ЗКП едногласно донесе заклучок дека нема потреба од автентично толкување

Законодавноправната комисија донесе заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување затоа што тој бил укинат. Уставниот суд според нив нема надлежност да оживее одлука која претходно била укината.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дискутираа на седницата. Подршката претходно ја најави координаторот Никола Мицевски.

Се очекува автетичното толкување да се најде на дневен ред на собраниска седница по 11 декември, а потоа ќе му се достави на Уставниот суд кој треба да донесе одлука.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ