Жбогар за Еурофокус: Одлуката за отварањето на преговорите треба да биде донесена пред самитот во Загреб

„Бидејќи во октомври бевме толку уверени во отворањето на преговорите, мислам дека сега сме поконзервативни во однос на подигнувањето на очекувањата“, вели во разговор за Еурофокус евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„Тоа зависи од земјите членки. Сигналите кои доаѓаат од нивна страна се позитивни, вклучувајќи го и Претседателот Макрон, минатата недела во Минхен. Сепак ќе мора да видиме што ќе одлучат земјите членки. Тие ќе го имаат нашиот извештај, од комисијата, кој ќе претстави што е добро во земјата, фокусиран на реформите кои беа спроведени, за владеењето на правото, за борбата против корупцијата и за безбедносните служби. Земјите членки ќе ја имаат предвид и новата методологија, новиот начин за спроведување на преговорите. Документот кој го побараа минатиот октомври. Врз основа на тие документи ќе ја донесат одлуката. Мислам дека има само уште еден месец и најдобро е да почекаме и да видиме и да се надеваме дека земјите членки ќе јапочитуваат препораката на Европската комисија, која гласи дека преговорите треба да бидат отворени“, истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Според него одлуката за отварањето на преговорите треба да биде донесена пред Самитот во Загреб.

„Самитот во Загреб ќе биде фокусиран на различни прашања, како што рековте на економијата. Самитот во Загреб следува само една година по самитот во Софија и сега гледата дека ЕУ обрнува многу поголемо внимание на Западнито Балкан. Лидерите на ЕУ неодамна се сретнаа со сите лидери на Западниот Балкан, ова беше првпат претседателот на Советот, претседатлот на Комисијата и Високиот претставник се среќаваат со сите лидери на самиот почеток на мандатот. Тоа е охрабрувачки затоа што гледате дека вниманието на Брисел е кон Западниот Балкан. Самитот во Загреб треба да се фокусира на економскиот и инвестициски план за регионот, затоа што тоа е важна состојка во обединувањето на луѓето да гледаат напред а не назад“, истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар за емисијата Еурофокус.

Целиот разговор на Самуел Жбораг со Снежана Лупевска Созен гледајте го во емисијата Еурофокус на ТВ Телма

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ