Затворени 48 угостителски објекти поради прекршување на мерките за ковид-19

За четири дена инспекторите ставиле клуч на  угостителски објекти, кои работеле и покрај владинита одлука сите ресторани и кафулиња да се затворат . 215 бензиските , киосците и  трафиките веќе нема да продаваат кафе од кафемат.  Направени се вкупно 3908 инспекциски надзори. Прекршување на мерките најмногу има во руралните средини, изјави претседателката на инспекцискиот совет , Грашкоска.

Направени се и 423 контроли за замрзнатите цени на одредени производи. Инспекторите кои биле во маркетите и по пазарите не забележале покачување на цените на овошјето, зеленчукот и др намирници. Цените се исти со оние од 11 март , кога беше прогласена пандемија на корона вирусот , велат од инспекцискиот совет.

Агенцијата за храна и ветеринарство напишало 2 казни, а направиле 208 надзори по маркети, месари, зелени пазари .

Едната казна е за продавање на производи без декларација, а другата глоба е дадена по наредба од инспектор.

Во 15 месари и маркети се опоменати работодавачите и вработените за непочитување за меките за одржување на хигена согласно пандемијата.

Во Инспекторатот за труд пристигнале неколку претставки од работници на кои работодавачите им давале да потпишуваат отказни решенија и да потпишуваат нови договори со скратено работно време,  кажа директорот на овој Инспекторат Аљадин Хавзиу.

Трудовиот инспекторат во овие неколку дена спровел 291 контрола.  Издадено е едно решение и 13 опомени на работодавачите кои главно не ги почитувале мерките кои се однесуваат на платено отсуство за дете до 10 години, за самохран родител, бремени ѓени и хронични болни.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во болниците , поликлиникте и амбулантите направил 66 вонредни инспекциски надзори во болниците , поликлиниките и амбулантите.  Инспекцискиот совет и денеска апелираше граѓаните  да пријавуваат непочитување на мерките за превенција на ширењето на КОВИД-19.

 

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ