Жика Тодоровиќ за Телма: Жалам за старите времиња

Култното име на белградската и воопшто југословенската уметничка сцена Срѓан Жика Тодоровиќ по пауза од речиси две децении повторно настапи со музика на Екатерина Велика, легендарниот бенд  во чија постава беше и тој самиот во одреден период.

Морам да признаам дека се зажелев за свирка. Групата „Деца од вода“ ме поканија да настапам како гостин на три – четири песни, кои за мојата моментална состојба свирењето тапани не е како некогаш, затоа што одамна престанав се занимавам со тоа, вели Тодоровиќ.

Во неговата навистина богата и разнолика филмска дејност се вбројуваат улогите во дури 47 филма. Неговите улоги во „Бал на вода“, „Како пропадна рокенролот“, „Ние не сме анѓели“, „Црниот бомбардер“, „Црна мачка бел мачор“ и уште многу други се врежани во сеќавањата на различни генерации.

Поради недостиг на кина и поради трансформацијата на некои стари кино сали во овие синеплекси, мислам дека сега е една пауза за филмот, а завладееа многубројни серии на многубројните ТВ канали. Се појавуваат нови и нови. Можам да кажам жалам за старите времиња кога се снимаа по 30 филмови годишно, вели Тодоровиќ.

Во време во кое сведочиме на масовна естрадизација на уметноста треба сепак добро се размисли да не се ставаат во ист кош и оние нешта кои најавуваат нешто ново, а неправедно се жигосани, вели Тодоровиќ.

Телевизијата сакала не сакала мораше да ја прифати естрадата како реалност. Денес многу реални шоуа, многу нова комерцијална музика, против која јас немам ништо. Јас се заколнав дека секогаш ќе ги следам новите текови, обидувајќи се да ги сфатам и да го почитувам  она што е ново во музиката, тврди Тодоровиќ.

Во периодот пред да се посвети целосно на филмската уметност Срџан Тодоровиќ беше член и на култната група „Дисциплина кичме“, настапувајќи и како гостин на концертите на „Електрични оргазам“ и „Партибрекерси“  белградски бендови кои ја обележаа ју сцената и главни двигатели на урбаната култура во 80- те години. Настапот на Жика Тодоровиќ во Скопје беше во рамките на концертот на трибјут бендот на „ЕКВ“ во рамките на фестивалот Синедејс.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ