ЖДРЕПКАТА В СРЕДА,ВАРДАР ПРОТИВ ФРАНЦУСКОТО ТРИО ВО КЕЛН

Салата Јане Сандански  на ревашот донесе ново мега дерби,прв домашен пораз на Вардар после 15 месеци,27-28 но и севкупна победа над Кил  германскиот и европски гигант.Вардар е првиот  европски шампион во последните 4 сезони кој успеал да влезе на Ф4 со можност да ја брани титулата и тоа во година кога за прв пат во историјата на Лигата се најдоа три француски тима,ПСЖ,Монпеље и Нант.Перјаницата на француското првенство ,ПСЖ е најсилниот состав и најнепосакуван противник за полуфиналето.Тим кој лани во финалето беше поразен од Вардар со 24-23 ,трета сезона по ред е на Ф4 но се уште го  нема освоено најпосакуваниот  трофеј.Монпеље може да се пофали со титула од сезоната  2002/2003,а дебитант во елитата е Нант на Кире Лазаров.Македонскиот интернационалец по шести пат во кариерата  ќе заигра во Келн и тоа со четвртиот  клуб,после Веспрем,Атлетико и Барселона. Нант го елиминираше Скејрн во четвртфиналето,Монпење беше подобар од  Фленсбург а ПСЖ на  убедлив начин се справи  со Кјелце .Ждрепката за полуфиналените двојки ќе се одржи во среда .Ф4 во Келн ќе се игра на 26 и 27 мај.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ