Формула 1 Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/formula-1/ Fri, 19 Apr 2024 10:36:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] Формула 1 Archives - telma.com.mk https://telma.com.mk/kategorija/sport/formula-1/ 32 32 Норис на пол-позицијата за спринт трката во Кина https://telma.com.mk/2024/04/19/noris-na-pol-poziczijata-za-sprint-trkata-vo-kina/ Fri, 19 Apr 2024 10:36:23 +0000 https://telma.com.mk/?p=191747

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата за утрешната спринт трка во Кина во рамки на Формула 1 шампионатот. Британецот најдобро се снајде на дождливите квалификации на патеката во Шангај. Возачот на Мекларен имаше најбрз круг со време од 1 минута, 57 секунди и 940 илјадитинки, а зад него ќе стартува...

The post Норис на пол-позицијата за спринт трката во Кина appeared first on telma.com.mk.

]]>

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата за утрешната спринт трка во Кина во рамки на Формула 1 шампионатот. Британецот најдобро се снајде на дождливите квалификации на патеката во Шангај.

Возачот на Мекларен имаше најбрз круг со време од 1 минута, 57 секунди и 940 илјадитинки, а зад него ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес. Фернандо Алонсо имаше трето време, а по него следува светскиот шампион Макс Ферстапен.

Најдобрите десетмина ги комплетираат Карлос Сајнц, Серхио Перез, Шарл Леклер, потоа Оскар Пиастри, Валтери Ботас и Жу Гуанју.

Спринт трката е закажана за утре со почеток во 5 часот наутро по средноевропско време, а во 9 часот ќе бидат и официјалните квалификации. Трката за Големата награда на Кина е во недела од 9 часот наутро.

The post Норис на пол-позицијата за спринт трката во Кина appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ред Бул потврди: Разговараме со Сајнц за 2025, но тој има друга огромна понуда https://telma.com.mk/2024/04/18/red-bul-potvrdi-razgovarame-so-sajncz-za-2025-no-toj-ima-druga-ogromna-ponuda/ Thu, 18 Apr 2024 15:29:30 +0000 https://telma.com.mk/?p=191632

Ред Бул го сака Карлос Сајнц јуниор следната сезона како тимски колега на шампионот Макс Ферстапен, но најдоминантниот тим во Формула 1 можеби ќе ја загуби трката за неговиот потпис од тим, кој се уште не е официјално влезен во натпреварувањето. Советникот за мотоспорт на Ред Бул, Хелмут Марко во...

The post Ред Бул потврди: Разговараме со Сајнц за 2025, но тој има друга огромна понуда appeared first on telma.com.mk.

]]>

Ред Бул го сака Карлос Сајнц јуниор следната сезона како тимски колега на шампионот Макс Ферстапен, но најдоминантниот тим во Формула 1 можеби ќе ја загуби трката за неговиот потпис од тим, кој се уште не е официјално влезен во натпреварувањето.

Советникот за мотоспорт на Ред Бул, Хелмут Марко во изјава за австрискиот весник „Клајне Цајтунг“ потврди дека во моментов тимот е во преговори со Карлос Сајнц за следната сезона. Шпанецот ќе го напушти Ферари, кој го ангажираше Сер Луис Хамилтон за 2025 година.

„Ние разговараме со Сајнц, тој ја има најдобрата сезона во Ф1 откако е тука, но во исто време има и многу богата понуда од Ауди, што ние не можеме да ја понудиме“, изјави Марко. 

Ауди официјално влегува во Формула 1 во 2026 година откако го купи тимот на Заубер. Германскиот производител сака Сајнц да биде предводникот на тимот, бидејќи има искуство и голем талент.

Ред Бул ќе почека со одлуката за возачката постава по оваа сезона. Серхио Перез конечно почна да прикажува перформанси како што се очекуваа од него, па можно е да добие нов договор. Една од опциите за австрискиот состав е и Александер Албон, кој во минатото возеше за Ред Бул.

 

The post Ред Бул потврди: Разговараме со Сајнц за 2025, но тој има друга огромна понуда appeared first on telma.com.mk.

]]>
Четири од четири за Макс Ферстапен: Пол-позиција за за ГН на Јапонија https://telma.com.mk/2024/04/06/dominaczija-na-red-bul-vo-kvalifikacziite-za-gn-na-japonija/ Sat, 06 Apr 2024 09:32:25 +0000 https://telma.com.mk/?p=189445

Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата во квалификациите, па утре ќе стартува од пол-позицијата на четвртата трка по ред сезонава во Формула 1 шампионатот. Ред Бул оствари еден-два победа во утринските квалификации за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. На легендарната патека „Сузука“, Ферстапен имаше најдобар круг со време од...

The post Четири од четири за Макс Ферстапен: Пол-позиција за за ГН на Јапонија appeared first on telma.com.mk.

]]>

Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата во квалификациите, па утре ќе стартува од пол-позицијата на четвртата трка по ред сезонава во Формула 1 шампионатот.

Ред Бул оствари еден-два победа во утринските квалификации за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. На легендарната патека „Сузука“, Ферстапен имаше најдобар круг со време од 1:28,197 минути. Неговиот тимски колега Серхио Перез ќе му прави друштво во првиот стартен ред.

Ландо Норис од Мекларен имаше трето време, а Карлос Сајнц од Ферари ќе стартува како четврти. Потоа следуваат Фернандо Алонсо, Оскар Пијастри, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Џорџ Расел и најдобрите десетмина ги комплетираше миленикот на домашната публика Јуки Цунода.

Трката за Големата награда на Јапонија утре стартува со почеток во 7 часот наутро по средноевропско време.

The post Четири од четири за Макс Ферстапен: Пол-позиција за за ГН на Јапонија appeared first on telma.com.mk.

]]>
„Еден-два“ победа на Ферари во Австралија: Ферстапен се повлече по само четири круга https://telma.com.mk/2024/03/24/eden-dva-pobeda-na-ferari-vo-avstralija-ferstapen-se-povleche-po-samo-chetiri-kruga/ Sun, 24 Mar 2024 11:48:50 +0000 https://telma.com.mk/?p=187134

Карлос Сајнц победи на трката за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот и тоа пред својот тимски колега од Ферари, Шарл Леклер, додека бранителот на шампионската титула Макс Ферстапен принудно се повлече по само четири круга на патеката „Алберт Парк“. Карлос Сајнц пред точно 16 дена имаше операција...

The post „Еден-два“ победа на Ферари во Австралија: Ферстапен се повлече по само четири круга appeared first on telma.com.mk.

]]>

Карлос Сајнц победи на трката за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот и тоа пред својот тимски колега од Ферари, Шарл Леклер, додека бранителот на шампионската титула Макс Ферстапен принудно се повлече по само четири круга на патеката „Алберт Парк“.

Карлос Сајнц пред точно 16 дена имаше операција на слепото црево и ја пропушти трката во Саудиска Арабија, но Шпанецот очигледно брзо се рехабилитираше и денеска ја оствари својата трета победа во кариерата. Макс Ферстапен се повлече од трката по само четири круга поради проблеми со сопирачките, па Сајнц водеше до крајот на трката, а зад него финишираше тимскиот колега од Ферари, Шарл Леклер. Трет финишираше Ландо Норис од Мекларен.

Потоа следуваше неговиот колега Оскар Пиастри, петти беше Серхио Перез, па Ленс Строл, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг, а последниот бод го освои Кевин Магнусен.

По три трки во генералниот поредок води Ферстапен со 51 бод, четири повеќе од Леклер, трет е Перез со 46, а Сајнц има 40 бодови.

Следната трка е за две недели за Големата награда на Јапонија на патеката „Сузука“.

The post „Еден-два“ победа на Ферари во Австралија: Ферстапен се повлече по само четири круга appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ферстапен најдобар во квалификациите во Австралија, Перез доби казна од три позиции https://telma.com.mk/2024/03/23/ferstapen-najdobar-vo-kvalifikacziite-vo-avstralija-perez-dobi-kazna-od-tri-poziczii/ Sat, 23 Mar 2024 10:07:39 +0000 https://telma.com.mk/?p=186844

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот. Карлос Сајнц имаше фантастичен настап во квалификациите иако пред две недели имаше операција, а казна заработи Серхио Перез. Ферстапен ја продолжува доминацијата што веќе трае три години, па денеска на патеката „Алберт...

The post Ферстапен најдобар во квалификациите во Австралија, Перез доби казна од три позиции appeared first on telma.com.mk.

]]>

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот. Карлос Сајнц имаше фантастичен настап во квалификациите иако пред две недели имаше операција, а казна заработи Серхио Перез.

Ферстапен ја продолжува доминацијата што веќе трае три години, па денеска на патеката „Алберт Парк“ во квалификациите оствари најбрз круг со време од 1:15,915 минути. Второ време имаше Карлос Сајнц од Ферари иако пред две недели имаше операција на слепо црево и беше под знак прашалник дали ќе биде фит да настапи во Австралија. Трето време оствари Серхио Перез, но возачот на Ред Бул доби казна од три позиции поради попречување на Нико Хулкенберг во првата квалификациска сесија и ќе стартува како шести.

Пред него ќе тргнат Ландо Норис, Шарл Леклер и Оскар Пиастри. Најдобрите десетмина ги комплетираат Џорџ Расел, Јуки Цунода, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, додека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе тргне од 11-тото место.

Трката за Големата награда на Австралија утре стартува во пет часот наутро по средноевропско време.

The post Ферстапен најдобар во квалификациите во Австралија, Перез доби казна од три позиции appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ферстапен со доминантна претстава до пол-позицијата во Саудиска Арабија https://telma.com.mk/2024/03/08/ferstapen-so-dominantna-pretstava-do-pol-poziczijata-vo-saudiska-arabija/ Fri, 08 Mar 2024 19:23:02 +0000 https://telma.com.mk/?p=184157

Макс Ферстапен денеска беше најбрз во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот. Актуелниот светски шампион имаше нова доминантна претстава пред своите ривали. Исто како и во Бахреин минатата недела, така и денеска Ферстапен стигна до пол-позицијата со време од 1 минута, 27 секунди...

The post Ферстапен со доминантна претстава до пол-позицијата во Саудиска Арабија appeared first on telma.com.mk.

]]>

Макс Ферстапен денеска беше најбрз во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот. Актуелниот светски шампион имаше нова доминантна претстава пред своите ривали.

Исто како и во Бахреин минатата недела, така и денеска Ферстапен стигна до пол-позицијата со време од 1 минута, 27 секунди и 472 илјадитинки. Во првиот стартен ред, друштво на пилотот на Ред Бул ќе му прави Шарл Леклер од Ферари, кој имаше 0,3 секунди послабо време.

Од вториот ред ќе тргнат, Серхио Перез и Фернандо Алонсо, потоа следува двоецот на Мекларен, Оскар Пиастри и Ландо Норис, а најдобрите десетмина ги комплетираат, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Јуки Цунода и Ленс Строл.

Дебитантот Оливер Берман ќе стартува како 11-ти. Младиот 18-годишен Британец ќе го замени Карлос Сајнц во болидот на Ферари на утрешната трка во Џеда откако Шпанецот денеска итно мораше на операција на слепо црево. Берман ќе биде третиот најмлад возач во историјата на една трка во Формула 1 шампионатот.

Саудиското гран при утре стартува од 18 часот.

The post Ферстапен со доминантна претстава до пол-позицијата во Саудиска Арабија appeared first on telma.com.mk.

]]>
Сајнц нема да вози за Ферари на трката за ГН на Саудиска Арабија https://telma.com.mk/2024/03/08/sajncz-nema-da-vozi-za-ferari-na-trkata-za-gn-na-sauiska-arabija/ Fri, 08 Mar 2024 11:48:35 +0000 https://telma.com.mk/?p=184072

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц ќе ја пропушти утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот поради здравствени проблеми. Шпанецот има воспаление на апендиксот или слепото црево, па потребна му е операција. Ферари објави дека Сајнц ќе го пропушти тркачкиот викенд почнувајќи од слободниот тренинг број...

The post Сајнц нема да вози за Ферари на трката за ГН на Саудиска Арабија appeared first on telma.com.mk.

]]>

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц ќе ја пропушти утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот поради здравствени проблеми.

Шпанецот има воспаление на апендиксот или слепото црево, па потребна му е операција. Ферари објави дека Сајнц ќе го пропушти тркачкиот викенд почнувајќи од слободниот тренинг број 3. Негова замена ќе биде младиот Оливер Берман, кој е резервен возач на италијанскиот тим. Се работи за 18-годишен Британец, кој моментално настапува во Формула 2, а утре на трката ќе го има своето деби во најпрестижното автомобилистичко натпреварување.

Сајнц на првата сезонска трка во Бахреин минатиот викенд го освои третото место, зад двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серио Перез. Шпанецот ја вози последната сезона во болидот на Ферари, бидејќи од следната сезона Сер Луис Хамилтон ќе му биде тимски колега на Шарл Леклер.

The post Сајнц нема да вози за Ферари на трката за ГН на Саудиска Арабија appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ништо ново и во новата сезона во Ф1: Ферстапен со пол-позиција во Бахреин https://telma.com.mk/2024/03/01/nishto-novo-ni-na-startot-na-novata-sezona-ferstapen-so-pol-poziczija-vo-bahrein/ Fri, 01 Mar 2024 17:53:25 +0000 https://telma.com.mk/?p=183087

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на првата сезонска трка во Формула 1 шампионатот што утре ќе се вози за Големата награда на Бахреин. За Холанѓанецот тоа е 33-та пол-позиција во кариерата. Пилотот на Ред Бул во денешните квалификации имаше најбрз круг со време од 1 минута, 29 секунди и...

The post Ништо ново и во новата сезона во Ф1: Ферстапен со пол-позиција во Бахреин appeared first on telma.com.mk.

]]>

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на првата сезонска трка во Формула 1 шампионатот што утре ќе се вози за Големата награда на Бахреин. За Холанѓанецот тоа е 33-та пол-позиција во кариерата.

Пилотот на Ред Бул во денешните квалификации имаше најбрз круг со време од 1 минута, 29 секунди и 179 илјадитинки. Во првиот стартен ред на бранителот на шампионска титула друштво ќе му прави Шарл Леклер од Ферари. Трето време имаше пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел. Потоа следува Карлос Сајнц, Серхио Перез, Фернандо Алонсо, а најдобрите десетмина ги комплетираат двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пиастри, Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.

Трката за Големата награда на Бахреин утре стартува со почеток во 16 часот.

The post Ништо ново и во новата сезона во Ф1: Ферстапен со пол-позиција во Бахреин appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ферари го претстави новиот болид за 2024 година (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/02/13/ferari-go-pretstavi-noviot-bolid-za-2024-godina-video/ Tue, 13 Feb 2024 12:55:30 +0000 https://telma.com.mk/?p=180321

Ферари денеска го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1 шампионатот. Од Маранело се надеваат дека во 2024 година ќе ја намалат разликата во однос на најдоминатниот тим лани, Ред Бул. Ферари беше единствениот тим што лани го победи Ред Бул и го спречи австрискиот тим да дојде...

The post Ферари го претстави новиот болид за 2024 година (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

Ферари денеска го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1 шампионатот. Од Маранело се надеваат дека во 2024 година ќе ја намалат разликата во однос на најдоминатниот тим лани, Ред Бул.

Ферари беше единствениот тим што лани го победи Ред Бул и го спречи австрискиот тим да дојде до перфектна сезона со единствената победа на Карлос Сајнц јуниор за ГН на Сингапур. Новиот СФ-24 болид треба да ги донесе Италијанците многу поблизу до победите.

Возачкиот состав останува ист како и изминатите четири години, Шарл Леклер и Карлос Сајнц. Шпанецот од следната сезона ќе мора да бара нов тим, бидејќи Ферари веќе се договори со Сер Луис Хамилтон за 2025 година, додека Леклер пред извесно време потпиша нов долготраен договор со тимот.

Лани Ферари заврши на третото место кај конструкторите, зад шампионот Ред Бул и само три бода зад Мерцедес, кој беше втор.

Остануваат уште три тима да ги претстават новите болиди за 2024 година. Утре промоција закажаа Мерцедес и Мекларен, додека во четврток последен ќе го покаже новиот болид е шампионот Ред Бул.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 2 март со Големата награда на Бахреин.

The post Ферари го претстави новиот болид за 2024 година (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>
Астон Мартин е шестиот тим што го промовираше болидот (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/02/12/aston-martin-e-shestiot-tim-shto-go-promovirashe-bolidot-video/ Mon, 12 Feb 2024 11:48:40 +0000 https://telma.com.mk/?p=180120

Астон Мартин денеска го претстави својот болид за новата сезона во Формула 1 шампионатот. Од таборот на британскиот состав се надеваат дека ќе можат да направат напредок во однос на ланската одлична сезона.  Новиот болид наречен АМР24 ќе ја има препознатливата зелена боја на Астон Мартин. Возачкиот состав останува непроменет,...

The post Астон Мартин е шестиот тим што го промовираше болидот (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

Астон Мартин денеска го претстави својот болид за новата сезона во Формула 1 шампионатот. Од таборот на британскиот состав се надеваат дека ќе можат да направат напредок во однос на ланската одлична сезона. 

Новиот болид наречен АМР24 ќе ја има препознатливата зелена боја на Астон Мартин. Возачкиот состав останува непроменет, односно ќе биде предводен од ветеранот и поранешен светски шампион Фернандо Алонсо и  Ленс Строл, синот на сопственикот на тимот, Лоренс Строл.
Лани Астон Мартин имаше фантастични резултати во првиот дел од сезоната, кога се чинеше дека е најсериозен ривал на Ред Бул, но во продолжението останатите тимови како Мерцедес, Ферари и Мекларен го престигнаа со своите надградби. Британците се надеваат дека оваа година ќе напредуваат во однос на петтото место кај конструкторите освоено лани.


Астон Мартин е шестиот тим што го претстави својот нов болид. Следната промоција ќе ја има Ферари и тоа во текот на утрешниот ден. На 14-ти февруари Мерцедес и Мекларен ќе ги покажат своите болиди, додека последни промоција ќе имаат шампионите од Ред Бул и тоа во четврток на 15-ти февруари.

Новата сезона во Формула 1 започнува со трката за Големата награда на Бахреин закажана за 2.март. 

The post Астон Мартин е шестиот тим што го промовираше болидот (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>