Загина работник откако паднал од зградата на ФФМ

Во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, попладнево околу 16 и 30 часот паднал кранот на кој бил работник задолжен за одржување на хигиената на прозорците од зградата на Куќата на фудбалот. Работникот починал на лице место.

Силен тресок ги вознемирил вработените во ФФМ кога кранот сопственост на надворешна фирма паднал на паркингот за вработените и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги миел прозорците. Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само констатирале смрт. Избегната е уште поголема трагедија зашто во моментот кога кранот паднал врз паркираните автомобили, немало никој во околината, а во зградата живеат и децата кои таму тренираат.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ