„Животинска фарма“ на Џорџ Орвел премиерно во струмички театар

„Животинска фарма“ на Џорџ Орвел во изведба на струмичкиот театар. Синоќа премиерно се изведе претставата за која режисерот вели дека не е само исмевање ан системот на поранешниот Советски сојуз, туку важи и за денешницата во која  целиот свет е животинска фарма и го управуваат големите сили.

Актерите велат дека режисерот успеал да ги сплоти и да создаде атмосфера за заедништво што било причина сите да дадат максимум во претставата.

Претставата се игра во мал простор, налик на фарма специјално дизајниран за оваа намена.  Капацитетот е околу 60 гледачи и е интимен затоа што идејата била публиката да е заедно со актерите.

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ