Зелените површини во Полог претворени во диви депонии

Некогаш чистите зелени површини низ полошките општини се претворени во диви депонии.

Почвите, водите, воздухот се енормно загадени. Ваквата еколошка катастрофа е присутна веќе една деценија, реагираат жителите на Општина Теарце.

Критична е состојбата во околината на село Непроштено.

Депонии има и на самите земјените патишта кои буквално се блокирани од смет, селаните не можат да пристигнат до нивните ниви

Мештаните велат дека неколку пати се обратиле до Општината Теарце да го расчистат сметот, но не наишле на позитивен одговор.

Вакви диви депонии има во секоја општина од полошкиот регион, но за властите оваа еколошка катастрофа е очигледно невидлива. Депонииите ниту се чистат, ниту пак се изрекуваат казни за тие кои ги создаваат. 

Зоран Димовски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ