Жбогар: Губењето на статусот на Охрид на заштитено светско наследство од Унеско би било голем срам за државата и граѓаните

Извештајот на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој содржи сериозни забелешки за заштитата на  универзалните вредности на Охридскиот регион, поради што тој би можел да се најде на листата на загрозени подрачја, треба да биде најголем можен аларм кој треба да ги разбуди сите надлежни институции да преземат итни мерки со кои ќе запре деградацијата на културното и природно наследство на Охрид, смета евро-амбасадорот Самуел Жбогар.

“Сметам дека ќе биде голем срам за државата и граѓани доколку Охрид го загуби статусот на заштитено светско наследство од УНЕСКО. Затоа сите треба да се обединат и да се направи се што е потребно, односно се што бара УНЕСКО за Охрид да остане на глобалната листа на места со значајни природни и културни вредности” – вели Жбогар.

Евроамбасадорот Жбогар денеска во Охрид ја промовираше новата еколошка кампања  „За чисто како дома исто“, која има за цел преку поддршка на еко активизмот да ја подигне јавната свест кај граѓаните, но и кај локалните власти за заштита на животната средина и поголема  јавна чистота.

“Една кампања не може да апсолвира вака голем проблем и долгогодишното занемарување на прашањата кои се однесуваат на заштита на животната средина, но може да помогнеме да се чуе гласот на добрите луѓе кои водат грижа” – порача евроамбасадорот Жбогар.

Активностите од кампањата која ќе се реализира во 8 градови под брендот „ЕУ за тебе“, ќе траат до 19 јуни.

Горан Момироски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ