Жителите на Ќерамидница одбиваат да се отселат за малку пари за да се гради мостот

Оваа црвена линија стои на една од улиците во скопската населба Ќерамидница. Жителите овде, велат дека истата покажува каде ќе поминува булеварот кој ќе се протега од Аеродром до Гази Баба. Сепак, луѓето од соседството и самите се во недоумица чии куќи се испречени пред проектот за изградба на булеварот АСНОМ и чии објекти треба да бидат урнати. Воопшто не сакаат да слушнат за малку пари да се отселат.

Пред два дена, советниците коишто се мнозинство во советот на општина Гази Баба, го обвинија градоначалникот на Скопје дека нуди 400 до 500 евра за метар квадратен. Паушални се тие изјави одговори денес Шилегов. Тврди дека нуди повеќе пари за експропријација, а жителите на Ќерамидница се добредојдени на преговори во Градот.

Целиот проект ќе чини 16 милиони евра, иако Градот се надеваше дека ќе биде двојно поевтин. Тоа беше опција единствено ако Советот на Гази Баба каде што мнозинство е групата од ВМРО-ДПМНЕ прифатеше договор за меѓуопштинска соработка со Градот, што ќе значеше и друга, поедноставна траса за самиот булевар.

Петар Догов

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ