Македонија Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/makedonija/ Sat, 27 Apr 2024 17:32:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Македонија Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/вести/makedonija/ 32 32 Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски https://telma.com.mk/2024/04/27/gerasimovski-debar-maalo-go-proslavi-rodendenot-na-najpoznatiot-czentarecz-goran-stefanovski/ Sat, 27 Apr 2024 17:32:18 +0000 https://telma.com.mk/?p=193608

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“, вака градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори културно-музичкиот настан „Прослава на животот на...

The post Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски appeared first on telma.com.mk.

]]>

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“, вака градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод роденденот на најпознатиот македонски драматург.

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. Присутните ја проследија промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски и уживаа во изведба на култните песни на „Леб и сол” во изведба на бендот Сешн Селекшн. Градоначалникот Герасимовски на синот Игор Стефановски му врачи карикатура со ликот на Горан Стефановски во чест на неговите безвременски дела со кои пренесуваше универзални пораки за сите граѓани.

„Во чест на денот на раѓањето на бардот на македонската драма Горан Стефановски денеска повторно уживавме во неговите драми. За потсетување на сите нас и за оставање траен белег на едно прекрасно време, Општина Центар и јас како Градоначалник, сакавме да оставиме видлива трага преку создавање мини културни простори под ведро небо што ќе се користат за промоција на младите и неафирмирани уметници. Овие културни сцени што ќе никнуваат низ Центар, збогатени со мурали и графити, ги изразуваат поддршката и трудот што Општината ги вложува во областа на културата. Чест ми е што првото центарско ќоше ќе го носи токму името на легендата од Дебар Маало – Горан Стефановски. Кога ќе поминеме низ Боемска улица, верувам дека секој еден ќе го сврти погледот и ќе се потсети на славните реплики од неговите драми. Можеби овој агол е мал, во споредба со големината на целокупното негово творештво, ама сигурен сум дека ќе влијае врз уметноста во нашето Скопје“, рече Герасимовски.

На настанот граѓаните можеа да го видат и надополнетиот мурал на Горан Стефановски со најпознатиот рефрен на песната „Скопје“ од Леб и сол „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје, нацртан од уметниците Драш и Мачка.

The post Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април https://telma.com.mk/2024/04/27/ahmeti-kuka-ne-se-odrzhuva-so-krediti-nie-si-obezbeduvame-leb-so-rabota-tie-shto-taka-mislat-go-vidoa-rezultatot-na-24-april/ Sat, 27 Apr 2024 17:14:02 +0000 https://telma.com.mk/?p=193604

Куќата не се одржува со кредити, ние со работа си обезбедуваме леб, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешните средби со граѓани во Општина Кичево, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори. „Некој мисли да одржува куќа...

The post Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април appeared first on telma.com.mk.

]]>

Куќата не се одржува со кредити, ние со работа си обезбедуваме леб, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешните средби со граѓани во Општина Кичево, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори.

„Некој мисли да одржува куќа со кредити, ние сме тие што работиме и си обезбедуваме леб, тие што размислуваат со кредити, не можат да чуваат куќа и резултатот се виде на 24 април. Ја имавме платформата и фронтот, имавме за кого да работиме. Овој фронт е долгорочен, не е за една употреба. Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива, бидејќи немаме друг пат, додека не и кажеме ДА на Европа, нашата определба да бидеме членка на ЕУ за неколку години, како единствено решение за да луѓето не бараат пидобар стандард надвор од земјата“, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети во Кичево.

Кандидатот за пратеник Муса Џафери, пред присутните изјави дека на овие избори победник ќе биде Европскиот фронт, а во петтата изборна единица ќе има над 30.000 гласови.

Градоначалникот на општина Кичево и шеф на изборниот штаб, Фатмир Дехари, оцени дека Европскиот фронт е многу доброприфатена опција не само во Кичево, туку и во целата држава.

The post Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април appeared first on telma.com.mk.

]]>
Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај https://telma.com.mk/2024/04/27/bitiki-rezultatot-e-00-se-ushte-nema-pobednik-i-porazen-odlukata-ke-padne-na-8-maj/ Sat, 27 Apr 2024 17:04:00 +0000 https://telma.com.mk/?p=193601

„Резултатот е 0:0, сè уште немаме победник или поразен“, порача Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2 на денешните средби со жителите на Општина Бутел. „Нашата битка за европска Македонија не е завршена. Нашата држава...

The post Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај appeared first on telma.com.mk.

]]>

„Резултатот е 0:0, сè уште немаме победник или поразен“, порача Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2 на денешните средби со жителите на Општина Бутел.

„Нашата битка за европска Македонија не е завршена. Нашата држава е мала земја, но влогот на 8-ми мај е голем“, рече Битиќи.

Тој порача дека патот по кој ВМРО-ДПМНЕ сака да ја води државата е опасен и води кон изолација, кон унгарско сценарио, кон национализми кои разделуваат.

„СДСМ одбива да се движи кон овој правец. Ние имаме програма и визија за  европска држава во која владеат дијалогот, инклузивноста, меѓусебното другарство и социјалната правда“, рече Битиќи.

Тој ги потсети граѓаните на 27 април пред седум години, кога се случи упадот во Собранието и обидот за рушење на уставниот поредок по покровителство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободата која ја добивме по крвавиот 27 април пред седум години, не е луксуз, тоа е можност која ни даде сила да се движиме напред, да стане полноправни членки на НАТО, да ги отвориме портите на Европската Унија. Сега не смееме да дозволиме на 8 мај таа да биде украдена, однесена од виорот на национализмот и поделбите. Мораме да продолжиме да го чуваме овој скапоцен подарок кој го добивме во борбата против режимот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој е темелот врз кој се гради праведно и правично општество“, порача Битиќи.

The post Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај appeared first on telma.com.mk.

]]>
(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово https://telma.com.mk/2024/04/27/video-biser-balkanski-od-grlata-na-508-mladi-policzajczi-pri-nivnata-promoczija-vo-idrizovo/ Sat, 27 Apr 2024 16:23:04 +0000 https://telma.com.mk/?p=193592

Петстотини нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени ја испеаја „Бисер Балкански“ по денешната свечена церемонија во Центарот за обука во Идризово, откако ја завршија енодгодишната обука. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа. Им порача дека секој од нив е...

The post (Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово appeared first on telma.com.mk.

]]>

Петстотини нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени ја испеаја „Бисер Балкански“ по денешната свечена церемонија во Центарот за обука во Идризово, откако ја завршија енодгодишната обука.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа. Им порача дека секој од нив е креатор на сопствената среќа, оти нивниот успех зависи од самите, но и дека законот мора да се почитува.

Техничкиот премиер Талат Џафери, честитајќи им на новите припадници на полицијата, посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородно и во исто време многу одговорна должност.

Успешното завршување на обуката им го честита и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

The post (Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово appeared first on telma.com.mk.

]]>
Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ https://telma.com.mk/2024/04/27/dolgorochni-krediti-za-novi-kompanii-od-mladite-ukinuvane-na-danokot-za-kupuvane-na-stan-vo-koj-zhivee-gazdata-13-penzija-del-od-ekonomskite-merki-na-znam/ Sat, 27 Apr 2024 16:06:20 +0000 https://telma.com.mk/?p=193586

Долгорочни кредити за новоформирани компании од млади, чии камати ќе ги субвенционира државата, финансиска поддршка за отворање на бизниси во руралните средини, укинување на данокот за купување на стан во кој живее сопственикот. Ова се дел од мерките од Програмата на Движењето ЗНАМ за парламентарните избори насловена како „Проглас за...

The post Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ appeared first on telma.com.mk.

]]>

Долгорочни кредити за новоформирани компании од млади, чии камати ќе ги субвенционира државата, финансиска поддршка за отворање на бизниси во руралните средини, укинување на данокот за купување на стан во кој живее сопственикот. Ова се дел од мерките од Програмата на Движењето ЗНАМ за парламентарните избори насловена како „Проглас за достоинствена Македонија.

Според Борче Серафимовски, во делот на социјалната политика, посебно се истакнуваат пензионерите, ранливите категории на луѓе и маргинализираните луѓе. За нив, како што нагласи, се предвидува усогласување на минималната пензија со минималната плата, 13-та пензија на крај на годината, како и усогласување и зголемување на земјоделските и социјалните пензии.

„Првата мерка ќе овоможи оваа категорија на граѓани, со најниски пензии, да има достоинствен и спокоен живот, финансиска стабилност и егзистенцијална независност. Дополнителната  пензија за пензионерите ќе биде во форма на субвенција со која истите покрај редовните две квартални зголемување на пензиите ќе добијат и трето годишно зголемување од дополнителни 8.3 проценти, кое ќе произлезе од ребалансот на Буџетот на државата на крајот од годината и пренаменување на средствата дефинирани со закон, наместо како до сега, трошење на истите како непродуктивни трошоци.  Со третата мерка се предвидува зголемување на земјоделските и социјалните пензии од 30 проценти, со цел обезбедување на подостоинствен на земјодлеците и  подигнување на општиот животен стандард на овие граѓаните и нивните семејства“, рече Серафимовски.

The post Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ appeared first on telma.com.mk.

]]>
Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“ https://telma.com.mk/2024/04/27/investiczii-od-polovina-milijarda-evra-minimalna-plata-od-800-evra-koaliczijata-vredi-ja-promovira-programata-plan-2030/ Sat, 27 Apr 2024 15:55:50 +0000 https://telma.com.mk/?p=193582

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“. Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше...

The post Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“ appeared first on telma.com.mk.

]]>

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“.

Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше изборната програма со која се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Десетте точки од „План 2030“ ги презентираа носителите на листите во изборните единици.

„Ние сме сигурни дека ја имаме најдобрата листа, имаме листа која ќе ги направи промените. Исто така, нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа, и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција“, истакна Биљал Касами, носител на листата во ИЕ 6 и претседател на Движење Беса.

За можно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ за состав на Влада, тој рече дека се подготвени за разговор.

The post Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“ appeared first on telma.com.mk.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април? https://telma.com.mk/2024/04/27/vmro-dpmne-dali-spasovski-mirno-spie-so-soznanieto-deka-se-propishani-drakonski-kazni-za-dela-koi-lugeto-ne-gi-napravile-na-27-april/ Sat, 27 Apr 2024 15:49:13 +0000 https://telma.com.mk/?p=193579

На 8 мај се одлучува дали оваа влада ќе биде поразена и истата ќе се соочи со одговорност или ќе продолжи да краде и распродава, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција пред собранието во чиј фокус беше упадот во законодавниот дом на 27 април.  „А кога веќе Спасовски се одлучи...

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април? appeared first on telma.com.mk.

]]>

На 8 мај се одлучува дали оваа влада ќе биде поразена и истата ќе се соочи со одговорност или ќе продолжи да краде и распродава, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција пред собранието во чиј фокус беше упадот во законодавниот дом на 27 април. 

„А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните од 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање – кој најмногу искористи со настаните на 27 април? – Кој направи влада по тие настани? – Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска? – Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 април според јавните сведоштва изнесени во јавноста? – Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?“, прашуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека „луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту, пак, амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа“.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април? appeared first on telma.com.mk.

]]>
Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата https://telma.com.mk/2024/04/27/menadhmentot-na-klinikata-da-go-reshi-problemot-dsi-najavi-kontrola-na-toksikologija-za-poplavata/ Sat, 27 Apr 2024 14:19:06 +0000 https://telma.com.mk/?p=193558

Од Државниот санитарен инспекторат за Телма велат дека следната недела ќе направат контрола за поплавата на Токсикологија, која беше предизвикана од пукната цевка на парното. Истакнуваат дека менаџментот на клиниката има одговорност да го реши проблемот. Медицинскиот директор Данил Петровски вели дека е направен записник за утврдување на штета, но...

The post Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата appeared first on telma.com.mk.

]]>

Од Државниот санитарен инспекторат за Телма велат дека следната недела ќе направат контрола за поплавата на Токсикологија, која беше предизвикана од пукната цевка на парното. Истакнуваат дека менаџментот на клиниката има одговорност да го реши проблемот.

Медицинскиот директор Данил Петровски вели дека е направен записник за утврдување на штета, но ќе има дополнување, бидејќи докторските канцеларии се со ламинат, а тие беа потопени со вода.

Канцеларијата во која пукнала цевката на радијаторот е целосно уништена и е вон употреба, а Петровски потсетува дека ќе треба да се менува и влезната врата која била обиена.

Телма вчера објави дека низ лекарски канцеларии, болнички соби, ходници и подруми два часа течела вода. Полавен бил третиот кат на клиниката, а водата се слевала се до подрумот.

The post Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата appeared first on telma.com.mk.

]]>
Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково https://telma.com.mk/2024/04/27/vo-dik-pristignat-samo-eden-prigovor-za-postapkata-za-glasane-vo-lipkovo/ Sat, 27 Apr 2024 14:14:01 +0000 https://telma.com.mk/?p=193556

До Државната изборна комисија (ДИК), по завршување на гласањето за претседателските избори, пристигнал само еден приговор за гласање во Липково. Приговори, пак, за постапката за сумирање и утврдување на резултатите, исто така, може да се поднесат во рок од 48 часа, но по објавувањето на првичните резултати. Тоа, како што...

The post Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково appeared first on telma.com.mk.

]]>

До Државната изборна комисија (ДИК), по завршување на гласањето за претседателските избори, пристигнал само еден приговор за гласање во Липково.

Приговори, пак, за постапката за сумирање и утврдување на резултатите, исто така, може да се поднесат во рок од 48 часа, но по објавувањето на првичните резултати. Тоа, како што веќе соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, тој рок истекува вечерва во 19 часот.

Даштевски рече дека ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 по завршувањето на целата постапка по приговорите.

The post Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково appeared first on telma.com.mk.

]]>
„Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на гласачите, ДУИ градат конечен став https://telma.com.mk/2024/04/27/vredi-nema-da-trguvaat-so-glasovite-na-glasachite-dui-gradat-konechen-stav/ Sat, 27 Apr 2024 14:06:31 +0000 https://telma.com.mk/?p=193553

Сè уште е енигма кон кого од двајцата претседателски кандидати, Стево Пендаровски или Гордана Силјановска-Давкова, ќе се слеат гласовите од партиите на Албанците во вториот круг од изборите за претседател на државата. Опозициската коалиција „Вреди“ засега нема во план да го повикува својот електорат да гласа за кого било. Во...

The post „Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на гласачите, ДУИ градат конечен став appeared first on telma.com.mk.

]]>

Сè уште е енигма кон кого од двајцата претседателски кандидати, Стево Пендаровски или Гордана Силјановска-Давкова, ќе се слеат гласовите од партиите на Албанците во вториот круг од изборите за претседател на државата. Опозициската коалиција „Вреди“ засега нема во план да го повикува својот електорат да гласа за кого било. Во синоќешната „Топ тема“ го открија ставот дека нивните гласачи треба сами да одлучат кому ќе го дадат својот глас.

Лидерите на коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, пак, планираат наскоро да одржат состанок на кој ќе заземат конечен став. Иако нивното барање за избор на претседател на државата да биде во Собранието го одбија и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сепак го најавуваат како пресудно во нивната одлука.

Црвените линии на „Вреди“ за влез во влада, пак, се барањето за укинување на процентот 20 отсто за Албанците од Уставот и гаранции за уставни измени во рок од шест месеци. Подготвени се да преговараат со сите.

Бектеши, пак, потсети дека постои документ на кој се потпишани сите партии на Албанците во кој стои со кого нема да прават коалиција.

Преговорите, сепак, најмногу ќе зависат од позиционирањето на партиите на партиите на изборите на 8 мај.

Далиборка Демјанска Цветановска

The post „Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на гласачите, ДУИ градат конечен став appeared first on telma.com.mk.

]]>