Жителите на радовишко Аликоч се уште чекаат да се изгради училиштето

Од ноември почна учебната година за 50 деца од радовишко Аликоч.
По долги премислувања, жителите решиле да ги пуштат децата на училиште, иако се’ уште не е исполнет нивниот услов, да се отвори училиште од прво до петто одделние во нивното село.
Една од причините е казните со кои се соочуваат, но и тоа што децата останаа долго време без настава.
Жителите велат дека се разочарани од сегашната но и претходната локална власт бидејќи постојано им ветувале дека ќе се отвори училиштето а после изборите никој не го исполнувал ветувањето.
Велат дека никој нема да излезе на изборите во април доколку дотогаш не се најде решение за училишната зграда.
Од општина Радовиш велат дека се чека одговор од министерството за образование.
Доколку добијат зелено светло но и средства за отворање нови работни места, кои несомнено ќе се потребни за пренамена и адаптација на објектот и нови вработувања.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ