Жените од Балканот мора да добијат подобри и поплатени работни места

Иако сега се подобро образовани од порано, девојките и жените од Западен Балкан се уште не учествуваат подеднакво на пазарот на трудот, а и кога ќе се вработат, поголема е веројатност е да добијат пониско-квалификувани и пониско платени работни места од мажите. Проценките говорат дека до 18 проценти од регионалниот БДП трпи загуби поради родовиот јаз на пазарот на трудот. Светска банка бара да се подобри оваа состојва, на работилница во Виена претставници од Западен Балкан се обврзаа дека ќе ја подобрат родовата еднаквост. Одобрено е коминике за подобар пристап до работните места за жените и девојките.

Светските банкари се децидни дека зголемувањето на можностите на жените е од клучно значење за да се зголеми растот и развојот на земјите од регионот, но и за нивниот пристап во Европската унија.

„Оваа агенда доби голема поддршка од официјалните претставници од Западен Балкан, кои ветија дека ќе обезбедат повеќе жени да најдат платено вработување на повисоко квалификувани и подобро платени работни места” кажа Линда Ван Гедер – регионален директор на Светска банка за Западен Балкан.

Мора да се предложат решенија кои ќе го подобрат пристапот на жените до финансиски средства и ќе го поттикнат нивното учество во претприемништвото, е ставот и на министерката за труд и социјала, Мила Царовска и заменичката во Финансии, Ширет Елези, кои учествуваа на работилницата. Најавиле дека земјава ги продолжува напорите, и во иднина особено внимание ќе посвети на родово одговорното буџетирање.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ