Загадувањето го создаде претходната власта, оваа не го решава

Ниската концентрација на ПМ честички во воздухот не ги извади граѓаните на протест .Ако се суди според бројот на оние кои денеска дојдоа пред владата, малкумина се загрижени што дишиме.

Адхок мерките на владата против аерозагадувањето особено бесплатниот автобуски превоз, ги оценија како препорака и декоративен елемент а не мерка што ќе донесе некаков бенефит. Загадениот воздух сите не засега рекоа тие, но досега не видовме ефект од заложбите на власта проблемот да се реши.

„Додека немаме воздух, нема да имаме мир. Тоа треба да ја засега и оваа и бившата власт. Додека партиите се препукуваат , не го решаваат проблемот“изјави еден од учесниците на протестот.

„Оваа влада дојде затоа што бившата го создаде овој проблем. Не сме задоволни од тоа што досега е преземено.Јасно е дека ова долго ќе трае. Мерките покажуваат недостиг на чуство за големината на проблемот и неорганизација“, изјави учесникот на протестот Рашко Радулов.

„Вака не се живее. Не можам прозор да отворам, дете да прошетам. Тоа е живот со секојдневни фрустрации. Тоа не е лесно. Ако денес е чист воздухот не значи и утре“, изјави друга учесничка на протстот.

Граѓаните препорачуваат стопирање на сите градежни работи, контроли на оџаците, воведување на автобуси за вработените на сите институции.

„25 год немаме инспектори за екологија. Го маргинализираме Министерството за екологија како 13-то прасе. Министерството го водат неписмени луѓе“, изјави друг демонстрант.

Скопје зимава неколку пати се најде на листата на најзагадени градови во Европа и светот. Додека се чекаше да дувне ветер и да го исчисти смогот двапати беа активирани итните мерки за ублажување на последиците.

Пред неколку денови граѓаните ги шокираше написот на Гардијан од 2001 година, дека донираниот согорувач за медицински отпад на депонијата Дрисла нема филтер за гасовите и токсините кои предизвикуваат смртоносни заболувања. Додека се чека Министерството за екологија да го постави филтерот како што вети,ОЈО отвори предмет за Дрисла, за кривично дело Загадување на животната средина.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ