Земјоделците против урбанизација на земјиштето

Квалитетното земјоделско земјиште да не се урбанизира и продава за градежни парцели, порачуваат земјоделските здруженија. Индустријализацијата на најплодната земја може да се врати како бумеранг за неколку децении вели Ристо Велков. Според анализите на земјоделците од регионот досега се изградени стотици хектари квалитетна земја.

Во моментов земјиштето коешто се наоѓа покрај регионалните и магистрални патишта во целиот регион достигнува вртоглави цени и се продава како алва во оформените индустриски зони. Но, голем е и бројот на земјоделци што ги напуштаат нивите што за земјоделците е алармантно и треба да се направат сериозни чекори за спречување на тој тренд.

Во моментов во Југоистокот има дестина индустриски зони од кои најголемиот дел се изградени на плодно земјиште.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ