„Златна арена“ за најдобра режија на Филмскиот фестивал во Пула доби режисерката Дана Будисавлјевиќ

Главната награда Златна арена за најдобра режија на Филмскиот фестивал во Пула ја доби режисерката Дана Будисавлјевиќ за филмот Дневникот на Дана Будисавлевиќ.

Режисерката на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ Теона Стругар Митевска исто така доби награда Златна арена, но во категоријата  за малцински копродукции, што е награда што ја доделува Оценувачкиот суд на хрватскиот програм, а не главна награда на фестивалот како што соопшти продукцијата Митевски .

Според одлуката на жирито, Митевска е наградена едногласно затоа што со „прецизниот режисерски ракопис успева да го вовлече гледачот во филмските случувања, карактери, си општествени околности“.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ