Жерновски: Нови патни исправи до крајот на годината, промената на регистарските таблички во следните 4 месеци

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски во гостувањето на Топ Тема на Ваша страна изјави дека земјата има рок од две недели да ги промени таблите на институциите и три недели рок за конзуларните и дипломатски претставништва на земјата. Но исто така рече и дека имаат разбирање од грчката страна за евентуално пробивање на овие рокови.

Од голем интерес за граѓаните ќе биде и промената на регистарските таблички на возилата, рече Жерновски. Таму во наредните четири месеци, сите возила кои ќе се регистрираат ќе ги добијат новите таблички, додека за возилата со старите таблички  на граничните премини ќе бидат издавани посебни налепници со ознака „NMK“ при излез од границите на државата. За тоа на чив трошок ќе бидат спроведени овие промени Жерновски рече дека одлуката се уште не е донесена.

Со сличен пристап ќе бидат решени и патните исправи. Жерновски вели дека Владата планира до крајот на годината да почне со издавањето на нови патни исправи, во меѓувреме на граничните премини ќе биде воведена нова процедура за излез од државата. На сите патни исправи на кои стои старото име на државата ќе биде ставан печат дека патната исправа всушност припаѓа на Република Северна Македонија.

Жерновски исто така најави дека промената на банкнотите е планирана да почне во 2020 година. Запрашан дали и културнит еи научни институции, како Македонска опера и балет, МАНУ и слични, ќе треба да ги променат своите називи, Жерновски рече дека сите институции кои користат буџетски средства ќе мора да ги променат своите називи.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ