Загадувањето во градинките и училиштата е поголемо отколку надвор

Воздухот во  градинките, училниците и спортските сали во Штип и Скопје е позагаден, отколку надвор од нив. Сообраќајот значително влијае на изложеноста на луѓето на загадувачките материи, а фекалиите од канализационите мрежи се најголеми загадувачи на реките Брегалница и Вардар. Почвите не се загадени со тешки метали. Овие мерења  се добиени по истражувањата на Штипскиот Факултет за Природно-Технички науки, во рамките на кампњата „Не игнорирај! Реагирај!“.

Еве децата претстојуват во затворените простории, они се доста активни во училниците и салите, така што постојано ја ресуспендираат прашината, којашто паѓа, за ситните фракции кои се поопасни за здравјето, не се толку високи. Меѓутоа се повисоки од тие што ги има во амбиентот, вели универзитетскиот професор Дејан Мираковски.

Лошиот квалитет на водите во реките е поради немање на мрежа на пречистителни станици. Поразително е тоа што само седум отсто од отпадните води се третираат. Додека за  почвата добиените резултати се информативни, бидејќи  научниците морале да ги споредуваат со холанските стандарди.

Во Македонија за жал нема регулатива за мерењето на квалитетот на почвата, односно нема прецизирано индикатори, критериуми според кои ќе се мераат концентрациите на загадувачки материи и доколку се надмине нивото, какви мерки треба да се преземат за санација на почвите, вели Дејан Андоновски од Институтот за комуникациски студии.

Мерењата на загаденост на водата, воздухот и почвата во Штип и Скопје се направени во периодот од 15мај до 20јуни. Кампањата Не Игнорирај Реагирај ја реализира Институтот за комуникациски студии, со средства од Британската амбасада.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ