Загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери

„Ова е последица на недостатокот на синдикат кој на некој начин се јавува како контролор на завршените работи од аспект на безбедност и здравје при работа, а исто така и нефункционирањето на одредени институции на системот, бидејќи до сега за ниедна несреќа со смртни последици немало одговорност прогласена на страна на работодавачот или сопственикот“, ова е ставот на Синдикатот за индустрија енергетика и рударство кој синоѓа го кажа  претседателот на овој синдикат Пеце Ристевски.

Во вестите на Телма гостуваше Маре Анчева, Генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството. Таа вели дека вработените во Тораница и Злетово не се членови на синдикатот од кога и двата рудника беа преземени од бугарската „Булмак 2016“.

„Ние имаме регистрирано синдикална организација меѓутоа немаме синдикални раководства во двата рудника, на суптилни начини компанијата тотално го обесхрабри понатамошното синдикално делување. Така што не сме директни учесници во организирањето на рударите од двата рудника. Многу ми е жал, најискрено сочуство до семејството. Моите информации велат дека починатиот веќе го искористил правото за пензионирање според измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за кои што синдикатот долго време се бореше и лобираше, што овозможува порано да се пензионриаат рударите од подземна експлоатација. Меѓутоа заради недостаток од квалификувани извршители од неговата област на работа тој бил повторно ангажиран во рудникот“, рече Анчева.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ