Живот како во карантин, заради стовариште за песок

Домот им е  затворска ќелија. Семејството Цветкови од селото Теранци во општината Чешиново-Облешево речиси половина година живеат со затворени врати и прозорци , бидејќи на само три метри од нивната куќа е отворено стовариште за песок. Секојдневната бучава од камионите кои го носат песокот, но и прашината која се дига по неговата преработка не им дава мирен живот.

Откако пред три дена случајот го пријавил во полиција, машините на соседниот плац мируваат. Цветкови се плашат дека откако ќе помине извесно време, локалната градежна фирма повторно ќе си продолжи по старо. Инспекторот за животна средина излез на терен, кој пред камерата на Телма го донесе и одговорот дека тие не се надлежни за случајов, туку локалната власт.

Согласно законот за животна средина бараме (од општината) да се превземат соодветни мерки или надзор и да го известите Државниот инспекторат за животна средина за спроведените мерки или извршниот надзор„, стои во одговорот од ДРжавен инспекторат за животна средина.

Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев негира дека издал потврда за работа на локална градежна фирма  во селото Теранци. Решението од министерството за животна средина го добил, а досега не излегле на терен, бидејќи комуналниот  инспектор му е на обука во Битола. Вети дека заедно со него ќе извршат увид во понеделник и ќе го решат проблемот на цветкови, но и на останатите жители.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ