Започна театарскиот фестивал Ристо Шишков но и овој пат нема доволно средства

И годинава Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков кубури со средства за организација на 27 издание.  Министерството за култура му одобрило само милион и двесте илјади денари, и затоа изборот на претставие главно од македонските театарски ансамбли. 

Девет претстави во официјална конкуренција и дваесетина актери ќе се борат за единствената награда за високи актерски достигнувања, Ристо Шишков. Претседател на меѓународното жири е минатогодишниот лауреат Благоја Чоревски. 

Фестивалот трае пет денови, до 12 септември, а освен претстави офф програмата предвидува и театарски разговори, а за првпат ќе се организира и семинар за театар. 

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ