ЖОЗЕ МУРИЊО Е КАЗНЕТ СО ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР И ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

Жозе Мурињо се спогодил со шпанските власти за едногодишна затворска казна која нема да ја мине во затвор  туку ќе плати 2 милиони евра. Со оглед на тоа дека затворската казна е помала од две години и ова му е прв престап, „Специјалниот“ нема да заврши зад решетки.Португалскиот фудбалски менаџер беше обвинет дека во периодот кога беше тренер на Реал Мадрид затаил данок во износ од 3 милиони и 300 илјади евра за права на имиџ.Неодамна  Кристијано Роналдо се согласи да плати речеси 19 милиони евра и доби условна 23 месечна затворска казна а слично минаa и Лионел Меси,Чаби и Нејмар.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ