telma.com.mk https://telma.com.mk/ Sat, 27 Apr 2024 11:42:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.4 https://telma.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/[email protected] telma.com.mk https://telma.com.mk/ 32 32 Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера https://telma.com.mk/2024/04/27/gir-prviot-krug-na-izborite-generalno-mina-vo-mirna-i-demokratska-atmosfera/ Sat, 27 Apr 2024 11:42:43 +0000 https://telma.com.mk/?p=193544

Првиот круг од претседателските избори мина во, генерално, мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на кампањата за вториот круг за претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави денеска амбасадорот на Европската унија во земјата...

The post Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера appeared first on telma.com.mk.

]]>

Првиот круг од претседателските избори мина во, генерално, мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на кампањата за вториот круг за претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави денеска амбасадорот на Европската унија во земјата Дејвид Гир.

„Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк.

The post Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера appeared first on telma.com.mk.

]]>
„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални https://telma.com.mk/2024/04/27/volstrit-zhurnal-amerikanskite-razuznuvachki-agenczii-ne-veruvaat-deka-putin-ima-bilo-kakva-vrska-so-smrtta-na-navalni/ Sat, 27 Apr 2024 10:41:50 +0000 https://telma.com.mk/?p=193539

Американските разузнувачки агенции соопштија дека не пронашле докази за вмешаност на руското раководство во смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе „Волстрит Џурнал“. Еден од најжестоките критичари на Путин почина во арктички затворски логор во февруари, на 47-годишна возраст. Неговите сојузници, вклучително и сопругата Јулија, за смртта на Алексеј...

The post „Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални appeared first on telma.com.mk.

]]>

Американските разузнувачки агенции соопштија дека не пронашле докази за вмешаност на руското раководство во смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе „Волстрит Џурнал“.

Еден од најжестоките критичари на Путин почина во арктички затворски логор во февруари, на 47-годишна возраст. Неговите сојузници, вклучително и сопругата Јулија, за смртта на Алексеј го обвинија рускиот претседател, што категорично беше отфрлено од Кремљ.

Како што објави „Скај њуз“, по неодамнешната проценка засновата на низа информации, меѓу кои и доверливи разузнувачки податоци и анализа на јавните факти, американски разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални.

Весникот цитира извори според кои, „наодите се широко прифатени во разузнавачката заедница и поделен од неколку служби, вклучително ЦИА и Стејт департментот.

The post „Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални appeared first on telma.com.mk.

]]>
Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април https://telma.com.mk/2024/04/27/toa-se-nasilniczi-ne-ustavobraniteli-spasovski-protiv-pomiluvane-na-liczata-koi-upadnaa-vo-sobranieto-na-27-april/ Sat, 27 Apr 2024 10:24:44 +0000 https://telma.com.mk/?p=193531

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во Втората изборна единица, Оливер Спасовски претпладнево пред Собранието истакна дека 27 април ниту смее да се повтори, ниту да се заборави, најцрниот датум во историјата на македонската демократија. „Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание...

The post Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април appeared first on telma.com.mk.

]]>

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во Втората изборна единица, Оливер Спасовски претпладнево пред Собранието истакна дека 27 април ниту смее да се повтори, ниту да се заборави, најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

„Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ. Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок“, рече Спасовски.

Според него, најавите за помилување на лицата што упаднаа во Собранието „се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ“.

„27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија. Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност. СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај“, рече Спасовски, барајќи поддршка за неговата партија и коалиција на парламентарните избори.

The post Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април appeared first on telma.com.mk.

]]>
Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер https://telma.com.mk/2024/04/27/193529/ Sat, 27 Apr 2024 10:24:33 +0000 https://telma.com.mk/?p=193529

Холанѓанецот Арне Слот ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул следната сезона. Премиерлигашот успеа да се договори со Феенорд за откуп на неговиот договор. „Црвените“ ќе платат 9 милиони евра обештетување за Слот и дополнителни два милиони во бонуси. Клубот сега ќе се обиде да ги договори...

The post Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер appeared first on telma.com.mk.

]]>

Холанѓанецот Арне Слот ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул следната сезона. Премиерлигашот успеа да се договори со Феенорд за откуп на неговиот договор.

„Црвените“ ќе платат 9 милиони евра обештетување за Слот и дополнителни два милиони во бонуси. Клубот сега ќе се обиде да ги договори личните услови со холандскиот стратег, кој од 1 јули треба да почне со работа на „Енфилд Роуд“. Челниците на Ливерпул се одлучија за Слот поради неговата офанзивна филозофија во пристапот кон фудбалот, но и поради фактот што е тренер кој знае како да развива играчи да го достигнат својот најголем потенцијал.

Тој лани ја освои шампионската титула во холандското првенство со Феенорд, а оваа сезона најверојатно ќе заврши на 2.место, но го освои Купот.

За потсетување, Јирген Клоп уште во јануари објави дека по завршувањето на оваа сезона го напушта Ливерпул по 8,5 години на клупата.

The post Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер appeared first on telma.com.mk.

]]>
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија https://telma.com.mk/2024/04/27/zemjotres-so-jachina-od-69-stepeni-po-rihter-pogodi-delovi-od-japonija/ Sat, 27 Apr 2024 10:14:24 +0000 https://telma.com.mk/?p=193526

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија. Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри. Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на...

The post Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија appeared first on telma.com.mk.

]]>

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

The post Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија appeared first on telma.com.mk.

]]>
Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица https://telma.com.mk/2024/04/27/najgolemiot-test-sezonava-za-mzt-vo-jane-sandanski-gostuva-spartak-suboticza/ Sat, 27 Apr 2024 10:12:22 +0000 https://telma.com.mk/?p=193518

МЗТ Скопје денеска од 19 часот го пречекува тимот на Спартак Суботица во рамки на првиот полуфинален натпревар во АБА2 кошаркарската лига. Нашиот шампион сака да стигне до елитното регионално натпреварување, а тоа може да се случи само со елиминација на српскиот состав. МЗТ во четвртфиналето го елиминираше Широки Бријег...

The post Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица appeared first on telma.com.mk.

]]>

МЗТ Скопје денеска од 19 часот го пречекува тимот на Спартак Суботица во рамки на првиот полуфинален натпревар во АБА2 кошаркарската лига. Нашиот шампион сака да стигне до елитното регионално натпреварување, а тоа може да се случи само со елиминација на српскиот состав.

МЗТ во четвртфиналето го елиминираше Широки Бријег со убедлива победа на домашен паркет и минимален пораз на гости. Сега за ривал го има тимот на Спартак, кој во претходната рунда со две лесни победи го реши Хелиос Домжале. Српскиот тим беше првопласиран во регуларниот дел од сезоната со ефект од 11 победи и само два порази.

„Ова е еден од натпреварите за кои напорно работиме цела сезона, кои се идеален мегдан да покажеме од што сме создадени и на кои мора да ја оставиме буквално последната капка пот. Спартак Суботица е исклучително квалитетен противник, тим со сериозен буџет и амбиции, поради што мора да бидеме на највисокото можно ниво ако сакаме да дојдеме до посакуваниот триумф“, изјави тренерот на „металците“, Васко Атанасов. 

Добра вест за македонскиот тим е што Ејасу Ворку се враќа во тимот по повредата, но Бојан Крстевски и натаму е надвор од стројот. Во единствениот меѓусебен натпревар во регуларниот дел од сезоната, Спартак го совлада МЗТ со 86-81. Вечерва дуелот почнува во 19 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје, а реваншот е за седум дена во Суботица.

За потсетување во второто полуфинале, Подгорица во средата ја совлада Војводина со 98-80 на домашен паркет. Во четврток на 2.мај се игра реваншот во Нови Сад.

The post Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица appeared first on telma.com.mk.

]]>
(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени https://telma.com.mk/2024/04/27/video-nad-70-tornada-napravija-pustosh-vo-sad-najmalku-tri-licza-se-povredeni/ Sat, 27 Apr 2024 10:10:42 +0000 https://telma.com.mk/?p=193523

Најмалку три лица се повредени во десетината торнада што го погодија централниот дел на САД, предизвикувајќи значителна материјална штета, соопштија властите. Американската метеоролошка служба во петокот забележа над 70 торнада ширум земјата од накголем дел беа околу градот Омаха, Небраска ик во близина на Ајова. Како резултат на невремето, уништени...

The post (Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени appeared first on telma.com.mk.

]]>

Најмалку три лица се повредени во десетината торнада што го погодија централниот дел на САД, предизвикувајќи значителна материјална штета, соопштија властите.

Американската метеоролошка служба во петокот забележа над 70 торнада ширум земјата од накголем дел беа околу градот Омаха, Небраска ик во близина на Ајова. Како резултат на невремето, уништени или оштетени се десетици домови и згради, искинати се далекуводи, а забележано е излетување и на возови од шини.

Торнадата како временски феномен се тешко предвидливи и релативно се чести во САД, особено во централните и јужните делови на земјата.

The post (Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени appeared first on telma.com.mk.

]]>
Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО) https://telma.com.mk/2024/04/27/dalas-vodi-protiv-klipers-feniks-blizu-da-dobie-metla-od-minesota-video/ Sat, 27 Apr 2024 09:56:20 +0000 https://telma.com.mk/?p=193511

Далас поведе со 2-1 против Лос Анџелес клиперс во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата по победата од 101-90 на домашен паркет. Натпреварот беше жесток особено во последниот период кога дојде до мало кошкање меѓу играчите. Расел Вестбрук беше исклучен од натпреварот по еден груб прекршок над Лука Дончиќ, а...

The post Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>

Далас поведе со 2-1 против Лос Анџелес клиперс во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата по победата од 101-90 на домашен паркет. Натпреварот беше жесток особено во последниот период кога дојде до мало кошкање меѓу играчите. Расел Вестбрук беше исклучен од натпреварот по еден груб прекршок над Лука Дончиќ, а исклучен кај Маверикс беше и Пи Џеј Вашингтон.  Дончиќ имаше 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, а Кајри Ирвинг запиша еден поен помалку. Кај Клиперс, Џејмс Харден и Ник Пауел имаа по 21 поен.

Минесота е близу да го збрише Феникс, бидејќи утринава славеше со 109-126 на гостински паркет и поведе со 3-0. Ентони Едвардс имаше 36 поени за Тимбервулфс, а Бредли Бил со 28 поени најмногу се истакна кај Санс.

Индијана славеше со 121-118 против Милвоки по едно продолжение и дојде до водство од 2-1 во меѓусебната серија. Целата стартна петорка на Пејсерс имаше двоцифрен ефект во нападот, а најдобар беше Мајлс Тарнер со 29 поени. Кај Бакс, Крис Мидлтон имаше 42 поени, а Демијан Лилард 28, но без повредениот Јанис Адетокумпо очигледно тимот има многу проблеми во играта.

 

 

The post Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО) appeared first on telma.com.mk.

]]>
Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник https://telma.com.mk/2024/04/27/avtomobilskoto-osiguruvane-ja-razbranuva-javnosta-dali-ke-ima-poskapuvane-na-polisata-ke-znae-vo-ponedelnik/ Sat, 27 Apr 2024 09:52:56 +0000 https://telma.com.mk/?p=193510

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на седница в понеделник треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на...

The post Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник appeared first on telma.com.mk.

]]>

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на седница в понеделник треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании.

Зголемувањето на цената  за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните“, напиша Битиќи.

Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

The post Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник appeared first on telma.com.mk.

]]>
Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024 https://telma.com.mk/2024/04/27/sonchevo-i-potoplo-so-mala-do-umerena-oblachnost-vremenska-prognoza-za-28-4-2024/ Sat, 27 Apr 2024 08:49:49 +0000 https://telma.com.mk/?p=193503

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максималната од 20 до 26°C. Информација од утрово: Минимална температура (во °C) 1...

The post Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максималната од 20 до 26°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

1 Берово, Лазарополе, 2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Крива Паланка, 5 Струмица, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Битола, Демир Капија, Крушево, 7 Прилеп, Штип, Виница, Велес, Дебар, 8 Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 10.5, Дојранско Езеро 17.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

The post Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024 appeared first on telma.com.mk.

]]>