Наука и здравје Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/nauka-i-zdravje/ Wed, 01 May 2024 12:36:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Наука и здравје Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/nauka-i-zdravje/ 32 32 Кои се знаците за високиот шеќер во крвта? https://telma.com.mk/2024/05/01/koi-se-znaczite-za-visokiot-sheker-vo-krvta/ Wed, 01 May 2024 12:36:26 +0000 https://telma.com.mk/?p=194417

Нашето тело секојдневно ни дава знаци дека нешто се случува, па кога е во прашање шеќерот постојат неколку предзнаци кои се суштински показател кога станува збор за неговиот висок внес. Постојаното  копнеење за слатко, промени во расположението, тромавоста, пукање на кожата,  дебелеењето, појавата на кариес и мозочна магла се само...

The post Кои се знаците за високиот шеќер во крвта? appeared first on telma.com.mk.

]]>

Нашето тело секојдневно ни дава знаци дека нешто се случува, па кога е во прашање шеќерот постојат неколку предзнаци кои се суштински показател кога станува збор за неговиот висок внес. Постојаното  копнеење за слатко, промени во расположението, тромавоста, пукање на кожата,  дебелеењето, појавата на кариес и мозочна магла се само дел од симптомите.

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во скоро сите намирници, па затоа е важно да се внимава и чита нивниот состав при набавка.

Нутриционистите предупредуваат да се внимава на знаците, коишто ги испраќа телото кога имаме зголемено внесување на шеќер, бидејќи истиот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптираат на благото и човекот има се поголема потреба од внес, за да го задоволи тоа сетило. Многу од експертите зависноста од шеќер ја споредуваат и со дрога.

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“, а падот на истиот може да предизвика нервоза, вознемиреност нерасположение.

Вишокот шеќер значи – вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, тој нема никаква хранлива вредност. Со ослободувањето на инсулин, се покачува телесната тежина, но и се зголемува опасноста од појавата на дијабетес. Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон истиот. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот во организмот.

Затоа кога после обилен оброк почуствувате деконцентрација тоа значи дека шеќерот се намалува, додека кога ќе внесете шеќер, автоматски концентрацијата се зголемува, благодарејќи на дигањето на шеќерот во крвта.

The post Кои се знаците за високиот шеќер во крвта? appeared first on telma.com.mk.

]]>
Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти https://telma.com.mk/2024/04/30/astra-zeneka-prizna-deka-nejzinata-vakczina-protiv-kovid-19-mozhe-da-predizvika-nesakani-efekti/ Tue, 30 Apr 2024 19:37:29 +0000 https://telma.com.mk/?p=194264

Фармацевтската компанија АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против ковид-19 во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти како  згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца пренесува британски телеграф повикувајки се на судцки документи. Во извештајот се наведува дека вакцината може да предизвика згрутчување на крвта ,низок број...

The post Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти appeared first on telma.com.mk.

]]>

Фармацевтската компанија АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против ковид-19 во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти како  згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца пренесува британски телеграф повикувајки се на судцки документи.

Во извештајот се наведува дека вакцината може да предизвика згрутчување на крвта ,низок број на тромбоцити што во некои случаеви може сериозно да наштети на здравјето или да предизвика смрт кај лицата вакцинирани со Астра Зенека.

До сега против Астра Зенека е поднесена 51 тужба каде што жртвите или роднини на жртвите бараат оштета од 126 милион евра.

Џејми Скот ,еден од тужителите тврди дека  од  вакцината се здобил со трајно оштетување на мозокот како последица на крвното згротчување откако ја примил вакцината во 2021 година.

„КовиШилд“ е развиена од британско-шведската компанија Астра Зенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Велика Британија, а ја произведуваше индиската компанија Серум институт од Индија, еден од најголемите производители на лекови во светот.

Вакцината се користеше во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија.

Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од Ковид-19.

Сепак, истражувањето покажа дека вакцината „КовиШилд“може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот.

И Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека „КовиШилд“ може да предизвика несакани ефекти опасни по живот.

Aстра Зенека во судските документи, кои беа поднесени до Вишиот суд на Велика Британија во февруари, вели дека „вакцината АZ може, во многу ретки случаи, да предизвика непосакувани ефекти.

Во исто време, Aстра Зенека инсистира дека достапните податоци покажуваат дека лекот има „прифатлив безбедносен профил“ и дека „регулаторите ширум светот постојано наведуваат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците од исклучително ретки потенцијални несакани ефекти“.

The post Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти appeared first on telma.com.mk.

]]>
Здравата храна е клуч во борбата против ракот на дојка и срцевите болести покажуваат истражувањата https://telma.com.mk/2024/04/23/zdravata-hrana-e-kluch-vo-borbata-protiv-rakot-na-dojka-i-srczevite-bolesti-pokazhuvaat-istrazhuvanata/ Tue, 23 Apr 2024 17:00:33 +0000 https://telma.com.mk/?p=192610

Конзумирањето на здрава храна треба да биде имплементирано во секојдневнието на сите нас, со цел да го одржуваме здравиот организам, но и да ги спречиме несаканите болести. Истражувањата покажуваат дека жените кои во време на откривање и дијагностицирање на ракот на дојка е потребно да конзумираат здрави намирници. Практикувањето и...

The post Здравата храна е клуч во борбата против ракот на дојка и срцевите болести покажуваат истражувањата appeared first on telma.com.mk.

]]>

Конзумирањето на здрава храна треба да биде имплементирано во секојдневнието на сите нас, со цел да го одржуваме здравиот организам, но и да ги спречиме несаканите болести. Истражувањата покажуваат дека жените кои во време на откривање и дијагностицирање на ракот на дојка е потребно да конзумираат здрави намирници. Практикувањето и почестото јадење зеленчук, овошје, протеини и нискомасни млечни производи, покажува намалување на опасноста од 47 отсто од срцеви заболувања кај жените со рак на дојка, отколку од оние во чија исхрана преовладуваат масти, црвено месо и производи од месо.

Направено е истражување и истото е  спроведено од научници, од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија. Наодите од испитувањата се важни, бидејќи се покажало дека жените кои се лекувале од рак на дојка, се изложени на значително поголем ризик од кардиоваскуларни болести од оние кои немаат ваков вид рак.

Зголемувањето на можноста од срцеви заболувања е предизвикано од самиот третман на рак на дојка, којшто е кардиотоксичен, а за него дополнително придонесува и неправилната исхрана, недоволната физичка активност и пушењето цигари. Истражувањето се заснова на повеќе од 3.400 случаи на агресивен рак на дојка.

Pезултати поврзани со заштитата од срцеви заболувања, се забележани во случаи кога болните жени се лекувале со антибиотикот „Антрациклин“ што ги труе и убива канцерогените клетки. Според податоците на Светската здравствена организација во 2022 година, во светот се регистрирани 3,2 милиони случаи на рак на дојка и 670.000 смртни случаи од истата. Во однос на бројот на заболени, како и бројот на смртни случаи, ова е еден од најчестите карциноми кај жените во светот.

Научниците тврдат дека опасноста од овој вид рак се зголемува со возраста. Во однос на тоа жените до 40 години имаат 1,5 отсто можност да заболат од рак на дојка, оние над 50 години  имаат можност од 3 насто, а тие што ќе навршат 70 години имаат ризик од 4 отсто.

The post Здравата храна е клуч во борбата против ракот на дојка и срцевите болести покажуваат истражувањата appeared first on telma.com.mk.

]]>
Експертите тврдат: спиењето може да влијае на вашата кожа https://telma.com.mk/2024/04/16/ekspertite-tvrdat-spieneto-mozhe-da-vlijae-na-vashata-kozha/ Tue, 16 Apr 2024 12:56:33 +0000 https://telma.com.mk/?p=191213

Спиењето може да влијае врз свежината и еластичноста на нашата кожа.  Дерматологот Анаталија Мур, во едно од интервјуата објаснува колку сонот е важен за одржувањето на здрава и витална кожа. Според неа, освен осум-часовниот сон, истиот треба да биде и темпиран во соодветно време за да биде ефективен. На пример,...

The post Експертите тврдат: спиењето може да влијае на вашата кожа appeared first on telma.com.mk.

]]>

Спиењето може да влијае врз свежината и еластичноста на нашата кожа.  Дерматологот Анаталија Мур, во едно од интервјуата објаснува колку сонот е важен за одржувањето на здрава и витална кожа.

Според неа, освен осум-часовниот сон, истиот треба да биде и темпиран во соодветно време за да биде ефективен. На пример, ако си легнуваме во 22 часот навечер, ќе имаме многу поголеми бенефити, отколку, ако си легнеме во 3 часот наутро. Без разлика дали спиеме ист број на часови, сонот ќе влијае поинаку.

Специјалистката објасни дека кога спиеме, нашата кожа се обновува и ја поправа секоја штета. Таа во интервјуто објасни:

„Без вистинки одмор, нашeто тело може да има понизок клеточен обрт што доведува до побавна регенерација на кожата и може да се појават проблеми како што се акни, брчки и нерамномерен тен. Нашата кожа користи колаген, па на таков начин допринесува да имаме помлад изглед, но без доволно одмор, процесот на создавање на колаген во нашето тело може да се забави. На таквиот начин се создаваат мали линии на лицето, брчки и нерамномерна текстура на кожата. Сонот претставува главен виновник за предвременото стареење на кожата. Доколку се чувствувате исцрпено или уморно, последиците може да се видат веднаш, а  јасни показатели се стареење на кожата, темни кругови под очите, жолт тен, подуени очи итн. ”

The post Експертите тврдат: спиењето може да влијае на вашата кожа appeared first on telma.com.mk.

]]>
„Фејсбук“, ,,Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ се главни виновници за депресија и анксиозност кај младите https://telma.com.mk/2024/04/15/fejsbuk-instagram-tiktok-i-x-se-glavni-vinovniczi-za-depresija-i-anksioznost-kaj-mladite/ Mon, 15 Apr 2024 16:55:15 +0000 https://telma.com.mk/?p=191092

Преголемата  употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ можат да придонесат до нарушен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите. Докторката по неврологија, Рејчел Самерс изјави дека за да се избегне ваквиот проблем, потребно е да не се користат социјалните мрежи повеќе од половина час на ден. Таа посочи дека:...

The post „Фејсбук“, ,,Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ се главни виновници за депресија и анксиозност кај младите appeared first on telma.com.mk.

]]>

Преголемата  употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ можат да придонесат до нарушен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.

Докторката по неврологија, Рејчел Самерс изјави дека за да се избегне ваквиот проблем, потребно е да не се користат социјалните мрежи повеќе од половина час на ден.

Таа посочи дека: ,,Tрошењето до 30 минути дневно на социјалните мрежи ја намалува опасноста од осаменост, депресија и анксиозност. Ако спиете лошо или страдате од намален фокус, најверојатно премногу долго време минувате на социјалните платформи. Меѓу последиците од прекумерната употреба на ваквиот вид мрежи, се и анксиозност, депресија, осаменост, стрес и главоболки.”

При појава на некој од овие симптоми, таа препорачува намалување на употребата на социјалните мрежи за 20 % на дневно ниво.

The post „Фејсбук“, ,,Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ се главни виновници за депресија и анксиозност кај младите appeared first on telma.com.mk.

]]>
Вештачката интелигенција навлезе во модната индустрија https://telma.com.mk/2024/04/15/veshtachkata-inteligenczija-navleze-vo-modnata-industrija/ Mon, 15 Apr 2024 15:39:36 +0000 https://telma.com.mk/?p=191082

Модната индустрија се наоѓа на мета на вештачката интелигенција. Како во другуите, па така и во оваа индустрија, вештачката интелигенција навлегува постепено, но сигурно, од ден во ден. Експертите од овој сектор велат дека моделите добиваат нова форма, поддржана од вештачка интелигенција. Моделите кои се генерирани прават проблем во делот на...

The post Вештачката интелигенција навлезе во модната индустрија appeared first on telma.com.mk.

]]>

Модната индустрија се наоѓа на мета на вештачката интелигенција. Како во другуите, па така и во оваа индустрија, вештачката интелигенција навлегува постепено, но сигурно, од ден во ден.

Експертите од овој сектор велат дека моделите добиваат нова форма, поддржана од вештачка интелигенција. Моделите кои се генерирани прават проблем во делот на разлики, помеѓу обичниот модел и оној креираниот од вештачката ителигенција.

На тој начин ја загрозуваат и човековата автентичност и наметнуваат нови форми на убавина. Оваа технинка се користи со цел онлајн купувачите да бидат подобро претставени, додека  транспарентноста и довербата на потрошувачите може да биде изложена на ризик.

The post Вештачката интелигенција навлезе во модната индустрија appeared first on telma.com.mk.

]]>
Вештачка интелигенција е доминантна алатка во производствениот систем на Кина https://telma.com.mk/2024/04/09/veshtachka-inteligenczija-e-dominantna-alatka-vo-proizvodstveniot-sistem-na-kina/ Tue, 09 Apr 2024 12:34:48 +0000 https://telma.com.mk/?p=189971

Вештачката интелигенција  секојдневно се шири во традиционалните индустрии во Кина. Компанијата за вештачка интелигенција во Пекинг разви модел со вештачка интелигенција, кој опфаќа технолошки и историски податоци за новите модели на автомобили кои ќе се пуштат во производство. Овој моделот преку текстови може да симулира тунел за ветер, кој ќе...

The post Вештачка интелигенција е доминантна алатка во производствениот систем на Кина appeared first on telma.com.mk.

]]>

Вештачката интелигенција  секојдневно се шири во традиционалните индустрии во Кина. Компанијата за вештачка интелигенција во Пекинг разви модел со вештачка интелигенција, кој опфаќа технолошки и историски податоци за новите модели на автомобили кои ќе се пуштат во производство.

Овој моделот преку текстови може да симулира тунел за ветер, кој ќе даде поддршка за дизајнерите на возила. Производот кој има вештачка интелигенција е усвоен од компанијата за автомобили за да се забрза процесот на производство.

Во исто време, новите индустрии во одделот на  финансии и човечките ресурси користат алатки за вештачка интелигенција кои помагаат во управување со големите количини на огласи за работа. 

Јанг Нинг, вработен во фирмата каде се користи платформата за регрутирање, изјави: „Понекогаш, веројатно треба да објавиме 10 до 20 работни места во исто време, а може да ни бидат потребни еден до два дена сите апликации да ги прегледаме. Со помош на вештачката интелигенција, можеме да објавиме оглас за работа и истиот да се генерира автоматски во рок од еден час“.

Според компанијата за истражување на пазарот ,,CCID Consulting”, кинеската индустрија за вештачка интелигенција се очекува да достигне вредност од 240 милијарди американски долари до 2035 година.

The post Вештачка интелигенција е доминантна алатка во производствениот систем на Кина appeared first on telma.com.mk.

]]>
Дали црн дроб ќе може да израсне од “кеса клетки”- медицината во потрага по решение за проблемите со џигерот https://telma.com.mk/2024/04/05/dali-czrn-drob-ke-mozhe-da-izrasne-od-kesa-kletki-mediczinata-vo-potraga-po-reshenie-za-problemite-so-dhigerot/ Fri, 05 Apr 2024 10:11:57 +0000 https://telma.com.mk/?p=188936

(ФОТО LyGenesis) За прв пат, научниците се обидуваат да „одгледаат“ нов, минијатурен црн дроб во телото на човек за да му овозможи полесен живот доколку овој витален орган им е оштетен или не функционира. Иако звучи како научна фантастика; всушност, идејата потекнува од друг филмски жанр, ваков научен потфат беше...

The post Дали црн дроб ќе може да израсне од “кеса клетки”- медицината во потрага по решение за проблемите со џигерот appeared first on telma.com.mk.

]]>

(ФОТО LyGenesis) За прв пат, научниците се обидуваат да „одгледаат“ нов, минијатурен црн дроб во телото на човек за да му овозможи полесен живот доколку овој витален орган им е оштетен или не функционира. Иако звучи како научна фантастика; всушност, идејата потекнува од друг филмски жанр, ваков научен потфат беше сценарио на епизода на драмата “Grey’s Anatomy” во 2018 година, објави магазинот Wired.

Сега, биотехнолошката компанија LyGenesis се обидува да го претвори филмскиот концепт во реалност. Експерименталната постапка почна  во Хјустон на 25-ти март како дел од клиничкото испитување кое ќе го тестира третманот кај 12 возрасни лица со заболување на црниот дроб во краен стадиум.

Овие пациенти обично бараат трансплантација на црн дроб, но нема доволно органи за донирање и пресадување. LyGenesis се надева дека преку овој здравствен стартап ќе поттикне раст на доволно здраво ткиво на црниот дроб во телото на пациентите за да не им е потребна  трансплантација.

„Ги користиме лимфните јазли како жив биореактор“, вели Мајкл Хафорд, коосновач и извршен директор на LyGenesis од Питсбург. Тој за магазинот Wired вели дека само 10 до 30 проценти дополнителна маса на црниот дроб може да има значаен ефект за пациентите чиј орган е заболен во крајниот стадиум.

Не сите донорски црни дробови може да се трансплантираат затоа што треба да се совпаѓаат со особините на пациентот кој чека трансплантација. Понекогаш донорските органи не се совпаѓаат по крвна група или дробот има  премногу масти за да се трансплантира и биде прифатен во новото тело. Но, тие сè уште се остварливи за процесот смислен од LyGenesis – и еден дониран црн дроб има доволно клетки, за лекување до 75 луѓе,.вели Хафорд.

Од тие отфрлени органи, научниците на LyGenesis ги изолираат и ги прочистуваат хепатоцитите – најзастапените клетки во црниот дроб – и ги собираат во специјално дизајнирана IV кеса. Следниот чекор е да ги ставите клетките на вистинското место во телото.

Здравите клетки не може директно да се инјектираат во заболениот црн дроб бидејќи нема да преживеат, вели Ерик Лагасе, главен научен директор на LyGenesis и професор по патологија на Универзитетот во Питсбург.

Пред околу една деценија, тој ги идентификуваше лимфните јазли како потенцијална основа за развој на нов црн дроб. Овие мали грутки ткиво во облик на зрно грав помагаат во борбата против инфекцијата како дел од имунолошкиот систем. Тие исто така имаат способност да се шират, и како и црниот дроб, ја филтрираат крвта. Бидејќи такви клетки има толку многу низ телото – 500 до 600 кај возрасните луѓе- според првичните анализи, “пренамената” и трансплантацијата не би требало да влијае на тоа како останатокот од дробот и другите органи би ја извршувале  својата задача во телото на донорот, но и во телото на оној што ја добива кесата клетки со надеж дека ќе му “израсне” нов орган потребен за живот.

The post Дали црн дроб ќе може да израсне од “кеса клетки”- медицината во потрага по решение за проблемите со џигерот appeared first on telma.com.mk.

]]>
Блумберг: Роботите се иднината која ни претстои https://telma.com.mk/2024/04/05/blumberg-robotite-se-idnina-koja-ni-pretstoi/ Fri, 05 Apr 2024 09:54:08 +0000 https://telma.com.mk/?p=189306

Eдна од водечките технолошки компании во светот ,,Епл” секојдневно работи во развивање на вештачката интелигенција и роботиката. Според новинарот на Блумберг, Гурман, компанијата  започна со проект наречен: ,,Робот за лична употреба” кој всушност ќе биде наменет за домашна примена. Фокусот на ,,Епл” во исто време е ставен на електричните автомобили...

The post Блумберг: Роботите се иднината која ни претстои appeared first on telma.com.mk.

]]>

Eдна од водечките технолошки компании во светот ,,Епл” секојдневно работи во развивање на вештачката интелигенција и роботиката.

Според новинарот на Блумберг, Гурман, компанијата  започна со проект наречен: ,,Робот за лична употреба” кој всушност ќе биде наменет за домашна примена. Фокусот на ,,Епл” во исто време е ставен на електричните автомобили и роботиката, во надеж дека ќе развијат најсовремен уред кој би бил во голема побарувачка од страна на луѓето.

Иако проектите на „Епл“ сѐ уште се наоѓаат во своите рани фази, една од најчесто спомнатите замисли е самоуправувачки екран во движење. Овој модел на екран би имал намена  за на работна маса, а би можел евентуално да ги имитира движењата на човекова глава, на пример, следејќи го и сосредоточувајќи се на едно лице кон повеќемина.

Сепак според „Епл“ постојат мали сомнежи во прифаќање на новите иновации, бидејќи вештачката интелигенција го нема распространето нејзнино дејствие и имплементација која би можела да биде јасна и да го привлече вниманието на секого.

The post Блумберг: Роботите се иднината која ни претстои appeared first on telma.com.mk.

]]>
Европското обвинителство потврди дека има истрага за Фон дер Лајен за набавката на корона вакцини и СМС пораките кои ги разменувала со директорот на Фајзер https://telma.com.mk/2024/04/01/evropskoto-obvinitelstvo-potvrdi-deka-ima-istraga-za-fon-der-lajen-za-nabavkata-na-korona-vakczini-i-sms-porakite-koi-gi-razmenuvala-so-direktorot-na-fajzer/ Mon, 01 Apr 2024 10:09:21 +0000 https://telma.com.mk/?p=188535

Обвинители од Европското обвинителство истражуваат можни кривични дела за набавката на вакцините за Ковид поради СМС пораките кои ги разменувале претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, потврди за Политико, портапролот на Обвинителството чие седиште се наоѓа во Лиеж. Набавката на Фајзер вакцини за...

The post Европското обвинителство потврди дека има истрага за Фон дер Лајен за набавката на корона вакцини и СМС пораките кои ги разменувала со директорот на Фајзер appeared first on telma.com.mk.

]]>

Обвинители од Европското обвинителство истражуваат можни кривични дела за набавката на вакцините за Ковид поради СМС пораките кои ги разменувале претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, потврди за Политико, портапролот на Обвинителството чие седиште се наоѓа во Лиеж.

Набавката на Фајзер вакцини за целата Европска Унија беше во вредност од над 20 милијарди евра. Истражителите на европскиот јавен обвинител ја презеле истрагата од белгиското обвинителство. Во таа истрага беше опфатена Фон Дер Лајен поради „мешање во јавни набавки, уништување на СМС пораки, корупција и судир на интереси“, стои во документите во кои увид имале новинарите на Политико.

Истрагата е отворена по пријава на белгискиот активист Фредерик Балдан, а на таа пријава лани се приклучија унгарската и полската влада. Скандалот изби откако беше објавено дека пред да се склучи зделката, Фон Дер Лајен разменувала пораки со првиот човек на Фајзер. Аферата доби име „Фајзергејт“ кога се утврди дека претседателката на ЕК Фон дер Лајен ги избришала пораките од нејзиниот телефон.

Договорот беше склучен на крајот на 2021-ва и во тоа време беше сметан за победа на Фон Дер Лајен. Дополнително беше утврдено дека во членките на Европската Унија биле уништени вакцини за корона во вредност од околу 4 милијарди евра.

The post Европското обвинителство потврди дека има истрага за Фон дер Лајен за набавката на корона вакцини и СМС пораките кои ги разменувала со директорот на Фајзер appeared first on telma.com.mk.

]]>