Завршена изградбата на капелата на православните гробишта во Тетово

Конечно по неколку годишна изградба капелата на градските православни гробишта е завршена, но објектот уште не е пуштен во употреба.

Со него се предвидува да стопанисува Јавното комунално претпријатие Тетово, откако ќе завршат одредени административни процедури

Проблемите со достоен погреб на православните верници не завршуваат тука. Веќе една деценија тетовци чекаат да се уреди новата локација на градските православните гробишта во атарот на тетовско Фалише, чија локација е како запуштена ливада.  

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи рече дека општината ќе помогне за уредување на местото, а за изградба на црква и црковна трпезарија Митрополитот Јосиф ги повика тетовци да покренат иницијата која тој лично ќе ја подржи

Инаку новата локација на градските гробишта кај тетовско Фалиште беше избрана уште во 2007 година, поради недостиг на слободни гробни места на старите градски гробишта во Тетово.

 Досега на оваа локација се погребани над 100 лица.

Според првичниот проект кој  е реализиран само на хартија, местото е предвидено за 2600 гробни места.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ