Ждрепката за ЕП 2020 со директен пренос на ТВ Телма

Македонската ракометна репрезентација во петок ќе ги дознае своите противници на Европското првенство што идниот јануари ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка. Директен пренос од ждпреката во Виена ќе можете ексклузивно да следите на Телевизија Телма со почеток во 18.45 часот.

Нашите ракометари со освојувањето на првото место во рамки на групата 3 во квалификациите ја продолжи низата настапи на Европските првенства. Ова за нас ќе биде петти континентален турнир по ред, а вкупно шести во историјата. Првото место во квалификациите значеше и место во вториот квалитативен барабан во ждрепката. Според тоа, нашата репрезентација нема да може да игра во група со еден од домаќините Норвешка, потоа Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија, кои исто така се во вториот барабан.

Со оглед на фактот дека Норвешка како домаќин ќе игра во Трондхајм во рамки на групата „Д“, а Германија во истиот град во рамки на групата „Ц“, Македонија може да игра само во преостанатите четири групи. Како на пример, групата „В“ во Грац, каде еден од противниците би била Хрватска, потоа групата „Б“ во Виена, каде од третиот шешир е сместен домаќинот Австрија  или шведските градови Малме и Гетерборг, кои се домаќини на групите „Е“ и „Ф“, а таму се сместени репрезентациите на Данска, односно Шведска.

Ова Европско првенство за прв пат ќе брои 24 репрезентации. Најдобрите две селекции од шесте групи ќе продолжат во главната фаза каде ќе бидат формирани две групи од по шест репрезентации. Првите две потоа ќе продолжат во полуфиналето. Турнирот ќе се одржи од 9 до 20 јануари идната година.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ