ЖРК ВАРДАР ПО ПЕТТИ ПАТ НА Ф4 ТУРНИРОТ ВО БУДИМПЕШТА

 

Европските вицешампионки во голем стил го одиграа реваншот со Митјиланд и го заверија местото помеѓу најдобрите 4-ри екипи во елитната ЛШ.
ЖРК Вардар со 32-25 ги одработи вторите 60 минути против тимот од Данска.Во последниот меч пред домашната публика во Јане Сандански во овој состав,вардарки функционираа перфекетно.Македонската екипа тргна многу подобро од минатонеделното соочување со Митјиланд и ја покажа разлика уште во првото полувреме.Од 17 -12 на семафорот,Вардар во вториот дел продолжи со уште повисок ритам.Играта на гостинките беше целосно разбиена со предност од 13 голови разлика која овозможи комотен финиш во кој проработеа емоциите и кај Вардарки и кај публиката во СЦ Јане Сандански. Најдобар стрелец во вардаровиот тим беше Лекиќ со седум голови, Пенезиќ даде пет, додека по четири пати во листата на стрелци се запишаа Радичевиќ, Лакрабер и Кузнецова.
Покрај Вардар,пласман во Будимпешта избори и Ростов Дон против Ференцварош (32-22).Вечерва се очекува и Ѓер да ја потврди Ф4 позиција во дуелот со Будуќност.Утре во последниот меч од четвртфиналето,Букурешт има залиха од 34-21 за реваншот со Мец.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ