане во затвор поради друг случај на сексуален напад.

Првите обвинувања против него започнаа да се појавуваат во 2017 година, и беа една од главните причини за појавувањето и подемот на движењето #MeToo.

Два паралелни процеси против него започнаа во 2020 година, по што во Њујорк беше осуден на 23 години затвор за силување на две жени, додека во Калифорнија доби 16 години затворска казна поради друг случај на силување.

The post На моќниот филмски продуцент Вајнстин, судот во Њујорк му поништи една од пресудите за силување appeared first on telma.com.mk.

]]>