Жолтите елеци: Одлуката на Макрон е донесена предоцна

Француските демонстранти ја поздравија синоќешната одлука на претседателот Емануел Макрон, кој се откажа од зголемување на данокот за гориво планирано за следната година, но истакнаа дека можеби тоа не би било доволно да се смири гневот на јавноста.

Портпаролката на жолтите елеци изјави дека сега различни протестни групи ќе одлучуваат за понатамошните чекори, но оцени дека е многу веројатно дека ќе продолжат со протестите. Жолтите елеци сметаат дека одлуката на Макрон нема суштински да го смени курсот во земјата, и ги повикаа демонстрантите да поднесат и други барања, како што е зголемување на минималната плата.

Француската Влада синоќа се откажа од зголемување на данокот на гориво во 2019 година, кој претходно беше суспендиран на шест месеци.  Неименуван претставник на Елисејската палата изјави дека претседателот Макрон се откажал поради страв од ново насилство, по тринеделните протести низ Франција и најголемите немири во Париз по повеќе децении.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ