ЗНМ ја осуди изјавата на Заев и побара тој јавно да се извини

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осуди изјавата на Премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт. 

Според соопштението на ЗНМ, ваквиот агресивен говор од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон новинарите и дополнително да ја загрози нивната безбедност и да ја ограничи слободата на изразување.

ЗНМ го повика Заев веднаш да се извини на новинарите и да се воздржи од идни вакви дискредитации .

Истовремено, ЗНМ констатира дека Премиерот Заев користел непримерен говор кон припадниците на ЛГБТИ заедницата, при што се осудува и тој дел од неговата изјава и се бара од него , јавно да се извини.  

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ