Жителите на Иловица и Штука на средба со Заев- рудникот не треба да биде отворен

Жителите на Иловица и Штука синоќа му ги кажаа на премиерот Заев своите ставови за рудникот. Повеќе од три часа траеше расправата на која се изнесуваа мислења околу отворањето на рудникот Иловица Штука. Премиерот рече дека дошол за да се разбере и лично да ги сослуша граѓаните и дека ќе бидат многу внимателни во одлуките.

Жителите и граѓанските здруженија велат дека рудникот не треба да биде отворен, бидејќи ќе страда целиот регион, и ќе има несогледливи последици по здравјето.

Концесионерот Еуромакс тврди дека рудникот може да биде во хармонија со околината и дека ќе биде пример за современо и иновативно рударство. Тие сметаат дека рудникот ќе има и позитивно влијание за економскиот раст со вработувањата и другите економски активности што следните двасетина години би се одвивале во струмичко.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ