Збунувачки знаци на автопатот Демир Капија – Смоквица

Возачите грешат, полицајците помагаат. Прикличувањето на новата автопатска делница кај Демир Капија ги збуни оние кои патуваат кон Гевгелија. Кога нема задолжена полициска патрола ангажирна од Неготино, повеќето возачи продолжуваат право на стариот и иззабен пат до Смоквица. Хаосот настанал откако новиот автопат е пуштен, а знаците се премали и затскриени, тврди градончалникот на општина Демир Капија.

Единствени кои точно го погодија новиот автопат минатата недела се „блех“ музикантите. Ним не им требаа патоказни знаци бидејќи ги следаа банктотите кои доаѓаа од градителите на последната автопатска делница на „Пријателство“. Таква среќа немаат странците кои минуваат низ Македонија. Но, тие и македонските возачи не знаат добро да читаат знаци, смета директорот на Ј.П. Државни патишта Зоран Китанов.

„За да не излезат од автопатот доволно е да ги следат зелените табли на кои пишува Скопје-Атина. Секој возач, кој има положено и има возачка, знае дека на автопат се следат знаците со зелена боја, а жолтите се за регионални патишта“, вели Китанов.

Китанов, прст впери и кон МВР. Бара од нив да се погрижат за надлежнсота и дополнително да постават соодвена сигнализација.

Локалната власт застана на средина и побара од градежната фирма „Гранит“ што поскоро да ја асфлатира и последната коловозна лента и де нема исклучување, па вклучување, туку по автопатот да се вози право. Најавуван три децении, изграден за 5 години, вплеткан во корупциски скандал и помпезно пуштен во употреба со „блех“ музика. Со делница Демир Капија- Смковица Македонија конечно го доби последнотто делче од 28 километри од автопатската линија од северната до јужната граница.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ