„Зелена лупа“ со сомнеж дека Иванов подготвува нова аболиција

Претседателот на државата е повторно под лупа, но овојпат зелена. Активистите на граѓанската организација што го носи ова име, го истражувале неговото однесување и се сомневаат дека подготвува нова аболиција. Бараат помош од експерти и граѓани, да го спречат во намерата и да покренат кривична одговорност против него за аболицијата на политичарите.

Од Кабинетот нема одговор на јавно искажаните сомневања од „Зелена лупа„. Претседателот во 2016-та година потпиша аболиција за над 50 лица, политичари и нивни блиски соработници, против кои се водеше истрага или веќе беше покренато обвинение. Најголем дел од нив беа осомничени во постапките на Специјалното јавно обвинителство, а поврзани со прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.Тогаш тврдеше дека потегот го прави со цел да се надмине кризата. По месец и половина,  ги поништи одлуките за аболиција на 22 лица и побара, кој сака да поднесе лично барање за поништување на одлуките, изјавувајќи дека, ниту еден политичар не е над законот.

По ова следеа над десетина лични барања за повлекување на аболицијата. Но, обвинетите кои тогаш беа аболицирани, сега во судските постапки бараат да се примени аболицијата, а Врховсниот суд во Грција токму од таа причина, ја одби екстрадицијата на Горан Груевски и Никола Бошковски, од случајот „Тврдина“.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Македонија

Средба Заев – Пенс: Честитки за одговорната одлука за договор со Грција, догодина заедно ќе го прославиме членството во НАТО

Охрабрувачки пораки за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот со Грција упати Потпретседателот на...